Младински образовен форум (МОФ) и Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје потпишаа меморандум за 3-годишна соработка за заедничко спроведување “Дебатен клуб” за сите заинтересирани студенти.
Оваа долгорочна соработка доаѓа после позитивните искуства од водењето на Дебатниот клуб во учебните 2011/2012 и 2012/2013 година.
Соработката вклучува спроведување дебатни предавања и вежби обезбедени од МОФ за дебатери – студенти на Правен факултет, учество на дебатерите од Правниот факултет на домашни и меѓународни студентски дебатни првенства, како и организација на јавни дебатни настани.
Ова е прва ваква долгорочна соработка меѓу МОФ и било која образовна институција во државата.
Посакуваме успех на сегашните и идните студенти-дебатери и изразуваме благодарност до Правниот факултет за поддршката на дебатните активности на МОФ.