Барај
Close this search box.

Конкурс за стипендии за студенти

GD&PPCOфицијално Ви најавуваме дека започна натпреварот за јавна политика “2012 Global Debate and Public Policy Challenge” отворен за сите студенти на додипломски студии. Преку регистрирање во системот и испраќање на авторски есеј ќе се одберат најдобрите студенти кои ќе бидат стипендирани за судирање и пракса во странство во вредност од 10 000 USD.

За влез во првата рунда од натпреварувањето потребно е учесниците да се регистрираат на [ http://www.gdppc.org/ ] и испратат есеј од 750-1000 зборови на англиски јазик, на темата “Securing Liberty: Balancing Security and Freedom”, најдоцна до 18-ти ноември. Дополнителни информации и ресурси за првата рунда може да се најдат на горенаведениот линк.

Натпреварот е во организација на International Debate EducationAssociation (IDEA) во партнерство со Central European University – Будимпешта, School of Public Policy аnd International Affairs и Европскиот совет за односи со странство, а МОФ е дисеминатор на овој натпревар во Македонија.

Натпреварот се состои од четири елиминациони задачи, секоја објавена по завршувањето рокот за поднесување на претходната. Од сите поднесени есеи во првиот круг, најуспешните 200 учесници ќе бидат избрани да продолжат во вториот круг и од овие 100 учесници ќе бидат поканети да се продолжат во третиот круг. Од учесниците во третиот, претпоследен круг, најдобрите 50 финалисти ќе учествуваат на глобалниот форум кој ќе се одржи во Будимепешта, каде и ќе се одвива финалниот круг од натпреварувањето.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: