На 7-ми април (недела) во просториите на Канцеларија за млади при општина Центар, членовите на напредниот Учиме право клуб реализираа Симулација на постапка пред Европскиот суд за човекови права.
Симулацијата опфати апликација против Република Северна Македонија за наводна повреда на членот 6 од Европската конвенција за заштита на човековите права, а во текот на постапката жалителката со нејзиниот полномошник и владините агенти ги образложија своите наводи. Од изнесените наводи, судот утврди дека жалителката ги исцрпила сите правни средства кои и биле на располагање, заклучно со ревизијата поднесена пред Врховниот суд. Понатаму, во делот на правото на правично судење, судот, со 2 гласа спроти 1 глас, оцени дека апликацијата е основана, а во делот на пристрасноста, судот едногласно одлучи дека апликацијата е основана.
Симулацијата се огранизираше во склоп на Проектот за младинско изразување. Овој проект е финансиран од Европската Унија.