Младите од Струга чекор поблиску до ЕУ

Членовите на Учиме право клубовите при Младински образовен форум во Струга го одбележуваат 9 мај – Ден на Европа. Одбележувањето на 9 мај – Ден на Европа е производ на Учиме право клубот во Струга чиј ентузијазам да ги пренесат своите знаења за Европската Унија и желба да ги негуваат европските вредности заедно со своите соученици го организираа овој настан со надеж дека ќе претставува инспирација и за сите останати Учиме право клубови. Младите стружани ќе го одбележат овој ден преку интерактивни активности посветени на обединувањето на Европа, негување на демократските вредности и меѓусебното зближување и почитување.

На денешен ден, во 1950 година, Роберт Шуман го презентирал својот предлог за обединување на Европа и осигурување мир и благосостојба на нејзините граѓани познат како „Шуманова декларација“ како основа за создавање на заедниците што во текот на годините го креираат она што денес го знаеме како Европска Унија.

Средношколците  членови на Учиме право клубот во Струга со поставување на штандови во училиштата преку флаер ќе ги информираат своите соученици за значењето на 9 мај, а исто така и преку соопштение ќе ги запознаат поблиску со Европската Унија, институциите на Европската Унија и процесот на евроинтеграција на Република Македонија.

Во попладневните часови преку проекција на филм поврзан со Европската Унија учесниците ќе имаат можност и да дискутираат за потребата од мобилност, европските мултикултурни вредности и мултикултурализмот во Македонија според искуствата на членовите во споредба со филмот како и ќе споделат и идеи за поголема интеграција и негување на демократските вредности. По проекцијата на филмот учесниците ќе имаат можност да проследат кратка презентација за програмата Еразмус преку која се обезбедуваат грантови за мобилност на студентите и професорите како и мрежи и партнерства во високото образование со цел придонес во унапредувањето на високото образование.

Во рамки на програмата Учиме право секоја година се одржува и настанот Учиме право – Учиме за ЕУ каде што средношколците членови на Учиме право клубовите од сите градови во Република Македонија во чии средни училишта се спроведува програмата Учиме право имаат можност да земат учество на дводневна обука за ЕУ. Оваа година обуката се одржа на 16 и 17 февруари во хотел Белведере во Охрид. Учесниците преку оваа обука имаа можност поблиску да се запознаат со Европската Унија, институциите на ЕУ, Лисабонскиот договор и што промени Лисабонскиот договор во Унијата како и повеќе научија за процесот на евроинтеграција на Република Македонија. По завршување на работилниците, тие имаа и можност да ги применат своите знаења преку симулација на работата на Европскиот Совет каде во улога на шефови на држави и влади одлучуваа за влез на Турција во Европската Унија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: