65% од младите во Дебар сакаат да се дел од донесувањето одлуки

На 16 јули 2014 година (среда),  во просториите на ЦСЦД Дебар со почеток во часот,  се одржа  јавен настан Презентација на резултатите од истражувањето на проблемите и препораките на младите во Дебар  организиран од страна на  иницијативата за формирање на локален младински совет во Општина Дебар. Овој настан е дел од проектот “Развој на локално младинско учество и локални младински политики ”, финансиран од страна на Европска Унија (Регионална ИПА програма), а е воден од Младински образовен форум (МОФ) и Центар за меѓукултурен дијалог (ЦИД).

На настанот учество покрај млади од општина Дебар зедоа и советници од советот на општината,претставници од кабинетот на градоначалникот и медиумите кои заедно ги дискутираа проблемите и приоритетите на младите од Дебар до кои дојде иницијативата, спороведувајќи истражување на 200тина млади од општината.  Третина од младите кои беа дел од истражувањето ја посочија невработеноста како најголем проблем на младите, додека 28% емиграцијата. Помеѓу проблемите се вбројуваат и   недостатокот на културни активности (18%) и  недостаток на спортски активности (12).

Особено интересен податок е што 65% од испитаните млади сметаат дека е многу важно младите да бидат дел од заедницата и дел од процесите на донесување одлуки.

На трибината учество земаа и претставници од општината кои изразија поддршка за оваа иницијатива и надеж дека со помош на Локалниот младински совет заедно во иднина ке успеат да донесат и стратегија за млади на Општина Дебар која како таква никогаш досега не е донесена.

Идејата за формирање  на младински совет во Општина Дебар беше одлично поздравена од присутните на трибината кои се заложија во наредниот период  лично да помогнат во реализацијата на оваа идеја.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (Регионална ИПА програма).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: