Проектот Акција за Европа МОФ го спроведува од 2009 година и континуирано во текот на 2010 година со различни активности: јавни настани, работилници, квизови и симулации. Активностите од Акција за Европа кои МОФ ги спроведува се дел од еден поширок проект кој го имплементираат Фондација Институт Отворено Општество Македонија, Македонски Центар за Европско Образование и Младински образовен форум.
Проектот ќе треба да одговори на намалувањето на поддршката за пристапување меѓу граѓаните на Македонија на тој начин што ќе допринесе за зголемување на информираноста на младите за ЕУ, со цел младите да изградат ставови и активно да се вклучат во јавната дебата за процесот на пристапувањето на Македонија во Унијата.
Активностите на проектот имаат за цел да ги едуцираат средношколците за придобивките од членството во ЕУ и предизвиците што Македонија ги има на патот кон ЕУ, со што би се потенцирала важноста за продолжување и интензивирање на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. Притоа се очекува дека ќе се зголеми залагањето и притисокот од страна на граѓаните врз сите чинители во процесот на пристапување на РМ во ЕУ за исполнување на клучните препораки од Пристапното партнерство.
Во обуките на различни теми кои ги реализираше Младински образовен форум во текот на 2009 година учество земаа повеќе од 2.000 средношколци во повеќе од 50 работилници реализирани во средните училишта и центри за неформално образование во повеќе од 30 градови ширум Македонија.
За 2010 година се планира да се организираат 60 обуки низ средните училишта ширум Македонија на различни теми. За надградба на квалитетот на телото на предавачи по Учиме право, се организираше Напредна обука за ЕУ од 16-18 април 2010 година, каде учесниците имаа можност да ги продлабочат своите знаења за ЕУ. Во склоп на овој проект, на 28 мај 2010 година, во ЕУ инфо центарот се оддржа и Средношколски квиз за ЕУ знаења, каде учество земаа 6 екипи од Скопје и Делчево. Победниците, тимот од Раде Јовчевски Корчагин, ќе учествуваат на меѓународен летен младински камп во Охрид.
Проектен тим:
Координатор: Катерина Тодоровска
katerina_todorovska@mof.org.mk
Асистент: Љупка Новеска
ljupkanoveska@gmail.com