Турнир на измешани тимови

На 2ри јули, во просториите на МОФ се одржа Турнирот на измешани тимови чија цел е дебатните тренери, судии и дебатерите од почетните и напредниот клуб на програмата преку дебата во измешани тимови да споделат дебатни вештини и знења.Низ 4 дебатни рунди, секој од учесниците на турнирот имаше прилика да дебатира во форматот Британска Парламентарна дебата и да се запознае со начинот на определување победник во овој формат. Учествуваа вкупно 8 тима и 4 дебатни судии, а финалето беше проследено од 30тина дебатери дел од почетните и напредниот дебатен клуб. Тимот кој освои најмногу поени беше составен од Мартин Божиноски и Јована Маројевиќ. По завршувањето на Турнрот дебатерите кои оваа година посетувале дебатни предавања ги добија сертификатите за успешно помината дебатна обука. Оваа активност беше поддржана од Civica Mobilitas.

Сподели