Вебинарот се обиде да ги потенцира проблемите кои се закануваат на животната средина и се
стреми кон подигнување на свесноста кај младите за овој значаен сегмент од целокупното
општество. По завршувањето на предавањето, учесниците имаа можност да фотографираат
одредени загадени места, нечист воздух, загадени реки и слично. Тие фотографии се дел од
кампања за зачувување на животната средина и ќе бидат објавени на социјалните мрежи на МОФ.
Дополнително, беше изработено и барање до општина Тетово за чистење смет од фрекфентни
јавни површини во општината.
По речиси една година помината во затворени простори, со минално и ограничено движење,
луѓето започнаа повеќе да ја ценат животната средина. Пандемијата не натера да ја набљудуваме
природата поблиску и повнимателно и почнавме да ја наоѓаме вредноста на здравите екосистеми.
Повразноста на пандемиите со природата е јасна. Колку повеќе ја уништуваме природата толку
повеќе пандемии. Колку повеќе пандемии, толку помалку време да се грижиме за неа.