Барај
Close this search box.

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ во Свети Николе

Младински образовен форум на 27.02.2019 со почеток од 18:00 часот во Дом на култура „Крсте Мисирков“ во Свети Николе, ја отвори патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“. Изложбата ќе биде отворена за посетители до 13-ти март 2019 година од 07:00 часот до 19:00 часот, а влезот е бесплатен.

Водичи на оваа изложба се млади волонтери – средношколци кои поминале обука да ја раскажат приказната за животот на малата Ана.
Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ е посетена од над пет милиони посетители во над четириесет држави во светот. Таа е една од најпознатите светски едукативни изложби кои се однесуваат на холокаустот и човековите права. Изложбата е составена од триесет и девет изложбени панели кои ја раскажуваат приказната за Ана Франк, истовремено раскажувајќи за Холокаустот и Втората светска војна. Прикажува фотографии од детството на Ана, подемот на нацизмот, погромот на Евреите и реакциите на луѓето. Се ова е раскажано преку животот на едно семејство. Изложбата ја дополнуваат седум панели за домашниот контекст во периодот по Втората светска војна до денес. Овие панели се изработени од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини.
Изложбата во Македонија е изработена и донесена во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“ кој е поддржан од Европската унија, а поддршка доби и од Министерството за надворешни работи, Министерството за култура, Министерството за образование и наука, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија. До сега, беше поставена во 20 градови, а ја посетија повеќе од 18 илјади посетители.

Проектот има за цел да го покрене вниманието и поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање на конфликти во минатиот век. Преку промовирање на критичко размислување за настани од историјата и нивното значење во современото време и случувања, целта на Anna Frank House и партнерите е да се постигне помирување преку дијалог за заедничкото минато.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: