Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) продолжува со имплементација на петтиот циклус проектот „Локален Волонтерски Сервис“ во соработка со 6 невладини организации односно Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) и тоа Младински образовен форум – Скопје, СППМД – Кавадарци, Младински совет – Охрид, Агтис – Прилеп, Институт за развој на заедницата – Тетово и Организација на жени на општина Свети Николе.
Објавуваме повик за пријавување на волонтери за пополнување на 80 волонтерски позиции. Корисници на волонтерските услуги ќе бидат: локалните самоуправи (општинските администрации) правосудните органи (Основни и Апелациони судови, јавни обвинителства), државни агенции на локално ниво и подрачни министерства. Една шестина од волонтерите ќе бидат сместени во граѓански организации кои работат на локално ниво. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица и студенти.
За сите волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана за период од 3 месеци во износ од 3.100 денари месечно. Волонтирањето бара секојдневен ангажман во работни денови по 4 часа. Очекуван почеток на волонтирањето е во текот на месец јануари 2014 година.
Побарајте пријава на следните е-маил адреси:
За Битола – Младински културен центар – Битола: mkcbt@t-home.mk
За Скопје – Младински образовен форум: policy@mof.org.mk
За Прилеп – АГТИС: agtis@t-home.mk
За Тетово – Институт за развој на заедницата: info@irz.org.mk
За Охрид – Младински совет Охрид: mladinskisovet_oh@yahoo.com
За Кавадарци – СППМД: contact@sppmd.org.mk
За Свети Николе – Организација на жени: womsvetinikole@yahoo.com
Рокот за пријавување е до 5 декември 2013 година.
Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy (www.ned.org)