Затворен фестивалот Movies that Matter

Со проекции во 5 градови, заврши филмскиот фестивал Movies That Matter

Младински образовен форум заедно со Амбасадата на Кралството Холандија од 4-ти до 16-ти декември 2018 го организираше филмскиот фестивал Movies that matter (Филмови што вредат), посветен на човековите права. Во рамки на филмскиот фестивал беа организирани 5 филмски проекции на документарни филмови со фокус на човековите  права во: Велес, Тетово, Скопје, Куманово и Битола. На фестивалот беа прикажани филмовите: Truth Detectives (Германија); Joshua: Teenager vs. Superpower, (САД) и Algo Mio, Argentina’s Stolen Children (Германија).

На настанот во Скопје, кој се одржа на 10-ти декември во Кафе и филм Котур се одржа дискусија на тема: „Новите генерации за човековите права“, на која говорници беа: Стефан Дојчиноски, активист за човекови права; Јована Јовановска од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Даниел Евросимоски, новинар во Радио МОФ.

Јована Јовановска од Хелсиншкиот комитет за Човекови права изјави: „Промоцијата на човековите права е првиот чекор кон градење на свесни и активни граѓани во едно општество, а младите се оние на кои треба да се стави фокусот. Најважно е да веруваме дека можеме да промениме нешто, дека секоја неправда и прекршување на туѓо право не засега сите нас и дека не смееме да правиме ниту најмал компромис кога се во прашање човековите права.“

Даниел Евросимоски, новинар во Радио МОФ, вели: „Сведочиме и пишуваме како правото на живот, достоинство, приватност или еднаквоста пред законот се под постојана закана од загадувањето, сиромаштијата, нелегалните прислушувања и амнестиите. Проблемите најчесто не се во правните акти, туку во политичката култура и ниската јавна свест. Работите можат да се менуваат само преку малку повеќе храброст, смелост и активност на граѓаните во нивната реакција на кршењето на човековите права и неправдите кои ги окружуваат.“

На дискусијата Стефан Дојчиноски, активист за човековите права изјави: „Денес повеќе од било кога мораме да инсистираме на човековите права бидејќи тие преку нивната универзалност ја создаваат можноста за граѓанинот да се постави во својата радикална некоинциденција со сопствена позиција во даденоста и со тоа да го истакне прашањето за она што е погрешно во општеството“.

Говорници на проекциите беа и: Санела Шкријељ од Министерството за труд и социјална политика,  Исмет Шабановиќ активист за човекови права, Сибел Амет и Вилдан Дрпљанин, активисти и вработени Хелсиншкиот комитет за човекови права,  кои говореа за младите како борци за човекови права и поддршката која жртвите треба да ја добијат од институциите. Проекциите беа организирани во Кафе и филм Котур во Скопје, Градска библиотека „Гоце Делчев“, Центар за Балканска соработка Лоја Тетово, Младински центар MultiКулти Куманово, НУ Центар за култура Битола.

Movies that matter ја користи моќта на филмот за поддршка на човековите права и социјалната правда, а филмскиот фестивал служи како уникатна платформа за дијалог за јавноста, експерти, уметници, креатори на политики, новинари и граѓанско општество. Филмовите ставија фокус на заштита на човековите права од неколку аспекти: злосторства против човештвото, воени злосторства, транзиционална правда, социјални здружувања, слобода на говор, новинарство, медиуми и пропаганда.

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.