Барај
Close this search box.

50 млади вклучени во јавни дебати за слобода на изразување

Во август 2020 година, Младински образовен форум организираше циклус јавни дебати насловени „Слобода на изразување во три чина“. За време на виртуелните дебати кои беа организирани на Zoom младите имаа прилика да се вклучат во дебатата со своите прашања и мислења.

Циклусот опфати 3 јавни дебати на теми за слобода на изразување на кои присуствуваа повеќе од 50 гледачи, а дебатираа 6 члена на дебатниот клуб на Младински образовен форум.

Првата јавна дебата беше организирана на 4 август со почеток во 19 часот. Истата беше на тезата „Не треба да се одржи пријателство со некој кој шири говор на омраза“. На оваа дебата, нашите говорници ги изразија гледиштата на позицијата која ја претставуваа и дискутираа за одговорноста која постои во поглед на едуцирање и поправање на блиските пријатели. Од друга страна, тие исто така дискутираа за дали одржувањето на пријателство со некој којшто шири говор на омраза води кон ништо друго освен додатно нормализирање на таквото однесување. Прашањата кои беа истакнати од публиката на оваа теза беа осврнати кон генерациското пренесување на тенденцијата за ширење на говор на омраза, како и за севкупното влијание кое може да го има еден пријател врз друг.

Десет дена подоцна, на 14 август, беше одржана втората јавна дебата. Овој пат нашите говорници се впуштија во дискусија за одговорност на социјалните мрежи. Всушност, тезата гласеше „Cancel culture има направено поголема штета отколку корист“. Со постоењето на оваа „култура на откажување“ генерално во контекст на социјалните мрежи и влијателни личности, оваа дебата се осврна кон разгледување на импликациите коишто ги има една влијателна личност во ерата на социјалните мрежи, како и моралната одговорност на истата кон своите следбеници. Беше дискутирана и оправданоста на оваа култура како и алтернативни начини за критикување и отповикување на влијателни лица.

Овој пат, дискусијата која беше поттикната од публиката се осврна кон разгледување на влијанието коешто оваа култура ја има врз секојдневниот живот на луѓето.

За крај, третата јавна дебата се одржа на 27 август на темата „Виртуелните платформи (медиуми) треба да реагираат против секакви екстремистички изразувања“. Говорниците ги дискутираа импликациите на регулирање на екстремистичкиот говор на вирутелните платформи, како и на телевизиските и пишаните медиуми. Се дискутираше дали зголеменото регулирање на изразувања ќе инхибира прогрес или пак ќе го предизвика.  Кога станува збор за прашањата поставени од публиката тие беа осврнати кон хипотетички механизми за регулација на екстремистичките изразувања, како и за што опфаќа целокупната дефинија на екстремистички изразувања.

 

Овој проект е финансиран од Европската Унија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: