Во гостивар отворена Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“

Вчера вечер во Центарот за култура во Гостивар, беше патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес” во организација на Младинскиот образовен форум. На свеченото отворање на изложбата присуствуваа средношколци од Гостивар, кои се информираа за пораките на новинарката и писателката Ана Франк како симбол за отпорот и мирот.

Присутните, во име на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, ги поздрави г-ѓа Афрдита Хамза од кабинетот на градоначланикот.

„Им честитам на организаторите за оваа активност, воедно им се заблагодарувам што го одбраа нашиот град за одржување на оваа изложба. Општина Гостивар, е отворена за соработка со невладиниот сектор и ќе поддржува вакви организирања кои испраќаат пораки за мир и толеранција”, истакна г-ѓа. Хамза.

Изложбата „Ана Франк – Историја за денес” е колекција од триесет и девет изложбени панели, преведени на македонски и албански јазик, кои содржат многубројни детали за животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 30 декември 2017 година, а влезот е бесплатен.

Сподели