Отворено предавање на тема „Design thinking“

Oваа сабота, на 27 март, ќе се одржи второто отворено предавање во склоп на проектот Младински претприемачки вештини.

Предавањето ќе биде на тема Design Thinking, а предавач ќе биде Софија Богева.

Сите заинтересирани може да се пријават овде, а на денот на предавањето сите пријавени ќе добијат линк за приклучување преку платформата за видео комуникација „Zoom“.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД

МОФ: Просветниот инспекторат да утврди одговорност за корупцијата на Државниот Универзитет во Тетово

Младински образовен форум, како организација која повеќе од 20 години работи на полето на квалитетни образовни и младински политики, изразува загриженост во врска со наодите споделени од неколку медиуми поврзани со Државниот универзитет во Тетово (ДУТ).

Имено, според публикацијата „Веритас“, може да се увиди дека професори на овој државен универзитет направиле плагијат, односно искористиле туѓо дело прикажувајќи го како свое. Со ова, членовите на академската заедница не само што постапиле нечесно, туку и постапиле спротивно на духот на начелата на Законот за високото образование. Истражувачкиот труд на Интелектуалната иницијатива за зголемување на квалитетот во универзитетското образование посочува дека Медицинскиот факултет при ДУТ е еден од упориштата за непотизам, плагијат, купопродажба на оценки, антиакадемска заедница и „интелектуална“ мафија.

Апелираме до надлежните институции, пред сѐ Државниот просветен инспекторат, да постапи по ова прашање во рамки на неговите надлежности и овластувања и финално да се увиди и утврди одговорноста за нечесното академско работење на дел од членовите на академската заедница при Државниот универзитет во Тетово.

Бараме доследна примена на Законот за високото образование, особено во делот на креирање на Агенцијата за квалитет во високото образование. Имено, според последните информации со кои располага МОФ, во рамки на оваа Агенција единствено е функционален еден орган, односно директорот на Агенцијата. Јавноста и академската заедница сѐ уште не се запознаени дали се формирани Одборот за евалуација и Одборот за акредитација како органи во рамки на Агенцијата кои имаат исто така надлежности и овластувања да постапат во овој случај.

Oчекуваме надлежните институции како што се Државниот просветен инспекторат, Државната комисија за спречување на корупција, раководството на Државниот универзитет во Тетово, Министерството за образование и наука, како и други државни органи, да постапат во рамки на своите овластувања и надлежности и да утврдат одговорност на оние кои работеле спротивно на Законот и академските вредности и принципи.

Се надеваме дека овој случај нема да застане само на јавно споделување и известување, туку дека ќе се работи во насока на спречување на корупцијата од секаков вид во рамки на високото образование, но и на охрабрување на студентите и младите воопшто – да реагираат за овие и ним слични коруптивни појави и практики. МОФ се залага за квалитетно образование и градење на академски кадри кои самостојно ќе истражуваат и ќе ја унапредуваат академијата. Ваквите коруптивни појави го девалвираат високото образование, негативно влијаат на неговиот квалитет и ги демотивираат студентите да напредуваат во академската сфера.

Предавање „Техники за подобро учење, помнење и справување со онлајн настава“

Во оваа година полна со предизвици, особено за учениците кои поминуваат голем дел од своето време онлајн и се заситени од онлајн наставата, потребно е да се понудат алатки за полесно справување со ситуацијата. На ова предавање ќе зборуваме за техники за подобро учење за учениците кои имаат проблем со учењето и помнењето.

Предавањето „Техники за подобро учење, помнење и справување со онлајн настава“ ќе се одржи на 15-ти март во 18:00 часот.  Предавањето ќе го одржат Ивана Цилевска и Клементина Добревска од Психеско.

Учесниците на предавањето ќе се здобијат со корисни техники и совети за подобро учење и помнење, ќе добијат информации како полесно да менаџираат со онлајн наставата, но и како да се справат со стресот од ваквата настава преку примери и дискусија.

За да присуствувате на предавањето потребно е да се регистрирате однапред на следниот линк најдоцна до 14-ти март (недела). Пред настанот на вашата мејл адреса ќе Ви биде споделен линк за приклучување на Zoom.

За предавачите:

Ивана Цилевска е студентка од трета година на Институот за Психологија при УКИМ. Активен член е на ЗСП Психеско веќе 3 години, а од 2020 година ја има функцијата на Координатор на Човечки Ресурси во здружението. Дел е од многубројни организации и ужива да учествува во различни проекти. Особен афинитет има кон истражувачкиот дел на психологијата.

Клементина Добревска, апсолвент на Институтот за Психологија при УКИМ и претседател на ЗСП Психеско. Слободното време го користи како волонтер во првата детска амбасада – Меѓаши. Заинтересирана е за хуманистичките пристапи од психологијата, а најинтересна област и е форензичка и детска психологија.

Настанот е организиран од Младински образовен форум со поддршка од Иницијативата за демократија на Западен Балкан на Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Еuroquizion – online quiz contest for high school students

12 points go to… Оној кој знае најмногу на тема Европска Унија/ Пријави се на: https://forms.gle/SJ7ZMNV6J1ytFBg5A
12 pikë shkojnë për… Ai që di më shumë për Bashkimin Evropian / Regjistrohu në:https://forms.gle/SJ7ZMNV6J1ytFBg5A

Facebook event: EuroQuizion – online quiz contest for high school students | Facebook

Младински образовен форум подготви квиз со натпреварувачки карактер – „Евроквизија“ за сите
средношколци кои сакаат да ги истестираат своите познавања за Европската Унија!
Без разлика дали за ЕУ знаеш од лекциите по „Вовед во право“ или пак си full-on запознат со
целта, земјите-членки и институциите на Унијата ова е можноста за да ги провериш и
продлабочиш своите знаења, а притоа и да освоиш некоја награда.
Квизот ќе се одвива онлајн, првиот круг на натпреварување е на 03.03.2021 (среда) а најголемите
познавачи на Европската Унија ќе се наптреваруваат за 3те главни награди во финалето на
10.03.2021. Квизот ќе се одржи на платформата Kahoot, а повеќе информации за изведбата можеш
да најдеш на Формуларот за пријавување.

Сподели со твоите пријатели и почни со „тренирање“ за натпреварот во знаење!

За повеќе инфо сме достапни на  info@mof.org.mk
*оваа активност е финансирана од Европската Унија

 

Еuroquizion – online quiz contest for high school students

Forumi Arsimor Rinor ka përgatitur kuiz me karakter konkurrues – "Eurovision" për të gjithë nxënësit e
shkollave të mesme që duan të testojnë njohuritë e tyre për Bashkimin Evropian!

Pavarësisht nëse për BE-në, di nga leksionet e "Hyrje në drejtësi" ose jeni plotësisht të njohur me
qëllimin, shtetet anëtare dhe institucionet e Bashkimit, kjo është mundësi për të provuar dhe thelluar
njohuritë, ndërsa njëkohësisht të fitoni ndonjë çmim.
Kuizi do të zhvillohet online, raundi i parë i garës është më 03.03.2021 (e mërkurë) ndërsa njohësit më
të mëdhenj të Bashkimit Evropian do të garojnë për 3 çmimet kryesore në finalen më 10.03.2021. Kuizi
do të mbahet në platformën Kahoot dhe më shumë informacion në lidhje me realizimin mund të
gjenden në Formularin e Aplikimit.

Ndani me miqtë tuaj dhe filloni "trajnimin" për garën për njohuri!
Për më shumë informacion, jemi në dispozicion në info@mof.org.mk
* Ky aktivitet financohet nga Bashkimi Evropian

Матурантите мора да имаат навремени и целосни информации за подготовка на матурските испити!

Младински образовен форум (МОФ)  ја истакнува својата загриженост за процесот на спроведување на полагањето на државната матура во текот на учебната 2020/2021 година.

Поаѓајќи од организациските вредности и заложби и имајќи ги предвид позициите на директно засегнатите страни во процесот на полагање на матурскиот испит апелираме дека во вакви пандемски услови треба дополнително да се обрне внимание и да се вложат напори за  навремено проследување на потребните информации и поддршка за учениците во процесот на подготовка за матурскиот испит.

Како организација сметаме дека матурата е важен сегмент за заокружување на средното образование и како таков мора да се спроведе квалитетно и промислено. Ова значи дека треба внимателно да се одбере начинот на кој ќе се постапи и да се вложи труд за непречено да се спроведе овој испит во услови и околности предизвикани од вирусот КОВИД-19 и светската пандемија. Клучен приоритет треба да бидат здравјето, безбедноста и информираноста на сите вклучени во процесот на подготовка и полагање: учениците, наставниот и административниот кадар, техничкиот персонал, како и набљудувачите.

Сериозен фактор кој влијае врз вознемиреноста и предизвикува стрес кај матурантите е чувството дека недостасува поддршка од наставниот кадар во подготовката на матурските испити, но и располагање со сите потребни информации за полагањето на матурските испити. На учениците им недостасуваат информации за направената скратена програма во содржините потребни за изучување и подготовка на матурскиот испит. Моментално, во сите училишта не е започната подготовка на матурата и недостасува поддршка од страна на наставниот кадар. Оттука, МОФ апелира во рамки на сите училишта да се организираат часови за информирање и подготовка за матурските испити и да се назначат професори кои ќе бидат контакти за информирање во врска со матурата и кои би биле на располагање на учениците во однос на нивните нејаснотии, прашања, грижи и недостатоци во знаењето и подготовката на материјалот за матурските испити.

Надлежните институции се должни да овозможат еднаков пристап на сите ученици при спроведувањето на матурскиот испит и да не ги стави во неповолна позиција учениците кои би биле во евентуална изолација и не би можеле да го полагаат својот матурски испит поради КОВИД-19. Ограничувањето на матурските испити на два испитни рокови, како што беше практикувано до сега, има недостатоци поради тоа што оневозможува полагање на испитот за учениците кои се заболени, или пак во изолација поради контакт со заболен од КОВИД-19. Доколку се случи ова, тие ќе мора да го полагаат испитот во испитниот рок во август што значително ги намалува нивните шанси за конкурирање и упис на факултет. Од овие причини предлагаме надлежните институции да предвидат уште еден дополнителен термин за полагање на матурскиот испит, во текот на месец јули кој ќе биде првично наменет за  учениците кои биле спречени да полагаат во јуни.

Како организација препорачуваме итно информирање на учениците за овогодинешното полагање на матурските испити од содржински аспект и локација, но и термини и услови во кои ќе се полага матурскиот испит. Од клучно значење е поддршката која учениците ќе ја добијат од наставниот кадар и токму поради тоа апелираме итно интерно организирање на подготовка за матурските испити во училиштата.  Со цел овозможување на иста позиција на сите матуранти кои ќе го започнат своето високо образование оваа година, потребно е институциите да обезбедат испитен рок во јули, наместо само августовскиот „поправен“ рок.

Потсетуваме дека навремена комуникација со матурантите и обезбедување на нивна поддршка во целиот процес е клучна за успешно организирање и спроведување на матурскиот испит кој е особено значаен момент во образовниот процес на младите луѓе.

Младински образовен форум ќе продолжи и понатаму будно да го следи процесот на полагање на матурскиот испит како би се овозможило целосна информираност и соодветни услови на матурантите за подготовка на државната матура.

94 граѓански организации велат „ДА“ за еднаквоста, инклузијата, родовата рамноправност и заштитата од дискриминација и од насилство во новата концепција за реформи во основното образование

Ние подолупотпишаните здруженија, фондации и мрежи на граѓанскиот сектор изразуваме поддршка за приоретизирањето на родовата рамноправност и на заштитата од дискриминација и насилство во предлог-концепцијата за реформи во основното образование. Интеграцијата на родовите прашања во основното образование несомнено ќе влијае на подолг рок врз намалување на родовите стереотипи кај децата и врз градењето на инклузивно и поправедно општество кое за повеќето граѓани е од национален интерес.

Имајќи предвид дека бројни анализи на учебниците од основно, средно и високо образование укажаа на присуство на родови стереотипи и дискриминаторски наративи, а дополнително и комплетно или релативно отсуство на дадени социјални групи (жени, лица со попреченост, етнички други, ЛГБТИ итн.), ја поздравуваме насоченоста на новата концепција кон надминување на овие крупни проблеми во продукцијата на знаења и вештини во рамките на образованиот процес.

Воведувањето на изборен предмет за сексуално образование, како што предвидува новата концепција, дополнително ќе придонесе кон поголема информираност на младите за еднаквоста на луѓето, заштитата од насилство и намалувањето на дискриминацијата. Младите ќе бидат насочени повеќе кон логичко учење наместо фактографско, ќе имаат можност за дискусија, саморефлексија, носење на заклучоци преку интеракција, тимска работа и отвореност за туѓите приказни и искуства. Оттука, младите ќе научат да го земаат предвид како туѓото, така и своето мислење и потреби, ќе бидат емпатични и отворени за различности.

Резултатите од последната Студија за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст од Северна Македонија покажуваат дека да се омаловажува, да се навредува и да се довикуваат погрдни имиња со намера да се нанесе повреда е одомаќено однесување меѓу учениците во нашите училишта. Малтретирањето започнува на 11-годишна возраст, па дури и порано, го има својот пик во 13-та година, и натаму има тенденција да опаѓа. Сето ова влијае врз животот и здравјето на младите, кои според оваа студија искусуваат нерасположение и чувства на тага и безнадежност кои се зголемуваат со возраста, а суицидните мисли и планирањето на самоубиство се исто така застапени и наместо да се намалат, тие прогресираат со возраста.

Минатите недели сме сведоци на јавни објави на повеќе жени актерки за сексуалното малтерирање во Србија, што уште еднаш покажува дека жените се жртви на постојано насилство по родова основа. За жал, со вакви примери се сретнуваме сè почесто, а тоа го докажува и истражувањето на ОБСЕ од 2019 година кое укажува дека дури две третини жени од регионот претрпеле некаков вид на насилство. Случајот Јавна соба во Македонија исто така ни покажа дека денес девојчињата сè повеќе се предмет на сексизам и сексуално вознемирување и дека постои итна потреба од нивна системска заштита. Радува што жените сè повеќе денес се охрабруваат јавно да зборуваат за насилството и за вознемирувањето, но училиштето е вистинското место каде што дополнително треба да се стимулира учењето за еднаквоста и правичноста меѓу жените и мажите и за заштитата од сексуалното насилство.

Најзагрозените од родовите нееднаквости се лесно препознатливи во ранливите, немоќните, оние на кои им се одземени слободите и правата. Најчесто тоа се жените, девојчињата, сиромашните, различните и родово нетипичните, но и многу други, прикриени под превезот на сите други видови нееднаквости. Токму затоа, сметаме дека е важно покрај барањето на одговорност во насилниците, да погледнеме пошироко, во социо-политичките и културолошките услови на заедницата, општеството и образованието во кои нееднаквоста се создава и опстанува.

Учењето и прифаќањето на родовите идентитети ќе овозможи подобра интеграција на сите ученици со сите свои различности, а со тоа и намалување на родово-базираното насилство и булингот во училиштата. На децата и ранливите групи на млади им треба безбедна средина во училиштето, во која секој ќе се чувствува заштитен и подеднакво згрижен без разлика на неговата различност.

Учењето за етничките различности и нивното прифаќање во услови на зголемен диверзитет во општеството, како и поттикнувањето на интеркултурализмот ќе придонесат кон унапредување на еднаквоста и интеграција на децата од различни култури, етникуми и идентитети. Надминувањето и почитувањето на етничките различности е значајно кога зборуваме за инклузија во образовниот процес, а особено е значајно за намалување на насилството помеѓу учениците кое во изминатите неколку години бележи пораст на случаи кои во основата ја имаат токму етничката припадност на учениците.

И покрај тоа што новата концепција на основното образование ги потенцира принципите на родовата рамноправност и заштитата од дискриминација, го предлагаме и следново:

  1. Воспоставување на национален родово образовен механизам под покровителство на Министерството за образование и наука кој ќе следи и ќе ги одобрува наставните планови и учебниците кои ќе се користат во образованието за да се гарантираат принципите на еднаквост и заштита од дискриминација и од говор на омраза од аспект на род, пол и родов идентитет;
  2. Создавање на задолжителен систем на едукација и кариерен развој на наставниците во унапредување на нивните компетенции за родовите прашања, еднаквоста и недискриминацијата преку програмите за обука на наставници во рамките на Бирото за унапредување на образованието;
  3. Следење на препораките на УНЕСКО при подготвувањето на наставните програми и содржини за сеопфатно сексуално образование кој се предлага како слободен изборен предмет во основното образование, а како проширување на веќе стекнатите знаења во рамките на постоечките редовни наставни содржини. Следењето на европските и светските добри пракси и научни стандарди се еден вид гаранција за да се обезбеди дека прашањата на родова еднаквост, заштитата од дискриминација и родово базираното насилство се засновани на принципите на човекови права, а не на погрешни назадни родови или популистички идеологии;
  4. Унифицирање на практиките на прибирање податоци за насилство во училишта на национално ниво под покровителство на Министерство за образование и наука, а во соработка со Град Скопје и со секторите за образование при општините (ЗЕЛС);
  5. Поттикнување на интеркултурализам и надминување и прифаќање на етничките различности со цел намалување на врсничкото насилство и интеграција на сите ученици во рамките на наставните програми за основното образование.

 

Потписници:

  1. Платформа за родова еднаквост
  2. Мрежа за заштита од дискриминација
  3. Глас против насилство – Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
  4. Платформа за одржливост на услугите за превенција и поддршка во врска со ХИВ
  5. Македонска платформа против сиромаштија
  6. Национална мрежа за борба против хомофобија и трансфобија
  7. Коалиција на младински организации СЕГА
  8. ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
  9. Коалиција Маргини
  10. Хелсиншки комитет за човекови права
  11. МОФ – Младински образовен форум
  12. ФООМ – Фондација Отворено општество Македонија
  13. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
  14. Акција Здруженска
  15. Мрежа Стела
  16. Реактор – Истражување во акција
  17. НСРР – Национален совет за родова рамноправност во соработка
  18. Хуманитарно здружение „Мајка“ од Куманово
  19. Здружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк.
  20. Женски форум Тетово
  21. Организација на жените на општина Свети Николе
  22. СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ
  23. РСМ ТрансФормА
  24. ЛГБТИ Центар за поддршка
  25. Здружение за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР Скопје
  26. ЛЕЗФЕМ
  27. Еквалис
  28. Здружение за поддршка и развој Хуманост
  29. СОС Детско село Северна Македонија
  30. Здружение на мултиетничко општество за човекови права, Штип
  31. Бела Виста –Институт за одржлив рурален и регионален развој
  32. Сумнал – здружението за развој на Ромската заедница
  33. АДРР Сонце – Тетово
  34. Здружение Глобал
  35. Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа
  36. КХАМ – Делчево
  37. Романо Чачипе – Асоцијација за развој и промоција на ромската заедница
  38. НРЦ – Национален ромски центар
  39. Здружение Центар за образовна поддршка Дендо вас од Скопје.
  40. ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците
  41. Ромалитико – Институт за истражување и анализи на политики
  42. Здружението на просветни работници и заштита на права на жените и децата Роми ЛИЛ
  43. Ромска aсоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ”
  44. Амбрела – Центар за интеграција
  45. Станица П.Е.Т.
  46. Визија Кавадарци
  47. Организација на жени – Велес
  48. Организација на жени – Скопје
  49. Кортекс Тетово
  50. НВО инфо центар
  51. Македонско здружение на млади правници
  52. Tакт
  53. Здружение за родова еднаквост – Една Може
  54. Женска Акција – Радовиш
  55. Кризен Центар – Надеж
  56. Женска граѓанска иницијатива ,,КЛЕА“, Битола
  57. Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
  58. Здружение ЕГАЛ – Еднаквост за геј и лезбејки, Скопје
  59. Здружение за поддршка на маргинализирани работници – СТАР-СТАР,Скопје
  60. Црвен крст на Република Северна Македонија
  61. Опција Охрид, Охрид
  62. Зона, Кавадарци
  63. ХЕЛП – Гостивар
  64. Младински клуб – Штип
  65. Здружение за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанции – Избор, Струмица
  66. Асоцијација за здрави животни стилови ПУЛС – Куманово
  67. Центар за развој на граѓанско општество Виа Вита – Битола
  68. Здружение Доверба – Скопје
  69. ИЧП – Институт за човекови права
  70. Организација на жени од Струмица
  71. ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена
  72. КСП Центар – Јадро
  73. Здружение – Проектен простор прес ту екзит
  74. Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата
  75. Здружение за литература, култура и уметност – Галикул
  76. Здружение на уметници Културен центар Медиа Артес – Охрид
  77. Здружение на јавни службеници на Северна Македонија
  78. ЗМАИ – Здружение за истражување и анализи
  79. Рурална Коалиција
  80. Здружение Факултет за работи кои не се учат
  81. Национална асоцијација за континуиран одржлив развој и демократија – КОРД Скопје
  82. Центар за социјални Иницијативи Надеж – Скопје
  83. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
  84. Организација на жени на град Скопје
  85. Коалицијата Сите за правично судење
  86. Центар за правни истражувања и анализи
  87. Центар за интеркултурен дијалог – ЦИД Куманово
  88. Центар за истражувања и анализи НОВУС Струмица
  89. Центар за младински актинизам – Крик
  90. Фондација за локален развој и демократија Фокус – Велес
  91. Здружение на млади Креактив
  92. Скај Плус Струмица
  93. ЕХО едукативно хуманитарна организација
  94. Нексус – Граѓански концепт

Отворено предавање „Средношколско организирање на генерацијата Zoom: Како до успешни средношколски заедници?“

Што е средношколско учество, а што неучество?

Зошто е важно учениците да учествуваат во одлучувањето уште од најмлада возраст?

Како една средношколска организација да биде успешна?

Како да не замре ученичкото учество во време на пандемија?

Ова се прашањата на кои ќе се обрне внимание за време на отвореното предавање „Средношколско организирање на генерацијата Zoom: Како до успешни средношколски заедници?“ кое ќе го одржи Матеј Поп-Дучев на 27-ми јануари (среда) од 18:00 часот на платформата за видео комуникација ZOOM.

Ако сте претседател/ка или член на средношколска заедница, сакате да формирате средношколска заедница или едноставно сакате гласот на учениците повеќе да се слуша во училиштата, тогаш ова предавање е за вас.

Целта на предавањето е учесниците да се стекнат со доволно информации, знаења и вештини кои ќе можат да ги пренесат на нивните соученици и да ги применат во работата на нивните организации.

За да присуствувате на предавањето потребно е да се регистрирате однапред на следниот линк најдоцна до 26-ти јануари. Пред настанот на вашата мејл адреса ќе Ви биде споделен линк за приклучување на Zoom.

Настанот е организиран од Младински образовен форум со поддршка од Иницијативата за демократија на Западен Балкан на Фондацијата за демократија на Вестминстер.

За предавачот: Матеј е поранешен студент по Медицина и Глобално здравство на Универзитетот во Гронинген, Холандија, а во моментов работи во Програмата за истражување, анализа и креирање на младински политики во МОФ. Периодов Матеј работеше на истражување за средношколско организирање и учество во средните училишта на Град Скопје. Покрај тоа, Матеј е долгогодишен дебатер во МОФ и во моментов предава во напредниот клуб по средношколска дебата.

Вклучи се во средношколски клуб за претприемништво!

Постојано ти текнуваат нови идеи за стартап? Сакаш да станеш претприемач? Заинтересиран/а си за учење нови вештини? Како од идеја до реализација на твјот бизнис-план?

Драги средношколци, Младински образовен форум отвара повик за нови членови во клубовите за Младински претприемачки вештини.

Младинските клубови за претприемачки вештини нудат развивање на вештини во полето на претприемништвото и ќе обезбедат применување на знаењето преку пракса и развивање на сопствен бизнис-план со помош на ментор.

Средношколците од Штип, Гостивар и Охрид во периодот од февруари до мај ќе се среќаваат еднаш неделно, на платформата за видео комуникација ZOOM за да ги следат предавањата од страна на експертите, а како дел од надоградувањето на знаењата, ќе се остварат и 4 отворени предавања кои ќе бидат одржани од американски експерти во ова поле.

Најуспешните членови ќе имаат можност да посетуваат практична настава во својот град, односно во локален бизнис со цел да го применат знаењето кое било стекнато за време на предавањата во клубовите.

Доколку сакаш да научиш повеќе за лидерство, тимска работа, аналитички вештини, што значи стартап, кои се можностите за маркетинг во денешното општество и се’ останато поврзано со водење на свој бизнис, пријави се со пополнување на овој формулар!

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени се на имплементаторите/авторите и не ги одразуваат оние на Владата на САД.