🎉 25 години #МОФ! Изминатите две децении, МОФ стана дом на дебати, идеи и активизам, заедница која инспирираше и креираше личен и колективен младински развој. 🙌
🎊 Денес, Mладинскиот образовен форум слави 🎈25 години од своето основање, ги слави достигнувањата и ги слави младите – цела армија која растеше и се оформуваше заедно со организацијата!
🧑🏫️ Како и зошто настана #МОФ? Прочитајте ја зашата кратка лекција за МОФ низ годините. 👇
🗣 Пред 25 години, група млади луѓе ja препознале потребата од дебата и аргументирано изразување и креирале заедница на дебатери. 25 години подоцна, МОФ сѐ уште е единствената организација во нашата земја која негува компетитивната дебата и нуди неформално образование за критичко размислување. 💬 Зошто дебата? Бидејќи креира непроценливи вештини за критичко размислување за младите кои се од значење особено денес, во општество кое е поларизирано и преплавено со социјални мрежи. МОФ непрестајно ја негуваше културата на дебатата и организираше 153 средношколски и студентски дебатни турнири! Дополнително, овозможи учество на млади дебатери на безброј меѓународни турнири. Се гордееме што и оваа година група наши дебатери ќе нѐ претставуваат на Европското дебатно првенство. Покрај компетитивната дебата, МОФ организираше 259 јавни дебати и една дебатна емисија – „Отворено“.
⚖️ Секоја нова генерација млади ја растеше организацијата и така креираше програми кои се неопходни за развојот на младите. Препознавајќи jа потребата младите да ги знаат своите права, во 2000 година се креираше програмата Учиме право. 24 години подоцна, програмата Учиме право сѐ уште едуцира млади за правниот систем во државата, за своите младински права и најважно ги охрабрува и поддржува во борбата за заштита на истите. Преку програмата, остварени се вкупно 206 посети на иституции, а преку советодавниот сервис – servismladi.mk нудиме параправни совети на младите.
🔎 МОФ е првата организација која во 2004 година, јавно го покрева прашањето за присутноста на корупцијата во високото образование, преку јавната кампања РЕЗИЛ. МОФ беше првата организациjа која спроведе проект за промоција на институцијата „Студентски правобранител“ и реализираше кампања со која ги информираше студентите за постоеьето на оваа институција. Дополнително, спроведе обука за замениците на студентскиот правобранител за сите факултети на УКИМ. Денес, МОФ сѐ уште ги поддржува студентските тела. Оттука се роди и идеата за програмата Истражување анализа и креираье на младински и образовни политики. Преку оваа програма беа креирани 68 истражувања за млади на теми меѓу кои: квалитет на образование, корупција во образование, социјален капитал на млади, вработување итн. Овие истражувања беа направени бидејќи веруваме дека политиките треба да бидат засновани на податоци. Благодарение на овие податоци и желбата за креирање на подобри услови за младите, МОФ учествуваше во креирање на закони, стратегии и работни планови за младински прашања во државата. 📃 Законот за Високо образование, Законот за студентски стандард, Законот за средно образование и Законот за млади се само дел од придонесот на организацијата. Преку оваа програма, МОФ помогна во развојот и основањето на други младински и чадор организации во земјата. Денес, сѐ уште креираме истражувања, но и поддржуваме и менторираме млади луѓе да креираат свои истражувања. МОФ ја пополнува дуплата која ја остава формалното образование и им нуди прилика на млади студенти да научат како да креираат анализи, истражувања и јавни политики.
✊ Некогаш, борбата за младински права не се води по институционален пат, се води на улиците, преку протести, акции, петиции.. токму и затоа во 2011 година се креираше програмата Младински Активизам. Низ годините, преку медиа арт клубвите, програмата креираше и поддржуваше активисти, организираше и поддржа млади во организација на над 207 младински акции. Од собирање потписи за екстерното тестираье да биде прогласено за пилот, до Операција „Студентски дом“, до обезбедување формално образование за децата од поправните домови и обезбедување толкувачи за глуви и наглуви млади во здравствениот систем и безбројни акции за заштита на животната средина, МОФ влијаеше во менување и подобрување на нашето општество. Дополнително, програмата го поддржува и промовира активизмот преку единственaта конференција за социјален активизам – ЕGANGE преку која МОФ секоја година овозможува платформа за промоција на локалниот и меѓународниот активизам.
🎙 А како настана нашиот медиум – Радио МОФ? Потребата од Радио МОФ потекна во 2011 година кога за време на тогашните протести ниту една телевизија не ги покриваше случувањата на улиците каде млади активисти се бореа за правда. Оттогаш, Радио МОФ прерасна во младинско гласило кое известува за сите теми поврзани со младински прашања, креира анализи, подкасти, емисии и ja едуцира идната генерациза на млади новинари. Од 2011 година, Радио МОФ има над 11 659 250 посети како и над 46 561 обавени содржини. 👏
👉 Низ годините, #MOФ креираше правни клиники, организираше секакви тренинзи и обуки, спроведуваше кампањи за анти-корупција, помагаш со стипендии за млади студинти, организираше големи настани како Аргумент, Станица Студентска, МОФ Академии… сѐ ова и повеќе има оставено навистина длабок траг на многу млади луѓе од државата.
🟠 Изминативе 25 години #MOФ:
🔸Отвори 830 младински клубови
🔸59 926 млади (процикулирале на настани/клубови на МОФ)
🔸Организираше 153 дебатни турнири
🔸Организираше 259 јавни дебати
🔸Организираше 532 предавања и тренинзи
🔸Организираше 23 МОФ академии
🔸Издаде 83 публикации
🔸Организираше 25 акадамии
🔸206 посети на институции
🔸207 ликални и национални акции
🔸Креираше 68 истражувања
🔸Учество во 13 јавни политики и процеси на национално ниво
🔸11 659 250 посети на Радио МОФ
🔸46 561 обавени содржини на Радио МОФ
🥰 Младите не се хомогена група и дека секој млад човек има различни потреби. Токму затоа, денес МОФ работи со сите групи за млади, со млади од урбани и рурални средини, од различни етнички позадини, млади членови на политички подладоци, млади кои се во контакт со законот и млади со попречености.
🤩 МОФ не е само младинска организација, туку е цела заедница! Заедница која едуцира, мотивира и поддржува млади. Оваа заедница ќе продолжи да се развива и да ги да стои и унапредува младите и општеството и да помага во нивниот професионален и општествен развој.
🥳 СРЕЌЕН 25ти роденден, #MOФ! 🥳