Барај
Close this search box.

Анти-Корупциска студентска мрежа во Југоисточна Европа

Период на реализација: 2003-2012

Донатор(и): Higher Education Support Program: Open Society Foundations – Budapest

Краток опис на проектот: Анти корупциската студентска мрежа е основана во 2003та година. Членки на мрежата се невладини/студентски организации од 5 земји од регионот на Југоисточна Европа: Младежко сдружение за мир и развитие на Балканите ( Бугарија), Monitor Statistica ( Хрватска), Centrul National pentru Transparenta si Drepturile Omului (Молдавија), Beogradska otvorena škola/Centar za razvoj obrazovanja и Младински образовен форум ( Македонија).

Целта на мрежата е да работи на развој на методолошки алатки за мониторинг на појавата на корупција во високото образование. Зголемување и подобрување на квалитетот на информациите кои се на располагање на креаторите на политики како и на општата јавност, можат да имаат позитивно влијание врз начинот на кој се перцепира или третира корупцијата. До сега се анализирани следниве форми на корупција: поткуп, непотизам/фаворизам, препишување, нудење на услуги, подароци или финансиски надомест,  со посебен осврт на процесите на упис на факултет, доделување на студентски легла, мобилност, финансиски нерегуларности, продажба на учебници. За поздравување е фактот што Државната комисија за спречување на корупција, во својот акционен план дел од Програма за спречување на корупција во периодот од 2011 до 2015, ги препозна како проблем/ризичен фактор  продажбата на учебници и доделувањето на студентски легла.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: