Mладински образовен форум (МОФ) со задоволство Ве поканува на седмотото издание на јавниот дебатен настан АРГУМЕНТ: ОРГАНИЗИРАНО ИЗРАЗУВАЊЕ.
Настанот ќе се одржи на 16-ти декември (среда) 2015 година, со почеток во 19:00 часот, во Кино Милениум, во Скопје.
АРГУМЕНТ: ОРГАНИЗИРАНО ИЗРАЗУВАЊЕ
е целовечерен дебатен настан чија цел e да ја подобри културата на дијалог и структурата на говорeње во јавниот дискурс и да ја промовира аргументацијата како неопходен услов за продуктивна дискусија. И оваа година ветуваме квалитетна дебата на актуелна општествено-политичка тема, прецизно структурирана и организирана на начин кој ќе овозможи фер дискусија на говорниците на дебатата и на присутната публика.
Тезата на коja заеднички и организирано ќе дискутираме гласи:
ОВОЈ ДОМ ВЕРУВА ДЕКА МЕЃУПАРТИСКИТЕ ПРЕГОВОРИ (НЕ) ВОДАТ ДО ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА
Афирмативен тим [тим кој ја поддржува тезата]:
Бујар Османи, Фросина Ременски, Петрит Сарачини;
Негациски тим [тим кој ја оспорува тезата]:
Лилјана Поповска, Гордан Калајџиев, Миша Поповиќ;
Модератор:
Огнен Јанески
На дебатата ќе разговараме за три клучни области:
I. Како ќе влијаат преговорите на демократијата во Македонија?
II. Дали преговорите се доволно инклузивни?
III. Какви други механизми се потребни за да се излезе од кризата? Дали има други фактори независни од преговорите кои ќе влијаат на надминување на кризата?
За да можете да присуствувате на настанот, Ве молиме да се регистрирате на следниот линк. Крајниот рок за регистрација е 14ти декември, понеделник, во 12 часот.
Видео записите од претходните изданија на Аргумент се достапни на:
Аргумент 2014 – Овој Дом би си заминал од Македонија засекогаш
Аргумент 2013 – Овој Дом (не) би гласал на избори
Аргумент 2012 – Овој дом верува дека религијата (не) го унапредува општеството
Аргумент 2011 – Овој дом верува дека во Македонија постои доволно дебата за развој на демократијата
Аргумент 2010 – Oвој дом верува дека проектот Скопје 2014 (не) го унапредува македонското општество
Настанот Аргумент:Организирано изразување е организиран од Младински образовен форум со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.