АРГУМЕНТ е целовечерен дебатен настан чија цел e да ја подобри културата на дијалог и структурата на говорeње во јавниот дискурс, како и да ја промовира аргументацијата како неопходен услов за продуктивна дискусија. Покрај говорите на јавни личности, публиката ќе има можност да учествува во дебатите преку прашања и коментари. Темите на кои заеднички и организирано ќе дискутираме се:
ОВОЈ ДОМ ВЕРУВА ДЕКА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА (НЕ) ИМ НУДИ РАБОТНИ ВЕШТИНИ НА МЛАДИТЕ
Афирмативен МОФ тим vs Негациски МОФ тим
Зоран Поповски, универзитетски професор
Љупчо Зиков, основач на Капитал
ОВОЈ ДОМ ВЕРУВА ДЕКА ПРОЕКТОТ СКОПЈЕ 2014 (НЕ) ГО УНАПРЕДУВА МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО
Илија Димовски и Ацо Станкоски
vs
Гордан Георгиев и Ким Мехмети
АРГУМЕНТ ќе се одржи на 14-ти декември 2010 година, со почеток во 19:00 часот, во салата за настани во трговскиот центар СОРАВИА, 11-ти кат.
Агенда на настанот:
19:00 Добредојде
19:10 Арт перформанс
19:30 Што е Аргумент?
19:40 Дебата: Овој дом верува дека образованието во Македонија (не) им нуди работни вештини на младите
20:40 Пауза
21:00 Дебата: Овој дом верува дека проектот Скопје 2014 (не) го унапредува македонското општество
22:00 “Фолтин”
Бројот на места е ограничен!
Дополнување од организаторите:
Пријавувањето за учество на настанот “АРГУМЕНТ” заврши, а листата на присутни гости е веќе затворена.