130 средношколци во посета на Основен суд

Во рамки на програмата Учиме право членовите на Учиме право клубовите од Скопје, Тетово, Струга, Кичево, Битола, Велес, Радовиш и Делчево имаа можност да отидат во посета на Основен суд . Посетата беше дел од активностите во рамки на Учиме право клубот со цел средношколците да се запознаат поблиску со улогата на судот во општеството и да бидат информирани за постапките пред судовите како правен механизам за остварување на правата на граѓаните кога тие им се повредени, загрозени или оспорени, како и да ја согледаат важноста на судската власт како независна власт во системот на поделба на власта.

Покрај тематската целина Казнено право која ја изучуваат, во рамки на која имаа прилика да проследат и предавања од јавни обвинители, како и големиот број на реализирани симулации на судења од областа на кривичната материја, членовите на Учиме право клубовите во месец април и мај имаа можност да се запознаат поблиску и со граѓанското право. Во рамки на предавањата по Учиме право средношколците се запознаа повеќе со тоа што уредува граѓанското право кое претставува наше секојдневие, научија повеќе за тоа што претставуваат договорите, кој може да биде договорна страна, видови на договори, што значи неисполнување на договорот, потоа што значи причинување на штета, видови штета и надомест на штета. Покрај основите на договорното право, се запознаа и со семејното право, правата и обврските од работните односи, а имаа можност преку работилници и практично да ги применат своите знаења. Покрај предавањата посветени на граѓанската материја, во рамки на програмата Учиме право средношколците отидоа во посета на Основен Суд и поблиску се запознаа со работата на судот. Членовите на Учиме право клубовите од Скопје имаа прилика да го посетат Основниот Суд Скопје II Скопје кој ги отвори своите врати за младите кои сакаа да се запознаат поблиску со работата на судот, а полнолетните членови присуствуваа и на главна расправа како јавност. Средношколците членови на Учиме право клубовите во Тетово, Струга, Кичево, Битола, Велес, Радовиш и Делчево во сите Основни судови беа пречекани од страна на претставници во судот кои со задоволство ги запознаа младите со работата на судот, постапките за кои се одлучува во судот и одговорија на големиот број прашања поставени од страна на средношколците со желба да научат повеќе за граѓанското право во праксата.

Оснoвен Суд Скопје 2 Скопје – 15.05.2013 Основен Суд Радовиш – 15.05.2013
Основен Суд Тетово – 02.04.2013 Основен Суд Делчево – 24.04.2013
Основен Суд Битола – 10.05.2013 Основен Суд Велес – 17.05.2013
Основен Суд Струга – 13.05.2013 Основен Суд Кичево – 12.06.2013
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: