Тренинг за дебатни тренери 2017

Младински образовен форум во пресрет на новата дебатна година, од 16-17.09.2017 одржа тренинг за нови дебатни тренери наменет за средношколците кои активно учествувале во дебатни актиности во претходните 2 години. Главниот фокус на тренингот е обновување на телото на дебатни тренери со што се зајакнуваат капацитетите на дебатната програма.Во Тренингот за тренери учествуваат идни дебатни тренери од Скопје. Велес, Тетово, Прилеп и Куманово каде што МОФ има дебатни клубови. Целта е да се обучат дебатните тренери за менаџирање на сопствениот дебатен клуб, организирање редовни неделни предавања врз основа на програмскиот курикулум и изучување на соодветната методологија за трансфер на знаења. По завршување на дводневната обука, новите дебатни тренери беа сертифицирани од страна на Комисијата за сертифицирање. Дебатните клубови на Младински образовен форум започнуваат со функционирање од октомври 2017 година.

Сподели