БАЛКАНСКИ VS. ЕВРОПСКИ ИДЕНТИТЕТ – Балканот – пример за европска мултикултура?

Младински образовен форум ја има честа да ве покани да бидете дел од јавната младинска трибина:

БАЛКАНСКИ VS. ЕВРОПСКИ ИДЕНТИТЕТ – Балканот – пример за европска мултикултура?

која ќе се одржи на 06-ти мај 2011 година, со почеток во 12:00 часот во салата во EУ Инфо центар.

На оваа трибина за меѓуетничката толеранција и разбирањето ќе говорат млади средношколци од Босна, Црна Гора, Србија и Македонија.

Дали има толеранција од страна на младите од регионот кон млади од другите етнички заедници?

Балканскиот идентитет или европскиот идентитет? – што е посилен бренд за младите?

Дали младите стравуваат од губење на националниот идентитет или од национализмот?

Колку ЕУ негува европски идентитет или предност им дава на националните идентитети?

Како балканските земји придонесуваат кон збогатување на Европската култура и вредности?

Овие и многу повеќе прашања ќе бидат покренати и одговорени на оваа јавна тибина.

Настанот е дел од регионален проект чии активности МОФ ги спроведува во Македонија, кој е поддржан од Европската Унија и има за цел поттикнување на меѓукултурен дијалог, толеранција и разбирање помеѓу младите.

За повеќе информации слободно контактирајте не на 02 3139 692.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: