Регистрацијата за Аргумент:Организирано изразување е затворена!
Следете го преносот во живо на Радио МОФ и www.vozivo.mk.
Младински образовен форум (МОФ) со задоволство го најавува шестото издание на јавниот дебатен настан АРГУМЕНТ: ОРГАНИЗИРАНО ИЗРАЗУВАЊЕ
Настанот ќе се одржи на 19-ти февруари (четврток) 2015, со почеток во 19:00, во Младински културен центар (МКЦ) во кино Фросина.
АРГУМЕНТ: ОРГАНИЗИРАНО ИЗРАЗУВАЊЕ
Е целовечерен дебатен настан, чија цел е да ја подобри културата на дијалог и структурата на говорење во јавниот дискурс и да ја промовира аргументацијата како неопходен услов за продуктивна дискусија. И оваа година ветуваме квалитетна дебата на актуелно општествена-политичка тема, прецизно структурирана и организирана на начин на кој ќе овозможи фер дискусија на говорниците на дебатата и на присутната публика.
Тезата на која заеднички ќе дебатираме и дискутираме гласи:
ОВОЈ ДОМ БИ СИ ЗАМИНАЛ ОД МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ
Афирмативен тим [тим кој ја поддржува тезата]:
Петар Гошев, Неда Коруновска, Висар Вишка
Негациски тим [тим кој ја негира тезата]:
Мендерес Кучи, Мирјана Најчевска, Да Џака Накот
Миграцијата претставува се посериозен општествен предизвик, особено за земјите кои се соочуваат со масивно намалување или стареење на нивната популација. На дебатата ќе дискутираме: Kои се најзначајните фактори кои придонесуваат еден граѓанин да се исели од државата; Дали Македонија се движи во позитивен правец; Дали граѓанинот има обврска спрема својата држава да остане и да ја подобри состојбата; Колку имиграцијата се должи на реални општествени проблеми, а колку на субјективниот впечаток на граѓанинот за моменталната ситуација?
Агенда на настанот:
19:00 Регистрација
19:30 Дебата: Овој дом би си заминал од Македонија засекогаш
22:00 Коктел
Настанот Аргумент:Организирано изразување е организиран од Младински образовен форум со поддршка од „Проект на УСАИД за граѓанско општество“