На 10.05.2019, 15 ученици од Учиме право клубот во Велес имаа можност да ја посетат општината Велес. Вработените во општината организираа мини тура низ општинската зграда каде младите се запознаа со работата на Советот на општината, комисиите и општо сите надлежности кои ги има општината во носењето на одлуки. На оваа средба се разговараше за начинот на кој функционриа една единица на локалната самоуправа, но и прашања поврзани со изборот на високото образование, како и прашањата поврзани со граѓанскиот активизам кај младите.
Активноста се спроведува во склоп на проектот: Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.