Анализа на студентската и академската мобилност: „Сонуваме да патуваме“

Младински образовен форум на 27.01.2011 година, во ЕУ Инфоцентар,  одржа јавна трибина на која ги презентираше резултатите од истражувањето на тема “Мобилност на студенти и академски кадар”. Овие резултати се публикувани во брошурата “Сонуваме да патуваме”.
Истражувањето се спроведе преку 420 испратени барања до институции кои се иматели на информации од областа на високото oбразование. Мобилност на студенти и на академскиот кадар е една од најзначајните постулати на Болонската декларација и како таква МОФ смета дека е многу битна за унапредување на квалитетот на високото образование.
Резултатите од истражувањето укажуваат дека од испитаните факултети: сеуште има факултети на кои ниту еден студент не искористил некоја од програмите на Европска Унија за мобилност, факултетите немаат унифицирани критериуми со кои би се врашела селекцијата за студенска и академска мобилност, отсуствуваат промотивни активности од кои стдентите би можеле да се информираат за мобилноста. Како заклучок кој произлезе од спроведеното истражување е дека мобилноста на студентите и на акдемскиот кадар во Р. Македонија е на многу ниско ниво.
Петар Димитров од Младински образовен форум изјави: “Како клучни пречки за остварување на студентската мобилност ги идентификувавме недостигот на информации и финансиски средства за префрлање на посакуваниот факултет, како и сложената процедура на прибирање на потребните документи. Пасивноста на факултетите при промоцијата на стипендиите и нискиот степен на транспарентност при нивната распределба се силни демотиватори за студентите кои размислуваат да аплицираат. Единствено преку активна и транспарентна партиципација од страна на факултетите може да се надминат овие пречки и да се постигне посакуваниот степен на мобилност во високото обазование.”
На темата свои видување даде проф. Д-р Зоран Поповски кој изјави “МОФ уште еднаш докажува дека е совеста во високото образование. Ова истражување потсетува дека Болоња не е фикција, туку реалност која треба да се креира и преку мобилноста на студентите и академскиот кадар како услов за унапредување на квалитетот во високото образование. Во брошурата се поместени бројни согледувања и препораки, како мобилноста да се претвори во алатка за интернационализација на високото образование и науката.”
Повеќе информации за резултатите од може да се најдат во брошурата „Сонуваме да патуваме“.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: