Завршен настан на БДА во Прилеп

На 30ти ноември се одржа тренинг за дебата и јавно говорење во Средното училиште „Орде Чопела“ во Прилеп. Обуката беше спроведена во склоп на проектот Балканска Дебатна Академија подржана од Регионалната канцеларија за младинска соработка – RYCO.
За време на Балканската дебатна академија ученици од Македонија имаа можност да се стекнат со вештини за дебата, аргументација и јавно говорење. Целејќи да го споделат знаењето кое го стекнале на академијата, со подршка од Младински образовен форум учесниците организираа и спроведоа еднодневна обука за дебата и јавно говорење.
Учесниците, Емилија Темелковска од Битола, Дејана Маркова од Штип и Ана Маркоска од Скопје кои воедно беа дел од стипендираните учесници на Балканската Дебатна Академија, успешно го пренесоа знаењето кое го стекнале на своите врсници од Прилеп.
Средношколците од Прилеп имаа можност да научат нешто повеќе за основите на дебата, начините како да се изгради аргументација и истата да се побива, и се стекнаа со знаења и за јавно говорење и стил на говорење. На обуката учествуваа повеќе 30 средношколци од различни средни училишта во Прилеп и истите се стекнаа со знаења кои ќе можат да ги искористат во текот на своите формално образование.
Вакви завршни настани организираа и партнерите Дебатен центар, Отворена комуникација и Центар за култура на дијалог во своите градови: Приштина, Сараево и Белград.

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.