Студенти, програмирајте за подобро високо образование во Македонија!

Студенти, Младинскиот образовен форум и Хаклаб КИКА ве повикуваат да учествувате на студентски хакатон на кој ќе се изработуваат апликации кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на високото образование.

На студентскиот хакатон ќе се изработуваат апликации кои ќе им помогнат на студентите да ја подобрат работата на факултетот каде студираат, да ја унапредат состојбата со студентското организирање или ќе им овозможат полесно справување со административните процедури на универзитетите. Апликациите треба да им помогнат на студентите да влијаат на одреден проблем од високото образование.

Хакатонот ќе се одржи на 7 и 8 март 2015, и ќе трае 48 часа.

Пријавувањето е во тимови, во кои треба да учествуваат најмалку двајца студенти кои имаат вештини за програмирање. Заинтересираните студенти треба да пополнат формулар во кој ќе ја објаснат идејата за апликацијата, и вештините кои ги поседуваат. Учеството на дипломирани студенти и магистри по информатички науки е дозволено.

Тимовите ќе имаат можност да работат под менторство на членовите на ХакЛаб КИКА и да се здобијат со знаења во областа на програмирањето.

Студентите кои ќе ја изработат најдобрата апликација ќе добијат награда и ќе имаат можност да ја презентираат на настанот „Енгејџ“, конференција за социјален активизам која ќе се одржи оваа година.

Пријавувањето трае до 1 март 2015.
Апликациите треба да се испратат на маил адресата: policy@mof.org.mk (Формулар за пополнување)

Корисни линкови:

1. http://educationhackday.org/
2. http://www.edtechmagazine.com/higher/article/2012/08/10-colleges-awesome-android-apps
3. http://bribespot.com/en/
5. http://www.uav.ro/jour/index.php/app/article/view/415
6. http://www.joachim-scholz.com/academipad/2012/09/20/best-ipad-apps-university-students/
Настанот е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Сподели