Повик за учество во менторска програма за млади новинари за креирање медиумски продукти поврзани со бегалци, баратели на азил и лица без државјанство

Младински образовен форум (МОФ) во партнерство со УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, отвора повик за учество во менторска програма за млади новинари за креирање медиумски продукти поврзани со бегалци, баратели на азил и лица без државјанство.

Повикот е отворен за:

8 (осум) млади новинари или студенти по новинарство
2 (два) ментори – новинари кои ќе работат со учесниците во менторската програма
6 (шест) предавачи кои ќе предаваат во рамки на менторската програма.

  • Опис на менторската програма за млади новинари/студенти по новинарство

Менторската програма е отворена за млади новинари и студенти по новинарство кои сакаат да ги зајакнат своите капацити и компетенции во областите бегалци, баратели на азил и лица без државјанство, како и со начинот на известување и креирање на медиумски содржини за овие лица.

Менторската програма е замислена да започне со одржување на дводневен тренинг. На тренингот младите новинари ќе имаат шанса да присуствуваат на различни работилници одржани од искусни новинари кои ќе им помогнат при градењето вештини за известување и за креирање медиумски продукти поврзани со бегалци, баратели на азил и лица без државјанство. Дополнително на тренингот младите новинари ќе стекнат и знаења во однос на правната рамка која го регулира правниот статус на овие лица како и добивање на поддршка од психолози за заштита на менталното здравје при покривање на теми поврзани со ранливи категории лица.

По завршување на тренингот на учесниците ќе им биде доделен ментор со кој заеднички во рок од  1 месец ќе треба да изработат медиумски продукт.

За учесниците во менторската програма е предвидена еднократна стипендија која има за цел да им помогне на учесниците во креирањето на медиумскиот продукт.

  • Опис на менторската програма за предавачи

Предавачите во менторската програма е предвидено да одржат предавање/работилница во рамки на дводневниот тренинг кое ќе има за цел да ги зајакне компетенциите и вештините на младите новинари во процесот на креирање на медиумски продукти коишто се однесуваат на бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство. Дополнително, предвидено е двајца од предавачите да бидат психолози, коишто ќе одржат психолошка работилница со младите новинари со цел заштита на менталното здравје при известување за лица од ранливи категории.

Специфичното предавање на секој предавач ќе биде договорено во координација со МОФ и УНХЦР.

Предност ќе се даде на оние новинари кои имаат долгогодишно искуство во креирање на медиумски продукти за овие лица, а особена предност ќе биде дадена на оние новинари коишто ја имаат добиено Наградата за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство којашто ја доделуваат УНХЦР, МЗМП и ЗНМ.

  • Опис на менторската програма за ментори – новинари

Менторите во рамки на менторската програма ќе имаат за задача индивидуално да менторираат четири млади новинари/студенти по новинарство и да им помогнат во обмислување, креирање и финализирање на медиумскиот продукт. Од менторите се очекува да бидат достапни за физички и онлајн консултации со младите новинари и да ја следат и мониторираат нивната работа.

Предност ќе се даде на оние новинари коишто претходно имаат менторирано млади новинари, кои имаат долгогодишно искуство во креирање на медиумски продукти поврзани со бегалци, баратели на азил и лица без државјанство а особена предност ќе биде дадена на оние новинари кои што ја имаат добиено  Наградата за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство.

Временска рамка:

Менторската програма е предвидена да започне кон крајот на месец април – почеток на мај и да трае 2 месеци до Светскиот ден на бегалците – 20 јуни 2024 година.

Услови за пријавување:

  • Млади новинари вработени/ангажирани во медиум кој креира содржини во државатa;
  • Студенти по новинарство на додипломски или на магистерски студии;
  • За сите учесници – да се на возраст помеѓу 19 и 35 години.
  1. Предавачи

 За новинари

  • Искуство во креирање медиумски содржини поврзани со бегалци, баратели на азил и лица без државјанство;
  • Искуство со одржување едукативни работилници.

За психолози

  • Искуство во одржување работилници за поддршка и заштита на менталното здравје при работа со ранливи категории лица.
  1. Ментори
  • Искуство во креирање медиумски содржини поврзани со бегалци, баратели на азил и лица без државјанство;
  • Искуство во менторирање на млади новинари.

Начин на пријавување:

Заинтересираните лица за учество во менторската програма може да го искажат својот интерес со пополнување на формите достапниподолу, најдоцна до 15 април 2024 година, 23:59. Доколку имате потреба од дополнителни информации, обратете се на: orce_nikolovski@mof.org.mk или на 072 252 009.

  1. Пријава за студенти по новинарство/млади новинари
  2. Пријава за ментори – новинари
  3. Пријава за предавачи

МОФ го задржува правото да ги исконтактира само оние кандидати коишто ги исполнуваат условите. Лицата коишто ќе бидат избрани ќе биде ангажирани хонорарно преку Договор за авторско дело и исплатата ќе оди преку авторска агенција.

Повикот за учество во менторска програма за млади новинари е отворен во рамки на проектот Ангажирање на младите за подобрување на наративот за луѓето за кои УНХЦР се залага” поддржан од УНХЦР.

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦИ ЗА МЛАДИ | THIRJE PËR PJESËMARRJE NË PUNTORI PËR TË RINJTË

Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), во рамки на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, отвора повик за млади на возраст од 15 до 30 години, за учество во работилници за млади од областа на младинско учество, инклузија, еднаквост и доверба.

Веруваме дека младите имаат моќ да обликуваат посветла иднина, а овие работилници имаат за цел да ве поттикнат и опремат со потребните алатки и знаење за да создадете позитивни промени во вашите заедници. Работилниците ќе се спроведуваат во различни општини низ државата во текот на месеците март и април 2024 година. Со учеството, ќе стекнете знаења и практични вештини за поттикнување на вклученоста, промовирање на еднаквост и градење доверба во вашите заедници.

Работилниците ќе бидат спроведени на:

27 март во 10:00 часот во Делчево
Тема: „Млади и конфликти: Стекнување на вештини за мирно решавање

28 март во 10:00 часот во Струга
Тема: „Младинско учество како алатка за градење мир
*За работилницата ќе биде обезбеден превод на албански јазик.

29 март во 11:00 часот во Велес
Тема: „Развивање на интеркултурен дијалог преку спознавање на идентитетот и културата

2 април во 11:00 часот во Битола
Тема: „Дискриминација, конфликти и предрасуди

5 април во 11:00 часот во Тетово
Тема: „За(едно) – Градење на подобра иднина за младите
*За работилницата ќе биде обезбеден превод на албански јазик.

8 април во 14:00 часот во Скопје
Тема: „Преобликување на перцепциите: идентитет и младинско учество
*За работилницата ќе биде обезбедено толкување на македонски знаковен јазик.

12 април во 11:00 часот во Скопје
Тема: „Бура за култура: Работилница за интеркултурен дијалог
*За работилницата ќе биде обезбедено толкување на македонски знаковен јазик.

15 април во 13:00 часот во Дебар
Тема: “Rise Together: Youth Initiative for a Bully-Free, Hate-Free Future
*За работилницата ќе биде обезбеден превод на албански јазик.

 

Како да аплицирате?

За да аплицирате за учество на која било од работилниците, ве молиме пополнете го онлајн формуларот за апликација.

Ве охрабруваме да аплицирате на повеќе работилници. Но, имајте предвид дека има ограничени слободни места за секоја работилница и затоа, не може да бидат избрани сите апликанти. Ве охрабруваме да аплицирате порано за да ги зголемите шансите да обезбедите место.

За какви било прашања, ве молиме контактирајте нѐ на blerina_salihi@mof.org.mk и ivona_kuzmanovska@mof.org.mk или на +38971369616 и +38978421574.

Fondi i Kombeve të Bashkuara mbi Popullsinë– UNFPA në partneritet me Forumin Rinor Arsimor (FRA) në kuadër të projektit rajonal “Rinia për përfshirje, barazi dhe besim”, hap thirrje për të rinjtë e moshave prej 15 deri në 30 vjeçare për të marrë pjesë në puntori për të rinjë nga fusha e pjesëmarrjes rinore, përfshirjes, barazisë dhe besimit.

Ne besojmë se të rinjtë kanë fuqinë të krijojnë një të ardhme më të ndritur, dhe këto puntori kanë për qëllim të ju inkurajojnë dhe të ju pajisin me mjetet dhe njohuritë e nevojshme për të krjuar ndryshime pozitive në bashkësitë tuaja. Puntoritë do të mbahen në qytete të ndryshme të Maqedonisë së Veriut gjatë muajve Mars dhe Prill 2024. Me pjesëmarrjen tuaj, ju do të fitoni njohuri dhe aftësi praktike për të nxitur përfshirjen, për të promovuar barazinë dhe për ndërtimin e besimit në bashkësitë tuaja.

Puntoritë do të zhvillohen më:

27 Mars në ora 10:00 në Delçevë
Tema: „Rinia dhe konfliktet: Përvetësimi i aftësive për zgjidhje paqësore

28 Mars në ora 10:00 në Strugë
Tema: „Pjesëmarrja rinore si mjet për ndërtimin e paqes
*Për puntorinë do të sigurohet përkthim në gjuhën shqipe.

29 Mars ora 11:00 në Veles
Tema: „Zhvillimi I dialogur ndërkulturor përmes të kuptuarit të identitetit dhe kulturës

2 Prill në ora 11:00 në Manastir
Tema: „Diskriminimi, konfliktet dhe paragjykimet

5 Prill ora 11:00 në Tetovë
Tema: „Sëbashku – Ndërtimi i një të ardhmeje më të mire për të rinjtë
*Për puntorinë do të sigurohet përkthim në gjuhën shqipe.

8 Prill në ora 14:00 në Shkup
Tema: „Riformësimi i perceptimeve: identiteti dhe pjesëmarrja rinore
*Për puntorinë do të sigurohet interpretim në gjuhën e shenjave të gjuhës maqedone.

12 Prill në ora 11:00 në Shkup
Теmа: „Stuhia kulturore: Puntori për dialogun ndërkulturor
*Për puntorinë do të sigurohet interpretim në gjuhën e shenjave të gjuhës maqedone.

15 Prill në ora 13:00 në Dibër
Tema: “Rise Together: Youth Initiative for a Bully-Free, Hate-Free Future
*Për puntorinë do të sigurohet përkthim në gjuhën shqipe.

 

Si të aplikoni?

Për të aplikuar për të marrë pjesë në ndonjë nga puntoritë, ju lutemi plotësoni formularin online të aplikimit.

Ju inkurajojmë të aplikoni në më shumë puntori. Por kini parasysh se numri i pjesëmarrësve në çdo puntori është i kufizuar prandaj nuk mund të zgjidhen të gjithë aplikuesit. Ju inkurajojmë që të aplikoni sa më shpejt në mënyrë që te keni shanse më të mëdhaja për të siguruar një vend.

Për çfardo lloj pyetje ju lutemi na kontaktoni në blerina_salihi@mof.org.mk dhe ivona_kuzmanovska@mof.org.mk ose në +38971369616 и +38978421574.

Студентски дебатен турнир за почетници – Отвори го умот за нови перспективи

Драги студенти, со огромно задоволство ви го најавуваме Студентскиот дебатен турнир за почетници – Отвори го умот за нови перспективи.

Доколку сте студент кој знае да дебатира во форматот Британска парламентарна дебата, и имате желба да се вклучи во академски натпревар за дебата ве покануваме да ни се приклучите на турнирот а ние ветуваме одлични тези, добри дебати и забавни дружби.

Датум: 30 и 31 март 2024 година

Локација: Правен Факултет Јустинијан Први во Скопје

Формат: Британска Парламентарна дебата

Јазик: македонски јазик

Рунди: 5 прелиминарни рунди, полуфинале и финале

Линк за пријавување на тимови: https://forms.gle/iivpnPLFoQHbFbhE6

Линк за пријавување на судии: https://forms.gle/MDKASmKC9AFUGVc1A

Право на учество имаат сите студенти кои биле дел од дебатните клубови на Младински образовен форум и/или го познаваат форматот Британска Парламентарна дебата.

Рокот за пријавување е 24 март 2024 година

Турнирот е во организација на Младински образовен форум со поддршка од проектот „Практикувај демократија“, спроведуван од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Повик за два нови члена на Управниот одбор на Младински образовен форум

Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум на 06.03.2024 година се распишува овој

ПОВИК за два нови члена на Управниот одбор

Повикот се распишува за избор на два нови члена на Управниот одбор на МОФ, поради оставка, односно престанок на мандатот на два члена, од моменталниот состав.

Согласно Статутот на МОФ, мандатот на членовите на Управниот одбор трае 2 години, со можност членовите на Управниот одбор да бидат избрани неограничен број мандати. Мандатот на тековниот состав на Управниот одбор е започнат од 5 ноември 2022 година, што значи дека мандатот на новите два члена на Управниот одбор ќе трае до 5 ноември 2024 година.

Управниот одбор на МОФ претставува управен орган на Собранието на МОФ. Мнозинството членови на Управен одбор се избираат од редот на членовите на МОФ, кои биле активни во Здружението најмалку една година пред изборот и кои ги исполнуваат критериумите за избор предвидени со Деловникот на Управниот одбор. Член на Управен одбор може да биде и надворешно лице.

За член на Управниот одбор не може да биде избран Извршниот директор, Претседателот, Административниот директор, Програмскиот директор, програмските или проектните координатори или програмските асистенти на здружението, кои се покануваат на седниците на Управниот одбор, со право да даваат предлози и да учествуваат во дискусиите по точките на дневен ред, но без право на глас.

Според член 24 од Статутот на МОФ, Управниот одбор може да:

  • Распишува конкурс за избор на Извршниот директор на здружението, го избира од пријавените кандидати на конкурсот кои ги исполнуваат условите предвидени со актите на здружението, со мнозинство од вкупниот број на членови на УО и го разрешува;
  • Распишува конкурс, го избира и разрешува Административниот директор;
  • Распишува конкурс за Претседател на здружението; распишува конкурс за избор на Програмскиот директор на здружението, го избира од
  • пријавените кандидати на конкурсот кои ги исполнуваат условите предвидени со актите на
  • здружението, со мнозинство од вкупниот број на членови на УО и го разрешува;
  • Помеѓу две Собранија, одлучува за здружување и разделување од друго здружение и зазачленување во сојузи и меѓународни организации;
  • Ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението, како и одлуките изаклучоците на Собранието;
  • Донесува и реализира годишна програма за својата работа;
  • Разработува и предлага стратешки насоки на развој на организацијата на Собранието;
  • Разгледува, се вклучува во пишување и ја верификува одлуката при аплицирање напроектни и други ангажмани;
  • Го разгледува Годишниот извештај за работата на МОФ и дава свое мислење пред да бидедоставен до Собранието на МОФ на усвојување;
  • Предлага измени и дополнувања на Статутот;
  • Усвојува одлуки и заклучоци кои се однесуваат на политиката на раководење со МОФ, а попредлог на Извршниот директор, Претседателот, Програмскиот директор и програмскитекоординатори на МОФ;
  • Го разгледува и усвојува годишниот Извештај за работењето на Извршниот директор;
  • Донесува соодветни правилници;
  • Свикува седници на Собранието и подготвува материјали;
  • Распишува конкурси за избор и донесува одлука за избор на координатори на програми ицентри на МОФ;
  • Одлучува по поплаки и жалби на вработените поврзани со работниот однос;
  • Донесува одлуки за набавка и отуѓување на основните средства;
  • На секои шест месеци врши оценка и евалуација на работата на Извршниот директор, Претседателот, Административниот директор, Програмскиот директор, како и на програмските координатори;
  • Врши избор на најдобри понуди на стоки, услуги и работи за потребите на МОФ, чија вредност е поголема од 2,000 ЕУР во денарска противвредност врз основа на 3 понуди;
  • Ја следи транспарентноста и демократското функционирање на МОФ и
  • Врши други работи.

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо до info@mof.org.mk со назнака „Апликација за Управен одбор“ најдоцна до 21 март 2024 година, до 23:59 часот.

Кандидатите кои ќе достават уредни апликации во дадениот временски рок ќе ја презентираат својата кандидатура на седницата на вонредното собрание на МОФ, која ќе се одржи на 20 април 2024 година.

За сите дополнителни прашања, може да се обратите на risto_saveski@mof.org.mk или на 078/421-567 .

Повик за учество на виртуелни размени од областа на медиумска писменост и интеркултурен дијалог

Во рамки на проектот „Младите во Западен Балкан – виртуелна разгледница“, Младински образовен форум (МОФ) ги повикува сите средношколци и студенти на возраст од 15 до 25 години од цела држава да се регистрираат за виртуелни размени кои ќе се спроведуваат онлајн. Работен јазик на меѓукултурните размени е англиски.

Виртуелната размена ќе ја водат тренери кои веќе поминале обука во изминатите месеци. 

Темата за виртуелната размена ќе биде опфатена во разговор за сѐ што влијае на меѓукултурниот дијалог: стереотипи и предрасуди, говор на омраза, комуникација, социјални мрежи, медиумска писменост и многу други во областа на медиумите и човековите права. Секоја виртуелна размена ќе трае од 3 до 4 часа.

Како да се пријавите?

Пријавувањето ќе биде можно преку МЛАДИНСКИ календар кој е достапен тука.

Потребно е да се се регистрирате, а регистрацијата е многу едноставна: треба да ја внесете вашата е-пошта, име и презиме, телефонски број, лозинка и да ја наведете земјата од која доаѓате. Потоа ќе можете да се најавите на календарот MLADI и да изберете термин.

Датумите се поделени по размени наменети за средношколци и размени наменети за студенти бидејќи содржински тие ќе се разликуваат во зависност од тоа за кого се наменети. Важно е да го одберете датумот што вам ви одговара и тренерот кој ќе присуствувате на виртуелни размени. Со вас ќе бидат и други млади луѓе од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.


Кои се условите за учество во виртуелни размени?

  • Да сте млад човек на возраст од 15 до 25 години, средношколец и/или студент на еден од факултетите во Македонија
  • Да имате пристап до интернет
  • Да сте присутни на размената (која нема да трае подолго од 4 часа) од почеток до крај

Што добивате?

  • Знаења од областа на медиумската писменост и меѓукултурниот дијалог
  • Размена на искуства со средношколци и/или студенти од регионот
  • Сертификат кој потврдува дека успешно сте ја завршиле виртуелната размена

Освен виртуелните размени на кои ќе присуствувате, во следните две години подготвуваме и многу вредни награди во кои ќе можете да земете учество токму поради тоа што бевте дел од нашите размени, а тоа знаење ќе можете да го покажете во креирањето на мултимедијални содржини и да освоите некоја од наградите. 🙂 Покрај тоа, најактивните учесници на размената ќе имаат можност да се сретнат во живо (во една од четирите земји кои учествуваат во размената) и да добијат поддршка од проектниот тим за заеднички да произведат мултимедијални содржини поврзани со интеркултурен дијалог.

За сите дополнителни информации во врска со виртуелните размени и регистрација за истите, ве молиме контактирајте ја Дора Смилевска на dora_smilevska@mof.org.mk.

Виртуелните размени се реализираат во рамки на проектот „Младите во Западен Балкан – виртуелна разгледница“ во соработка со Институтот за различност на медиуми – Западен Балкан, заедно со Асоцијација на младински весници во Босна и Херцеговина (ОнауБИХ), Младински и неформален образовен форум (Форум МНЕ) од Црна Гора и Младински образовен форум (МОФ).

Не чекајте! Регистрирајте се што поскоро и бидете учесник во нашите виртуелни размени.

Прашалник за мапирање на младински организации, иницијативи, средношколски и студентски тела и локални младински совет

Во претстојниот период, Младински образовен форум (МОФ) ќе работи на мапирање на младински организации, иницијативи, средношколски и студентски тела и локални младински совети , со цел да понуди поддршка во вид на обуки и вмрежување.

За таа цел, Ве повикуваме да го пополните или споделите отворениот прашалник преку кој ќе се идентификуваат потребите на овие групи, во однос на нивното секојдневно работење, како и долгорочните планови.

Прашалникот може да го пополните на следниов ЛИНК.

Дополнително, преку оваа иницијатива, групите ќе имаат можност да бидат поврзани со меѓународни организации со цел вмрежување, партнерство, менторство или споделување на искуство.

Оваа иницијатива се спроведува во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници во партнерство со МОФ и Центарот за развој на менаџери и претприемачи
(CEED Hub) Скопје.

Организациите, иницијативите, средношколските, студентските тела и локалните младински совети што ќе ја пополнат формата ќе бидат контактирани во текот на наредните месеци со можност за посета на обука во некоја од избраните области.

Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/МОФ и не ги изразуваат тавовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Повик за 8 (осум) локални младински акции Thirrje për 8 (tetë) aksione lokale rinore

Фондот за население на Обединетите нации –  УНФПА во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), во рамки на регионалниот младински проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, објавува повик за предлози за 8 (осум) локални младински акции кои ќе се реализираат на територијата на Република Северна Македонија.

Главната цел на овој повик за предлози за младински локални акции е да се поддржат младите (вклучувајќи ги и членовите на Локалните младински совети) на локално ниво низ Северна Македонија во промовирање на конструктивни наративи, поттикнување на инклузијата, интеркултурно учење, градење меѓусебно разбирање и доверба. Сите локални иницијативи водени од младите, имплементирани во соработка со МОФ (Младински образовен форум) како дел од овој предлог повик, мора да се усогласат и активно да придонесат кон вредностите наведени во регионалниот проект. Тимовите кои ќе аплицираат на овој повик со нивна идеја за локална младинска акција, треба да имаат максимум 3 (три) членови.

За секоја локална младинска акција се предвидуваат финансиски средства до 160.000 денари. Сите трошоци треба да се предвидат согласно програмските активности. Средствата ќе бидат менаџирани од Младински образовен форум (МОФ) во тесна соработка со тимовите. Набавките за сите активности ќе се направат од Младински образовен форум (МОФ) според правилата на организацијата. Локалните младински акции ќе треба да се спроведат до 31 март 2024 година.

Kритериуми за оценување

За оценување на предлог локалните младински акции ќе биде ангажирана комисија која што ќе ги следи следните критериуми при оценување на предлог акцијата:

  • Релевантност на проектот;
  • Иновативност и креативност на локалната младинска акција;
  • Вклучување на заедницата, влијание на акцијата и одржливост;
  • Локалната младинска акција треба да биде водена од младите и фокусирани на младите.

Откако ќе се изврши селекција на 8 (осумте) локални младински акции, ќе биде организиран национален BootCamp, кој што ќе се одржи на крај на месец февруари (28.02 – 02.03.2024). Сите членови на победничките тимови треба да учествуваат на националниот BootCamp.

Целите на националниот BootCamp се:

  • Зајакнување на капацитетите на младите за да бидат активни креатори на промени и да бидат гласот на потребите на сите млади на локално ниво.
  • Поддршка на младите да формулираат решенија специфични за заедницата за справување со предизвиците што преовладуваат во нивните соодветни региони.
  • Поттикнување на нови партнерства кај младите и размена на позитивни примери и искуства.
  • Финализирање на акциските планови на младинските локални акции.

Повеќе информации за процесот на аплицирање може да најдете во Прирачникот за аплицирање и имплементација на локални младински акции.

Краен рок за аплицирање е 18 февруари 2024 со испраќање на пополнет предлог-концепт и буџет за локалната младинска акција. Избраните тимови ќе бидат известени најдоцна до 22 февруари 2024.

За сите дополнителни прашања, може да се обратите до Ивона Кузмановска на ivona_kuzmanovska@mof.org.mk.

—————————————————————————————————————————————————-

Në kuadër të projektit rajonal rinor “Rinia për përfshirje, barazi dhe besim”, Fondi i Kombeve të Bashkuara për Popullsinë – UNFPA në partneritet me Forumin Rinor Arsimor – FRA do të mbështesë 8 (tetë) aksione lokale rinore në territorin e Republikës së Maqedonisë së Veriut. Aktivistë të rinj, në ekipe me maksimumi 3 anëtarë, përmes kësaj thirrjeje, do të garojnë me idenë e tyre për aksion rinor lokal.

Objektivi kryesor i kësaj thirrjeje për propozime për aksione lokale rinore është të mbështesë të rinjtë (përfshirë anëtarët e Këshillave Rinorë Lokalë) në nivel lokal në territorin e vendit në promovimin e narrativeve konstruktive, nxitjen e përfshirjes, mësimin ndërkulturor, ndërtimin e mirëkuptimit dhe besimit të ndërsjellë. Të gjitha iniciativat lokale të udhëhequra nga të rinjtë, të zbatuara në bashkëpunim me FRA (Forumi Rinor Arsimor) si pjesë e kësaj thirrjeje, duhet të përafrohen dhe të kontribuojnë në mënyrë aktive me vlerat e përshkruara në projektin rajonal. Ekipet që do të apikojnë në këtë thirrje me idenë e tyre për aksion lokal rinor, duhet të kenë maksimalisht 3 (tre) antarë.

Për çdo aksion lokal rinor parashihen mjete finansiare deri 160.000 denarë. Të gjithë shpenzimet duhet të parashikohen sipas aktiviteteve të programit. Mjetet finansiare do të menaxhohen nga Forumi Rinor Arsimor (FRA) në bashkëpunim të ngushtë me ekipet. Aksionet  lokale rinore duhet të zbatohen deri më 31 Mars viti 2024.

Kriteret e vlerësimit

Për vlerësimin e aksioneve lokale të propozuara do të angazhohet një komision i cili do të ndjek kriteret e mëposhtme gjatë vlerësimit të aksionit të propozuar:

  • Rëndësia e projektit;
  • Inovacioni dhe kreativiteti i aksionit lokal rinor;
  • Përfshirja e bashkësisë, ndikimi i aksionit dhe qëndrueshmëria;
  • Aksioni lokal rinor duhet të udhëhiqet nga të rinjtë dhe të fokusohet tek të rinjtë.

Pas përzgjedhjes së 8 (tetë) aksioneve lokale rinore, do të organizohet një BootCamp kombëtar, i cili do të mbahet në fund të muajit Shkurt (28.02 – 02.03.2024). Të gjithë antarët e ekipeve fituese duhet të marrin pjesë në BootCamp-in kombëtar.

Objektivat e BootCamp-it kombëtar janë:

  • Forcimi i kapaciteteve të të rinjve për të qenë krijues aktivë të ndryshimeve dhe për të qenë zëri i nevojave të të gjithë të rinjve në nivel lokal.
  • Mbështetja e të rinjve për të formuluar zgjidhje specifike për komunitetin për të adresuar sfidat që mbizotërojnë në rajonet e tyre përkatëse.
  • Inkurajimi i partneriteteve të reja midis të rinjve dhe shkëmbimi i shembujve dhe përvojave pozitive.
  • Finalizimi i planeve të veprimit të aksioneve lokale rinore.

Më shumë informata për procesin e aplikimit mund të gjeni në Doracak për aplikimin dhe zbatimin e aksioneve lokale rinore.

Afati I fundit për aplikim është 18 Shkurt 2024 me dërgimin e në koncept-propozim dhe buxhet të plotësuar për aksionin lokal rinor. Ekipet e zgjedhura do të njoftohen më së voni deri më 22 Shkurt 2024.

Për të gjitha pyetjet shtesë mund ta kontaktoni Ivona Kuzmanovska në ivona_kuzmanovska@mof.org.mk.

Повик за изработка на медиумски производи Thirrje për prodhimin e produkteve mediatike

Ажурирано на 23.02.2024 година.

Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), во рамки на регионалниот младински проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, го реобјавува повикот за млади за изработка на медиумски производи на следните теми: конструктивни наративи, поттикнување на соработка, интеркултурен дијалог, разбирање и доверба.

Повикот е отворен за сите млади креативци на возраст од 16 до 26 години кои имаат желба да направат промени во својата заедница преку изработка на медиумски производи на теми поврзани со конструктивни наративи, поттикнување на соработка, интеркултурен дијалог, разбирање и доверба.

Услови и обврски за учество во програмата

Заинтересираните кандидати за учество во програмата потребно е да се:

  • Млади лица на возраст од 16 до 26 години;
  • Заинтересирани за темите на проектот;
  • Во можност да учествуваат на четиридневна креативна обука за градење вештини за подготовка на медиумски производи (7-10 март 2024);
  • Вклучат во теренска работа во локалните заедници и со помош и поддршка од ментори по обуката да ги изработат медиумските производи.

Главната цел на програмата е да поддржи 15 млади во промоција на позитивни наративи, од младите за младите кои ќе поттикнат мултиетничка соработка, инклузија и родова еднаквост. *При изборот на учесници ќе биде земена предвид географската распределба на апликантите.

Областите на кои ќе треба да се фокусирани медиумските производи вклучуваат: 

  • Врсничка едукација,
  • Идентитет и интеркултурен дијалог,
  • Младинско учество,
  • Младински активизам и
  • Обликување на перцепциите за стереотипи, предрасуди и дискриминација.

Избраните учесници ќе имаат можност преку различни сесии, за време на четиридневната обука, да се запознаат со основите на новинарството и развивање на приказна, новинарска фотографија, техники за видео и аудио снимање и едитирање на мултимедијални производи.

По завршување на обуката, учесниците ќе работат со ментор кој ќе ги советува и ќе им помага при изработка на медиумските производи. Учесниците ќе имаат слобода да изберат различен формат кој ќе го користат при изработка на медиумските производи: веб, видео, аудио или печатени. Трошоците поврзани со спроведување на задачата ќе бидат соодветно надоместени по претходно одобрување и во согласност со политиката на организаторот.

Сите медиумски содржини кои ќе бидат изработени од младите учесници ќе бидат објавени и на социјалните мрежи на МОФ и УНФПА.

Краен рок за аплицирање е 1-ви март 2024, на следниот ЛИНК. Избраните учесници ќе бидат известени најдоцна до 5-ти март 2024 година. *Апликациите кои пристигнаа на отворениот формулар заклучно со 20.02.2024 година ќе се земат предвид во финалната селекција на учесници. Апликантите кои имаат аплицирано, нема потреба повторно да го пополнуваат апликацискиот формулар.

Доколку ви се потребни дополнителни информации или имате прашања, слободно обратете се на Ивона Кузмановска на ivona_kuzmanovska@mof.org.mk.

—————————————————————————————————————————————–

Përditësuar më 23.02.2024.

Fondi i Kombeve të Bashkuara mbi Popullsinë – UNFPA në partneritet me Forumin Rinor Arsimor (FRA) në kuadër të projektit rinor rajonal “Rinia për përfshirje, barazi dhe besim”, rishpallin thirrjen për të rinjtë për prodhimin e produkteve mediatike me temë: narativa konstruktive, nxitje e bashkëpunimit, dialog ndërkulturor, mirëkuptim dhe besim.

Thirrja është e hapur për të gjithë të rinjtë kreativë nga mosha 16 deri 26 vjeçare të cilët kanë deshirë të bëjnë ndryshime në komunitetin e tyre përmes prodhimit të produkteve mediatike në tema lidhur me  narativat konstruktive, nxitjen e bashkëpunimit, dialogun ndërkulturor, mirëkuptimin dhe besimin.

Kushtet dhe detyrimet e pjesëmarrësve në këtë programë

Kandidatët e interesuar për pjessëmarrje në këtë program duhet të jenë:

  • Të rinjë në moshën nga 16 deri 26 vjeç;
  • Të interesuar për temat e projektit;
  • Të mund të marrin pjesë në një trajnim kreativ katër ditor për ndërtimin e aftësive për përgaditjen e prodhimeve mediatike (7-10 Mars 2024);
  • Të angazhohen në punën në teren në bashkësite lokale dhe me ndihmën  dhe mbështetjen e mentorëve pas trajnimit të përpunojnë produktet mediatike.

Qëllimi kryesor i programit është të mbështes 15 të rinjë në promovimin e narativave pozitive, nga të rinjtë për të rinjtë të cilët do të nxisin bashkëpunim multietnik, përfshirje dhe barazi gjinore. *Gjatë përzgjedhjes së pjesëmarrësve do të meret parasysh shpërndarja gjeografike e aplikuesve.

Fushat në të cilat duhet të fokusohen produktet mediatike përfshijnë: 

  • Edukimi I bashkëmoshatarëve,
  • Identiteti dhe dialogu ndërkulturor,
  • Pjesëmarrja rinore,
  • Aktivizmi rinor dhe
  • Formësimi i perceptimeve për stereotipet, paragjykimet dhe diskriminimin.

Pjesëmarrësit e përzgjedhur do të kenë mundësi përmes sesioneve të ndryshme, përgjatë trajnimit katër ditor, të njihen me bazat e gazetarisë dhe zhvillimin e një tregimi, fotografinë gazetareske, teknikat për audio dhe video inçizimin dhe editimin e produkteve multimediale.

Pas përfundimit të trajnimit, pjesëmarrësit do të punojnë me mentor I cili do ti këshilloj dhe do ju ndihmojë gjatë përpunimit të produkteve mediatike. Pjesëmarrësit do të kenë lirinë të zgjedhin një format të ndryshëm të cilin do ta përdorin gjatë përpunimit të produkteve mediatike: web, video, audio apo të shtypura. Shpenzimet lidhur me zbatimin e detyrës do të rimbursohen në mënyrë adekuate pas miratimit paraprak dhe në pajtueshmëri me politikat e organizatorit.

Të gjitha përmbajtjet mediatike që do të përpunohen nga pjesëmarrësit e rinjë do të postohen edhe në rrjetet sociale të FRA-së dhe UNFPA-së.

Afati I fundit për aplikim është 1 Mars 2024, në këtë LINK. Pjesëmarrësit e përzgjedhur do të njoftohen më së voni deri më 5-së Mars viti 2024. *Aplikimet e mbërritura në formularin e hapur më 20.02.2024 do të merren parasysh në përzgjedhjen përfundimtare të pjesëmarrësve. Aplikuesit që kanë aplikuar, nuk është e nevojshme të plotësojnë formularin aplikues përsëri.

Nëse keni nevojë për informata shtesë apo nëse keni pyetje, mos ngurroni të kontaktoni Ivona Kuzmanovska në ivona_kuzmanovska@mof.org.mk.

Отвори го умот за нови перспективи: Приклучи се во студентски дебатен клуб!

 Младински образовен форум (МОФ) отвoра повик за членови на студентските дебатни клубови.

Дебатните клубови ќе се формираат на следните факултети:

– Правен факултет „Јустинијан Први”;

– Филозофски факултет;

– Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Обуките се бесплатни и отворени за студенти од сите факултети. Клубовите го следат British Parliamentary (BP) дебатниот формат кој претставува формат на студентска дебата. Обуката ќе трае во текот на летниот семестар на учебната 2023/2024 година, а по предавањата сите студенти ќе имаат можност да учествуваат на Национален студентски дебатен турнир.

Доколку си студент, те интересира дебата и аргументирано изразување, пријави се на следниот линк: https://forms.gle/4cKAiMeYfQWHkhcf9

Сите пријавени на овој формулар ќе бидат контактирани телефонски за повеќе информации околу програмата и започнувањето на предавањата.

Рокот за пријавување е 15-ти февруари 2024 година.

МОФ е младинска организација која од 1999 година овозможува образование за компетитивна дебата и критичко размислување.

Оваа активност е дел од проектот „Практикувај демократија“, спроведуван од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансиран од Британската амбасада во Скопје. 

 

[Deadline Extended] Regional Youth Mobility Leadership Programme CALL 2023/2024

The deadline for submitting your applications for the Regional Youth Mobility Leadership Programme has been extended! Submit your applications by 21.01.2024.

Youth Educational Forum (YEF), North Macedonia; Center Science and Innovation for Development (SCiDEV), Albania and Youth Initiative for Human Rights (YIHR), Serbia, are launching a Call for Participation in the Regional Youth Leadership Mobility Programme (RYLMP) for 2023/24. Support for the implementation of this programme is provided by the Open Society Foundations.

The Programme is open to youth (21-30 years old) from academia and civil society organizations, young professionals, young researchers, and youth activists in Albania, North Macedonia, and Serbia interested in developing capacities in the field of informed and data- driven advocacy, leadership, activism, and intercultural exchange, and in strengthening regional cooperation.

Candidates shall apply with their individual proposals for data-driven advocacy actions focusing on one of the priority thematic areas:
a) Regional cooperation and European integration,
b) Education and employability,
c) Migration and brain drain,
d) Youth participation, and
e) Youth action for the dual transition: digital and green.

Candidates are encouraged to apply with specific and narrow data-driven advocacy actions within the priority thematic areas mentioned above. After the evaluation, selected participants (RYLMP Fellows) will be matched in groups of three, one participant per country in line with their areas of interest. They will work with their peers on their data-driven advocacy actions with combined capacity-building, research mobility, and mentoring support.

Selected participants will spend a two-week research mobility period in each country according to the timeline detailed below. During the project duration, participants will participate in a capacity-building programme focused on relevant competencies for their work and mentoring programme to support their journey of data-driven advocacy actions. Selected participants (RYLMP Fellows) will benefit from the financial support provided by the Open Society Foundations to complete their data-driven advocacy actions, including capacity-building, research mobility, and mentoring.

The financial support includes travel, accommodation, allowances, and other related expenses to completing the mobility and data- driven advocacy actions. The working language of all activities will be English.

HOW TO APPLY?
Read the full Call for Applications for RYLMP 2023/24 (Download here)
Read the Frequently Asked Questions (Download here)

The application process has two steps:

Step I – submitting the following:
Interested candidates should fill in the Application Form, and upload
The RYLM Data-Driven Advocacy Action Proposal Template (Download here)
Curriculum Vitae
Letter of Recommendation, including a contact of the referee.
Only fully completed applications will be processed.
Step II – Interviews with short-listed candidates.
Interested applicants can also obtain more information through the websites of SCiDEV, YEF, and YIHR, or by sending written inquiries to the following e-mail address: rylmp.project@gmail.com.