Радио МОФ

 

Радио МОФ претставува независен онлајн медиум кој споделува музички и информативни содржини, достапни на www.radiomof.mk. Програмата се состои од вести, покривање на актуелни настани и теми како образование и култура продуцирани од страна на млади луѓе.

Инспирирано од фактот што местата каде младите во Македонија можат да се изразат се ограничени, создавањето на Радио МОФ може да се доживее како виртуелен простор каде младите имаат целосна слобода на изразување. Една од главните цели на Радио МОФ е да ја промовира младата, културна и креативна заедница. Како онлајн медиум, се стреми да понуди квалитетни и разновидни содржини во младинското информирање преку продукција на независни и објективни програми водени од млади автори со цел да се развие јавниот дискурс за новите генерации.

Радио МОФ е медиум за сите млади луѓе кои сакаат да се информираат за нивниот статус како млади во општеството и оние кои сакаат подобрување на социјалната средина.

Соработници: National Endowment for Democracy (NED), Проект на УСАИД за граѓанско општество, Open Society Foundation, Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ), Password Production, Младински културен центар, Center for International Private Enterprise, Croatian Journalist Association, Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ).

Сподели