Мисија и цели

МОФ е младинска заедница која создава простор за дебата, слободно изразување и  младинско организирање, охрабрува активизам, ги штити и унапредува младинските права и политики. МОФ ги остварува своите цели преку информирање, едукација, дискусија, соработка и  преку мотивирање и поддршка на младите.

Активностите на организацијата се спроведуваат преку четири програми:
1. Дебатна програма
2. Учиме право програма
3. Програма за истражување, анализа и креирање младински и образовни политики
4. Програма за младински активизам

МОФ е основан во 1999 година. Организацијата е активна на национално ниво, спроведувајќи ги своите програмски активности во повеќе градови во Македонија преку МОФ центрите во: Скопје, Тетово, Битола, Велес, Куманово и Прилеп.
Во младинските клубови на МОФ на годишно ниво членуваат повеќе од 1000 млади луѓе, активни во програмските области Дебата, Учиме право и Медиа/Арт.

Во рамките на организацијата функционира и првото младинско интернет радио во Македонија, Радио МОФ (www.radiomof.mk).

 

Визијата на МОФ гласи:

Македонија е интегрирано општество во кое постои развиена критичка мисла, слобода на изразување и квалитетно образование кое гради активни граѓани.

Младите во Македонија се суштински вклучени во одлучување и спроведување политики  и се лидери во промоција на аргументирана дискусија и во почитување на човековите права и слободи.

Сподели