Продолжен рокот за аплицирање за регионална мобилност на млади истражувачи

Младински образовен форум (МОФ), Центар за наука и иновации за развој (SCiDEV) од Албанија и Центар за образовна политика (ЦЕП) од Србија објавуваат повик за истражување, активизам и зајакнување на регионалната соработка меѓу трите земји наменет за млади лица.

Повикот е дел од Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP) за 2022/23 и е отворен за млади луѓе на возраст од 20 до 30 години.

Сите кои се заинтересирани треба да аплицираат со предлог-теми за обработување за време на мобилноста и тоа во склоп на една од овие области: Регионална соработка,  Младинска невработеност, Миграција и одлив на мозоци, Учество на млади и Младинска акција за заштита на животната средина.

Процесот на аплицирање ќе се врши во два чекори. Најпрво сите заинтересирани за аплицирање ќе треба да пополнат формулар за аплицирање кој е достапен на овој линк, биографија (CV) и писмо со препорака, а понатаму ќе биде извршена евалуација на пристигнатите апликации и апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Потоа избраните учесници ќе бидат споени во мешани тимови во согласност со нивните предлог-теми. Сите избрани ќе поминат период на мобилност во времетраење од две до три недели во секоја од земјите, каде што ќе работат на одбраните теми заедно со членовите од тимот и нивните ментори.

Рокот за аплицирање на повикот е најдоцна до 31 јануари 2023 година.

На учесниците кои ќе бидат ќе им биде обезбедена финансиска поддршка за да ги завршат нивните проекти и да ги покријат трошоците за мобилност.

Повеќе информации за повикот може да најдете тука.

За дополнителни прашања може да се обратите на оваа е-адреса: joana_treneska@mof.org.mk

Финансиската поддршка за учество во програмата е обезбедена од Фондацијата Отворено општество.

Jавен повик за набавка на ново патничко возило за потребите на Pop-Up Корнерот

Младински образовен форум (МОФ) објавува јавен повик за набавка на ново патничко возило со најповолна цена и квалитет за потребите на Pop-Up Корнерот во рамки на проектот „Американски катчиња во Северна Македонија“.

За проектотПроектот „Американски катчиња во Северна Македонија“ ќе ги задоволи потребите за теренски активности преку кои поширока група млади луѓе ќе бидат насочени за зголемен пристап до неформална едукација, иновација, инспирација и култура.

За понудата: Понудувачот треба да креира понуда за патничко возило со најповолни цени и квалитет сè со цел планираните активностите на Pop-up корнерот да бидат квалитетно и навремено реализирани. Патничкото возило ќе се користи за пренос на материјали, опрема, инвентар, реквизитти и сл.

Специфични барања:

  • Возилото да биде со поголем простор за можност за пренос на материјали;
  • Возилото да не биде произведено од руска автомобилска индустрија;
  • Целосната сума на патничкото возило да не ја надминува сумата од $20,000 во денарска противвредност;
  • Возилото да биде со 5 врати.

Избор на понудата:

Изборот на најсоодветната понуда ќе се врши врз основа на оценување. Оценувањето на понудите ќе се врши од страна на комисија креирана од Младински образовен форум која ќе ги оценува со поени од 1 до 5. Понудата која ќе освои најголем број на поени ќе биде таа што ќе биде прифатена.

Инструкции за достава на понудата:

Понудата треба да се достави во соодветна форма т.е. на меморандум од компанијата – понудувач, изработена на македонски јазик во 3 (три) примероци. Цените на услугите треба да бидат наведени во македонски денари со вклучен ДДВ.

Понудата треба да содржи печат и потпис од одговорно лице и да биде доставена во затворен плик, адресиран согласно подолу наведеното:

Назив: Јавен повик за набавка на ново патничко возило

Младински образовен форум (МОФ)
Ул. Дренак 34/а
1000 Скопје
Р. Северна Македонија

Рок за достава на понудите: до 26.12.2022 (понеделник) до 17:00 часот.

Отворањето на понудите ќе се врши на 27.12.2022 година, во 15:00, во просториите на Младински образовен форум од страна на тричлената комисија.

На понудувачите не им следат надомести за трошоци или компензација за трошоци кои настанале за време на изработката и доставата на понудата.

Понудувачите можат да испраќаат прашања поврзани со барањето за достава на понуди и спецификацијата на услуги на следните мејл адреси: info@mof.org.mk и ilina_pophristova@mof.org.mk, или на телефонскиот број 075/421-474 најдоцна до 26.12.2022 до 15:00 часот.

Regional Youth Leadership Mobility Programme (RYLMP): Call for Applications for 2022/23

Youth Educational Forum  (YEF), North Macedonia, Center Science and Innovation for Development (SCiDEV), Albania and Centre for Education Policy (CEP), Serbia; and , are launching a Call for Participation in the Regional Youth Leadership Mobility Programme (RYLMP) for 2022/23. Support for the implementation of this programme is provided by the Open Society Foundations.

Regional Youth Leadership Mobility Programme (RYLMP) was a seven-month project developed jointly by the Centre for Education Policy (CEP), Serbia, and Center Science and Innovation for Development (SCiDEV), Albania, targeting young individuals who want to participate actively and contribute to change in the society and/or local community and have the capacity to influence societies in the future. RYLMP showed a unique opportunity for youth from Serbia and Albania to meet and work together, breaking the cultural and other barriers and improving the research competencies of participants. The implementation of the RYLMP in 2021 and early 2022 paved the way for the continuation and scaling up of the programme, this time including Youth Educational Forum (YEF), North Macedonia, into the programme.

The Programme is open to youth (21-30 years old) from academia and civil society organizations, young professionals, and youth activists in the respective countries interested in developing capacities in the field of informed and data-driven advocacy, leadership, activism, and intercultural exchange, and in strengthening regional cooperation among Albania, North Macedonia, and Serbia.

Candidates shall apply with their individual proposals for informed and data-driven advocacy actions focusing on one of the topics: a) Regional cooperation, b) Education and employability, c) Migration and brain drain, d) Youth participation, and e) Youth action for the environment.

After the evaluation, selected participants will be matched in mixed teams in line with their areas of interest. They will work with colleagues from other countries on their data-driven advocacy with combined capacity-building and mentoring support. Selected participants will spend three weeks mobility period in each country according to the timeline detailed below. During the project, participants will participate in a capacity-building programme focused on relevant competencies and skills for their work and mentoring programme.

Selected participants will benefit from the financial support provided by the Open Society Foundations to complete their projects and cover mobility costs. The working language of all activities will be English.

HOW TO APPLY?

Read the full Call for Applications for RYLMP 2022/23 (Download here)

Read the Frequently Asked Questions (Download here)

The application process has two steps:

Step I – submitting the following:

  1. Interested candidates should fill in the Application Form, and upload
  2. The RYLM Data-Driven Advocacy Action Proposal Template (Download here)
  3. Curriculum Vitae
  4. Letter of Recommendation, including a contact of the referee.

Only fully completed applications will be processed.

Step II – Interviews with short-listed candidates.

Повик за есеј на тема поврзана со бегалци, лица без државјанство и мигранти

Младински образовен форум, во партнерство со УНХЦР, објавува повик за есеј на тема поврзана со бегалците, барателите на азил, лицата без државјанство и мигрантите.

Оваа активност има за цел да ја подигне едукацијата на јавноста за бегалците, барателите на азил, лицата без државјанство и мигрантите.

Во рамки на активноста, предвидено е да се реализираат гостински предавања со цел на пријавените на повикот, да им се разјасни статусот на бегалците, барателите на азил, лицата без државјанство и мигрантите.

По доставувањето на есеите, стручна комисија во која ќе членуваат претставници од МОФ, РадиоМОФ и УНХЦР ќе ги оцени и рангира најдобрите есеи. Првите три ќе бидат објавени на социјалните мрежи и на веб-страните на Младински образовен форум, Радио МОФ и УНХЦР. Најдобриот есеј ќе биде објавен на 20.06.2022 на Денот на бегалците.

За наградените три есеи се предвидени следните награди:

  • Прво место, награден ваучер во NEPTUN или Академска книга во вредност од 8.000 денари;
  • Второ место, награден ваучер во NEPTUN или Академска книга во вредност од 6.000 денари;
  • Трето место, награден ваучер во NEPTUN или Академска книга во вредност од 4.000 денари.

Може да аплицираат сите заинтересирани од 15 до 29 години, на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 05.06.2022 (недела, до 23:59 часот).

Заинтересираните, своите есеи може да ги поднесат на македонски, албански или англиски јазик.

За сите дополнителни информации може да се обратите на risto_saveski@mof.org.mk.

Активноста е финансирана со средства на Миграцискиот повеќепартнерски доверителски фонд, во заедничкиот проект имплементиран од Агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР и партнерските агенции на ОН. Содржината создадена во рамките на активноста не нужно ги отсликува ставовите на Фондот, УНХЦР и партнерските организации на ОН.

American Corner Activities Specialist wanted in Skopje (part-time)

The American Corners in North Macedonia are seeking a reliable and responsible individual who have strong communication skills to fulfill position as part-time (20 hours per week) Activities Specialists in Skopje.

LOCATION: American Corner Skopje

NUMBER OF POSITIONS: 1

APPLICATION DEADLINE:  April 15, 2022

WORKING HOURS:  Part-time (20-hours per week) position on an honorarium contract basis for a period up to nine months (with 3 month renewal).

Starting date: May, 2022

Summary:

The American Corners of North Macedonia are centers that provide information about the United States and encourage dialogue and cooperation between the people of the United States and of the Republic of North Macedonia through learning and professional development opportunities, cultural exchange activities, and sharing of information resources. The American Corners serve as venues for workshops, discussions, film or video showings, holiday celebrations, English language conversation groups, meetings of people who have studied or traveled in the United States, programs for professional and educational development in an American-style learning environment, and other events as scheduled. The American Corners are supported by the U.S. Department of State and administered through the Public Affairs Section of the U.S. Embassy in Skopje.

Responsibilities

  • Creating, designing, and organizing activities (programs) and events, in cooperation with the other AC staff and Embassy, with particular emphasis on science and technology, young people, community engagement, education, English language learning etc.
  • Preparing venues, promo materials, handouts, logistics, social media content, etc., for activities and events.
  • Communicating and networking with other American Corners, English language libraries, universities, cultural centers, and civil society organizations
  • Keeping accurate records of usage of materials, numbers and types of clients, visitors, etc., and preparing statistical and narrative reports on activities.
  • Training volunteers, residents, and community members to assist with AC Skopje activities.
  • Maintaining the equipment and books and library system of AC Skopje.
  • Inputting new members in the library system and checking out and returning books.
  • Assisting AC library members in locating and using reference materials.
  • Serving as a TOEFL and GRE test administrator.

Qualifications:

  • Ability to communicate effectively orally and in writing in English and Macedonian.  Effective communication in Albanian language is preferred but not required.
  • High school degree is required.  Higher education in a relevant field, such as English, education science, business, and computer science is highly preferred.
  • Excellent basic computer skills, including excellent ability to use Microsoft Windows and Microsoft Office.
  • Relevant marketing and social media experience is preferred.  Relevant experience may include a demonstrated ability to use basic graphic design software, webpage design software, or other technical computer skills for advertising and event organizing.
  • Having an enthusiastic interest in organizing and publicizing events for young adults is required. Experience planning events and conducting outreach to audiences is preferred.
  • Competency and experience facilitating and participating in group activities.  Ability to work with people from diverse background, including youth, adults, elderly and persons with disabilities.
  • Ability to prepare and update written reports and correspondence.
  • Excellent demonstrated customer service skills and ability to communicate effectively, clearly, and appropriately with colleagues, visitors, and the general public verbally and in writing.
  • Effective oral presentation abilities.
  • Knowledge of the history, values, society, culture, and education of the United States of America.

To Apply:

Interested candidates for this position should submit a CV and a motivational letter to ACMVacancies@state.gov by April 15, 2022 with an email subject line reading “ACS Activities Specialist”. Only selected candidates will be contacted for an interview.

Повик за изработка и реализација на едукативни модули за обука на студентски правобранители

Младински образовен форум (МОФ) во рамки на проектот „Студентска перцепција за дискриминација“, поддржан од Фондацијата Oтворено општество – Македонија, отвора повик за изработка и реализација на едукативни модули од пет целини за повеќе неделна обука наменета за јакнење на капацитетите на студентските правобранители во борбата против дискриминацијата во високото образование.

Целта на оваа обука е јакнење на капацитетите на студентските правобранители и надоградба на нивните знаења од областа на спречувањето на дискриминација и постапувањето по истата.

Тематските целини за кои треба да се креираат предавања се:

  • Запознавање со дискриминацијата и негативните последици од истата:
  • Анализа на поимот дискриминација, облиците во кои таа се јавува, како и домашната регулатива и институции кои постапуваат по истата.
  • Улогата на студентските правобранители и заштитата на студентските права и обврски:
  • Анализа на надлежностите и обврските на студентските правобранители, анализа на студентските права и обврски, и можностите за нивна заштита на универзитетско ниво како и опфаќање на практичната заштита на правата на студентите преку поднесување на претставки, приговори и други правни поднесоци.
  • Застапување и лобирање:
  • Предавање за застапување и лобирање пред надлежните органи за заштита на студентите од дискриминација.
  •  Комуникација со јавност и студенти:
  •  Алатки и модели за соодветна комуникација со јавноста и студентите од страна на студентски правобранители
  •  Ментално здравје и психолошки пристап кон жртвите:
  • Можности за обезбедување психолошка поддршка и советување кон студентите жртви на дискриминација

    Избраниот/те кандидат(ка)/и(ки) ќе треба:

  • Да подготви концепт и содржина за конкретниот модул во тематската целина за која поднесува предлог. Во концептот треба да биде опфатен детален опис на сесиите кои би биле опфатени, односно да ја опише содржината и активностите што ќе се реализираат во рамки на тематската целина.
  •  Да реализира предавање/а на избраната/ните тематска/ки целина/и во рамки на повеќе-неделниот модул.

Предавањата за секоја тематска целина треба да изнесуваат најмалку 90, а најмногу 240 минути.

Заинтересираните треба да ја достават својата апликација за ангажманот на електронската адреса policy@mof.org.mk не подоцна од 24.09.2021 година (петок) 18:00 часот со наслов: „Пријава за креатор на концепт на едукативен модул за студентски правобранители“.

Кандидатите можат да аплицираат за една или повеќе тематски целини. Во пријавата кандидатите треба да ги поднесат следните документи:

– Лична биографија (CV) на македонски јазик;
– Нацрт-концепт за тематска целина;

Експертите/експертките ќе бидат ангажиран/а во периодот од септември до ноември 2021 година.
За дополнителни информации или прашања слободно обратете се на електронската адреса borjan_eftimov@mof.org.mk.

Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено oпштество – Македонија.

Повик за ангажирање на експерт/ка за креирање на методологија за истражување и спроведување на истражување за студентската перцепција за дискриминација на државните универзитети

Младински образовен форум (МОФ) во рамки на проектот „Студентска перцепција за дискриминација“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија, отвора повик за ангажирање на 1 (еден/на) експерт/ка за подготовка на методологија за истражување и спроведување на истражување за студентската перцепција за дискриминација при државните универзитети.

Избраниот кандидат, односно кандидатка, ќе треба да подготви методологија за истражување, како и да го спроведе истражувањето за студентската перцепција за дискриминација при универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Државниот универзитет во Тетово, „Св. Климент Охридски“ – Битола и „Гоце Делчев“ – Штип. Селектираниот кандидат/кандидатка треба да изработи 1) анкетен прашалник за студенти и 2) сценарио за фокус-групи со студенти 3) анализа на податоците од прашалникот и фокус-групите и 4) анализа на релевантните акти поврзани со санкционирање на дискриминацијата при универзитетите.

Заинтересираните треба да ја достават својата апликација за ангажманот на електронската адреса info@mof.org.mk и policy@mof.org.mk не подоцна од 07.04.2021 година (среда) 18:00 часот со наслов: Пријава за експерт за методологија и спроведување на истражување на студентската перцепција за дискриминација при државните универзитети.

Во пријавата кандидатите треба да ги поднесат следните документи:

1. Лична биографија (CV) на македонски јазик;
2. Пополнета апликација (Апликација за подготовка на методологија и спроведување на истражување);
3. Финансиска понуда.

Експертот/експертката ќе биде ангажиран/а во периодот април-август 2021 година.

Сите заинтересирани кандидати можат да ја симнат апликацијата за аплицирање тука, и истата да ја приложат со потребните документи.

За дополнителни информации или прашања слободно обратете се на електронската адреса petar_barlakovski@mof.org.mk

Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија