Барај
Close this search box.

21 година од основањето на Младински образовен форум

Драги членови, волонтери, пријатели и поддржувачи на МОФ,

Денес одбележуваме 21 година од основањето на Младински образовен форум!

Во изминатите 21 година, организацијата посветено и неуморно работи на подобрување на животниот стандард и вештините кај младите од нашата земја, зголемување на квалитетот на образованието и образовните политики и мерки, се залага за почитување и заштита на демократијата и човековите права и слободи, го промовира и унапредува младинскиот активизам во локалните заедници, гради општествено одговорни млади кои на аргументиран и конструктивен начин учествуваат во јавниот дискурс и известува и покрива теми и области од интерес за младите преку своето младинско онлајн радио, Радио МОФ.

Оваа година роденденот го дочекавме во несекојдневна состојба која го промени нашето функционирање, но и начинот на кој МОФ комуницира и работи со своите членови и корисници.

Сепак, благодарение на брзото приспособување и креативноста на тимот и членовите на МОФ, успеавме да организираме онлајн средби на младинските клубови, отворени предавања на повеќе од 20 теми и области, работилници, филмски проекции и разговори кои младите можеа да ги проследат од своите домови за време на карантинот, да научат нешто ново и да учествуваат со свои ставови и мислења во дискусиите. МОФ и оваа година ќе пронаоѓа интересни и инспиративни начини за преку своите процеси и активности  да продолжи да ги поддржува младите и да инспирира критичко размислување и активно граѓанство.

Тимот на МОФ им благодари на сите кои изминатите години несебично одвојуваа дел од своето време и енергија за да придонесат кон она што е МОФ денес, а особено на младинските тренери и членовите на програмите кои се дел од приказната на МОФ во овие исклучително предизвикувачки времиња.

Нека ни е честит и среќен 21-виот роденден, со искрени желби за среќни и успешни години пред нас, исполнети со активни и успешни млади кои работат на подобрување на својот статус и општата состојба во нашето општество.

Тимот на МОФ

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: