Јавна дебата за слобода на изразување

Развојот на светот и технологијата во последните неколку декади сериозно го прошири јавниот дискурс, создавајќи во голем дел неограничен простор за слободно индивидуално изразување. Во чекор со таквиот развој, државите се соочуваат со прашањето како целосно да ја овозможат слободата на лично изразување, а притоа да постават неопходни ограничувања. Доколку сте заинтересирани да чуете нешто повеќе за слободата на изразување, нејзиното остварување, како и одредени ограничувања, Младински образовен форум ве поканува на втората од циклусот јавни дебати организирани од средношколските дебатни клубови.

Јавната дебата ќе се одржи на 22 јуни, 2019 година во Јавна Соба во Скопје со почеток во 18:00 ч. Тезата на јавната дебата гласи: „Овој Дом верува дека државата никогаш не треба да ја ограничува слободата на изразување.

Средношколските дебатери од дебатните клубови на МОФ од Скопје ќе ги спротивстават своите аргументи поддржувајќи ја или негирајќи ја тезата. Форматот на дебатата ќе биде “Светски училишта“ (World Schools Debate Format). Истиот им овозможува на дебатерите, поделени во афирмативен и негациски тим, да ги презентираат своите аргументи, промовирајќи критички аргументирана и организирана дискусија.

Младински образовен форум, преку своите дебатни клубови во 7 градови во државата, им овозможува на средношколците преку едногодишен курикулум да се запознаат со концептот на компетитивна средношколска дебата, притоа создавајќи простор за развој на критичко размислување, јавно говорење и аргументација во јавниот дискурс. Младинските дебатни клубови се дел од Проектот за младинско изразување.

Овој проект е финансиран од Европската Унија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: