Викендот 22-23 март 2014, над 50 средношколци кои слушале предавања дебата од 1 до 3 години дебатираа на локалниот турнир во средното училиште „Никола Карев“ организиран од Младински образовен фроум на тезата “Every criminal defendant should be forced to use only lawyers paid by the state.” Официјален јазик на турнирот беше англискиот, а на турнирот се натпреваруваа 8 тимови.
Пред да започне турнирот, дебатерите кои беа пријавени за учество слушаа предавања за начинот на функционирањето на правниот систем во областа на кривичното право, почитувањето на правото на еднаквост и презумпција на невиност, од страна на Димитар Низамовски и Сања Божовиќ од Учиме Право клубот во Младински Образовен Форум.
По 19 организирани дебати, избран беше најдобриот дебатен тим во Скопје – во состав Соња Митиќ, Калина Прелиќ и Кристина Маџоска, за најдобри говорници на турнирот беа прогласени – Небојша Јовановиќ, Соња Митиќ и Ана Арсовска како трет најдобар говорник.
Дебатниот турнир е од особена важност во поттикнување на младите на дебата и отворена дискусија преку која ќе ги градат своите ставови базирани на аргументи и факти, наместо претпоставки. Давајќи им на младите улога да развиваат или бранат одредени политики од една страна и да ги воочуваат слабостите на истите од друга страна, помагаме кон креирање критичка младина која може да биде релевантен актер во носењето одлуки.
Со дебатата како алатка младите ја промовираат културата на дијалог во општеството, но и се едуцираат за општествено важни прашања.
“Адвокати во судница, дебатериве лудница” е локален дебатен турнир организиран од Младински образовен форум (МОФ) еден од настаните на Дебатната програма во рамките на Програмата за неформално образование кој беше одржан во СУГС Гимназија Никола Карев.
Мила Миливоевиќ