Акција на ученичката заедница во СУГС „Орце Николов“
На 27 и 28 мај 2019 во просториите на СУГС „Орце Николов“ се одржа дводневен тренинг организиран од ученичката заедница во училиштето „Орце Николов“ во соработка со Младински образовен форум.
Концептот на самиот тренинг беше осмислен и подготвен од страна на учениците и имаше за цел да ја претстави потребата од средношколското организирање, начинот на функционирање на ученичката заедница на учениците од сите учебни години, како и да ги мотивира останатите ученици поактивно да се вклучат во училишниот живот. За време на тренингот, учениците имаа можност да се запознаат со предностите кои ги нуди ученичкото организирање и учествуваа во вежби за тимска работа.
Активноста е организирана во рамки на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето“, спроведуван со партнерските организации, Коалицијата на младински организации СЕГА и Првата детска амбасада во светот Меѓаши, a поддржан од детската Фондација Песталоци.