Учиме право, учиме за ЕУ

Минатиот викенд, 22 и 23 февруари, 2014 година, во х. Белведере, Охрид, се одржа традиционалниот годишен настан на програмата Учиме право – Учиме право, Учиме за ЕУ.

На овој дводневен настан присуствуваа 100 средношколци од Учиме право клубовите низ Република Македонија (Скопје, Тетово, Кичево, Струга, Битола, Велес, Штип, Делчево, Радовиш).

Концептот на овој настан предвидува предавања за Европската Унија, поконкретно за историскиот контекст во кој настанала Европската Унија и нејзиниот развиток низ годините, заедничките белези и брановите на проширување, институциите на ЕУ и политиките кои тие ги спроведуваат, основачките договори и измените, како и една посебна сесија за досегашниот евроинтеграциски пат на Република Македoнија.

Овој настан финишираше со симулација на работата на Европскиот совет, во кој делегатите на сите држави-членки (шефови на држави и влади) расправаа по прашањето за прием на Република Турција во ЕУ. 19-те гласови „ЗА“ и 9-те гласови „ПРОТИВ“, сепак не беа доволни за влез на Турција во ЕУ затоа што за да се одобри нејзиното влегување во Унијата, потребно е сите држави да гласаат „ЗА“.

Сите сесии беа водени од страна на предавачите по Учиме право, кои се обидоа на еден неформален и интерактивен начин да ги пренесат своите знаења на младите средношколци.
Она што беше новина во овогодинешниот ЕУ викенд е тоа што за првпат присуствуваа и членовите на напредните Учиме право клубови во Скопје и Тетово, меѓутоа тие слушаа предавања со поинаков концепт, конкретно за Организација на настани.

Покрај она што го научија од предавањата, учениците запознаа и свои врсници од цела Македонија, се дружеа и забавуваа и си заминаа среќни и задоволни.

[Повик за членови] ЕУ Клуб

Povik za clenovi na EU klubЗемајќи во предвид дека во иднина и нашата држава ќе стане дел од европското семејстсво, младите генерации ќе треба да се вклучат во интегративниот процес на Македонија во ЕУ. Оттука може и да се согледа и потребата од познавање и учење за Европската Унија, нејзините институции, начин на функционирање, политики на ЕУ итн. Токму и затоа и потребата за формирање на ЕУ клуб, кој би продуцирал млади свесни за придобивките од обрските кои доаѓаат со пристапувањето кон ЕУ.

Зошто ЕУ клуб?

    • Да научиш повеќе за Европската Унија;
  • Да ги дознаеш правата и должностите на европските граѓани;
  • Да знаеш како функционираат институциите на ЕУ;
  • Да дознаеш зошто е важно Македонија да се интегрира во ЕУ;
  • Да дознаеш како Република Македонија може да стане дел од ЕУ;

Активностите се интерактивни, едукативни, забавни и неформални:

    • Посети на институции
  • Симулации на институции
  • Квизови
  • Дискусии со експерти од различни области


Секоја сабота од 12 часот во ГЕМ клуб во Стара чаршија.
Наменето за средношколци од Скопје на возраст од 16 до 18 години.

[Јавна дебата] Кампањa наспроти високи казни за поголема еко свест кај граѓанитe

web previewНи претставува чест да Ве поканиме на јавната дебата „Кампањa наспроти високи казни за поголема еко свест кај граѓаните“ која ќе се одржи на 29 ноември 2011 (вторник) со почеток во 14:00 часот во просториите на ЕУ инфо центар во Скопје.

Настанот има за цел да поттикне дискусија за различните пристапи за зголемување на свеста на граѓаните за заштита на животната средина во Македонија и ЕУ.  На дебатата ќе се презентираат и анализираат практиките во Македонија и Европа, законските регулативи и граѓанските иницијативи.

На настанот учество ќе земат: Елена Игнатова (Фондација Метаморфозис), Антонио Јовановски (Биди зелен), Кирил Арсовски (Истражувачко друштво на студенти биолози) и дебатери од Младински образовен форум.
Гостите говорници ќе дадат свое мислење на темата и ќе ги споделат своите искуства со различни проекти и инцијативи во оваа област.
Публиката на настанот ќе има можност да ги сподели своите ставови или да постави прашање на гостите говорници.

Средношколски ЕУ квиз

Во рамките на проектот Акција за Европа, Младинскиот образовен форум во период од две години има организирано повеќе од 60 работилници на различни теми од областа на евроинтеграцијата во средните училишта низ цела Македонија.

Во петок на 28.05.2010 година со почеток во 16 часот МОФ го организира првиот средношколски квиз за Европска Унија во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје. Квизот е од натпреварувачки карактер, а главната награда за првото место е учество на интернационален летен камп. Во квизот учество ке земат тимови од СУГС ,,Раде Јовчевски Корчагин“ , СУГС ,, Георги Димитров“, СУГС ,, Орце Николов “, СУГС ,, Зеф Љуш Марку“ сите од Скопје , како и 2 тима од ДСУ ,,Методија Митевски Брицо“ од Делчево. Тимовите се избрани од учениците кои ги имаат посетувано ЕУ работилниците во изминатиот период.

Чекор поблиску до ЕУ-напредна обука за студенти

Една од најважните определби на МОФ е да придонесува во образованието на актуелни теми, кои се важни за младите, но кои сеуште не се дел од официјалниот наставен план во образовниот систем. Како одговор на потребата од продлабочување на знаењата за Европската Унија на младите, МОФ од 2009 година работи на теми кои се дел од широкиот спектар на области опфатени со Европската Унија.

Така од 16 до 18 април 2010 година, во Охрид, се оддржа Напредна обука за Европската Унија на која учествува околу триесетина студенти, дел од телото на предавачи по Учиме право. Во склоп на тридневната обука беа опфатени различни теми: Лисабонски договор-што содржи и какви промени ќе донесе; внатрешен пазар во ЕУ; права од интелектуална сопственост во ЕУ; правда и внатрешни работи;политика на проширување и односи Македонија-ЕУ; како и симулација на работата на дел од европските институции. Со тоа се постави добра основа за развој на програмата во насока на вметнување на содржини од оваа област, како одговор на потребата од европеизација на македонското општество на патот на Република Македонија кон Европската Унија.

Од младите не може да се очекува да размислуваат и дејствуваат европски доколку не се образуваат во духот на европските вредности. За да се оддржи високиот процент на поддршка за зачленување на Македонија во ЕУ кој постои кај македонското население во текот на целиот процес на пристапување на Македонија кон унијата, потребно е да им се приближи Европската Унија на младите, да ја разберат и да ја сфатат динамиката на односите кои постојат меѓу земјите членки и општествено-политичкиот контекст во кој се развива. И во крајна линија, за да ја проектираме својата европска иднина мора да знаеме кои се целите на развој на ЕУ, кои подрачја се приоритетни и кон што се стреми унијата на долг рок. Само на тој начин ќе можеме да ја усогласиме развојната агенда на Македонија со таа на Европската Унија. Предавачите кои учествуваа во обуката во иднина ќе ги искористат стекнатите знаења за да развијат работилници на нови теми од областа на ЕУ кои ќе ги вметнат во обуките кои ги спроведуваат низ средните училишта во Македонија.

Фотографии од обуката можете да погледнете на следниот линк.

Наведи добра причина за екс – ЈУ земјите во ЕУ

“Наведи добра причина за екс – ЈУ земјите во ЕУ” [Provide a Good Reason for Ex Yu Contries in EU] е проект на дебатната организација Centar za kulturu dijaloga (CKD) од Босна и Херцеговина, во кој Младински образовен форум е една од партнерските огранизации. Останатите партнерски организации се: Za in proti – Словенија; Logos – Црна Гора; Asocijacija za kreativnu komunikaciju i debatu – Србија; Hrvatsko debatno društvo – Хрватска. Времетраењето на проектот е 24 месеци започнувајки од jули 2009.Целите на овој проект се:  јакнење на интеркултурната размена и заштита на правата на малцинставата во земјите од Западен Балкан; промоција на интеркултурен дијалог, граѓански активизам, солидарност и толеранција; промоција на анти-дискриминаторна политика.

Активностите во рамките на проектот вклучуваат:

  • снимање на ТВ дебати, меѓународни дебатни турнири,
  • семинари/тренинзи за учесниците на проектот,
  • публикување на регионално месечно дебатно списание “Дебатни новости“
  • регионални состаноци на координаторите на проектот од секоја партнерска организација.