Барај
Close this search box.

Студентска акција со обнова на читалната, билиотеката и дворот на „Стив Наумов“

На 13 јуни 2019 година официјално се отвори обновената читална, опремената библиотека и обновениот двор во студентскиот дом „Стив Наумов“. Настанот започна во 12 часот, во читалната на студентскиот дом „Стив Наумов“, а присутни беа членови на МОФ, Фондацијата Отворено општество – Македонија, студентите кои живеат во домот, како и директорот на Државниот студентски дом– Скопје, Дарио Николовски.

Студентската акција која се одржа од 1-ви до 12-ти јуни 2019 година беше спроведена од страна на 10тина студенти сместени во домот „Стив Наумов“ и членови на Младинскиот образовен форум кои во периодот од април до јуни посетија 3 обуки од областа на студентските права, младински активизам и јавно говорење.

Со оваа студентска акција се работеше на уредување на просторот на постоечката читална и дворот во студентскиот дом, а преку отворената донаторска акција, се изврши и опремување на библиотеката во рамки на читалната. Арсламина, Темплум и Национална универзитетска библиотека „Климент Охридски“ се едни од донаторите на 200 книги кои ќе можат да ги користат студентите од домот.

Донаторската акција за книги и литература ќе биде отворена и по официјалното отворање на обновената читална, а сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат да дадат свој придонес.

 

Со оваа акција започнува низата студентски акции во државните студентските домови. Студентските акции од проектот ќе се спроведат во државните студентски домови „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“ во текот на месец јуни 2019 година.

Проектот „Студентски домови без корупција“ се спроведува од август 2018 до јули 2019. Примарната цел на проектот е поттикнување на институциите на потранспарентно и поодговорно управување со студентските домови, како и вклучување на други институции, организации и правни лица за подобрување на условите во домовите.

„Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество- Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество Македонија.“

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: