Отворени предавања за млади: Што е социјална правда?

Младински образовен форум ве поканува на првото отворено предавање за млади на тема „Социјална Правда“ кое ќе се одржи на 26 февруари (среда) во 19:30 часот во просториите на „Комитет“ во Скопје.

Имаш желба да дознаеш нешто повеќе за теми од секојдневието, но за нив нема предмет во училишниот распоред? Заинтересиран/а си да дознаеш што всушност е феминизам и како започнал? Зошто воздухот е загаден? Што е причината за секојдневните протести и масовни движења ширум светот? Што всушност е дискриминација и како да ја спречиме?

Редовен си на часовите во училиште, но се уште немаш оформено целосна слика за што е социјална правда, климатски промени, младински движења и слични проблеми за кои секојдневно слушаш и читаш, а се далеку од фокусот на формалното образование.

Младински образовен форум го има решението за твојата несогорлива желба за знаење. Почнувајќи од овој месец на редовно месечно ниво ќе се одржуваат „Отворени предавања за млади“ на различни теми и проблеми од секојдневието. Предавањата ќе ги држат искусни предавачи од МОФ, а присуството на нив е слободно и отворено за сите млади луѓе, желни да дознаат повеќе.

Темата на предавањето е „Социјална правда“, концепт кој вели дека сите луѓе треба да имаат еднаков квалитетен пристап до здравствени услуги, правда, примања и слични привилегии без разлика на нивната економска, расна или етничка позадина, политичка припадност или сексуална ориентација, а нешто повеќе за ова ќе ни објаснат Ѓорѓи Димески и Соња Митиќ, предавачи по дебата во клубовите на МОФ.

Отворените предавања за млади се организираат во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено Општество-Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: