Повик за предавачи во клубовите Aртивизам

Младински образовен форум (МОФ) во рамки на активностите на програмата Младински Активизам отвора Повик за предавачи во клубовите Артивизам.

Артивистичките клубовите на Младински образовен форум се место за слободно и креативно изразување на младите. Членовите на клубовите посетуваат предавања во кои учат за формите на активизам, демократија, младинско организирање, медиумска писменост, како и работилници за креативни активистички алатки. Содржините кои младите членови на клубовите ги создаваат имаат за цел да поттикнат размислување и дејствување на конкретна општествена тема од нивен интерес за помагање на локалната заедница преку младински активизам. За ангажманот е предвиден симболичен финансиски надоместок.

Обврските на Предавачот се:

– Одржување редовни неделни предавања во клубовите;
– Редовна комуникација со програмскиот координатор и асистент и асистент-предавачот на клубот;
– Изработка на извештај за средбите на клубот;
– Успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на активностите на клубовите;
– Реализирање на активности во склоп на програмата Младински Активизам, во која спаѓаат и младинските клубови;
– Задолжително присуство на координативни состаноци и
– Задолжително присуство на Тренинг за предавачи кој ќе се одржи во месец семптември. (Тренингот ќе им помогне на пријавените предавачи да добијат глобална претстава за ангажманот, обврските, методологијата и начинот на реализирање на предавањата во рамки на клубовите).

Потенцијалните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

– Да се млади на возраст од 15 до 29 години;
– Да имаат основни познавања во областите: нови медиуми, култура, уметност и активизам;
– Да поседуваат одлични комуникациски вештини, со познавање на говорен и пишан англиски јазик;
– Способност да работат во тим;
– Можност да работат за време на викенди.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со пополнување на Апликацијата за предавач на следниот линк најдоцна до недела, 21-ви август 2022 година, (23:59). За прашања поврзани со повикот, обратете се на адресите: ivona_kuzmanovska@mof.org.mk и pande_eftimov@mof.org.mk.

Клубовите се финансирани од проектот „Fostering Youth Activism through Online Media”на National Endowment for Democracy.

Одржана патувачка изложба на дигитални постери „Младински (не)еднакви можности и потреби“

Во рамки на проектот „Квалитетни образовни политики и можности за младите“ беше спроведена патувачка изложба на дигитални постери во Кавадарци (24.12.2021), Виница (27.12.2021) и Скопје (28.12.2021). Изложбата ја погледнаа околу 100 млади.

Делата кои беа изложени на патувачката изложба се директен резултат од повеќедневна работилница, која имаше за цел да разработи дел од креативните алатки како: Фотошоп, Илустратор и Канва и конкретно да ги афирмира и потенцира клучните наоди од истражувањето: „Младински (не)еднакви можности и потреби – Предизвиците и потребите на младите според големината на местото на живеење“.

Преку изложбите, млади креативци, уметници и ентузијасти од целата држава сакаа да поттикнат изедначување на разликите помеѓу руралните и урбаните средини.

Во изложбата, со свои дела учествуваа: Александра Христовска, Анастасија Ивановска, Ана Марија Николовска, Владимир Митровски, Елена Николоска, Зафир Јованов, Љубица Ристовска, Марија Денкова, Марија Николоска и Сара Апостоловска.

Креативните постери може да ги погледнете на следниот ЛИНК. Фотографиите од изложбата во Кавадарци, Виница и Скопје може да ги погледнете ТУКА.

Изложбата е дел од проектот Квалитетни образовни политики и можности за младите кој се спроведува со поддршка од Фондација Отворено општество Македонија.

Патувачка изложба на дигитални постери

Младински образовен форум (МОФ) Ве кани на патувачка изложба на дигитални постери изработени од млади креативци!

Делата кои ќе бидат изложени на патувачката изложба се директен резултат од повеќедневна работилница, која имаше за цел да разработи дел од креативните алатки како: Фотошоп, Илустратор и Канва и конкретно да ги афирмира и потенцира клучните наоди од истражувањето: „Младински (не)еднакви можности и потреби – Предизвиците и потребите на младите според големината на местото на живеење“.

Преку овие изложби, млади креативци, уметници и ентузијасти од целата држава сакаат да поттикнат изедначување на разликите помеѓу руралните и урбаните средини. Дополнително, авторите и изложбата ќе се обидат да придонесат за зголемување на свеста преку нивните дигитални уметнички дела.

Патувачката изложба ќе биде поставена во три градови низ државата: Скопје, Кавадарци и Виница и ќе биде отворена за сите граѓани кои се заинтересирани да ја проследат и повеќе да се запознаат со младинските можности и потреби, како и различните потешкотии и ситуации со кои се соочуваат младите од различни места на живеење.

Патувачката изложба ќе биде поставена според следниот распоред:

  1. Кавадарци – 24.12.2021 година (петок), во Младинскиот центар; (16:00 – 19:00ч.)
  2. Виница – 27.12.2021 година (понеделник), во изложбениот простор во домот на културата „Тоше Арсов“, во соработка со музејот „Теракота“; (11:00 – 16:00ч.)
  3. Скопје – 28.12.2021 година (вторник), Youth Community Center – Скопје, Чаир. (18:00 – 20:00ч.)

Ве очекуваме со цел да поразговараме околу делата, како и приликите во кои младите живеат и функционираат, а кои би можеле да се подобрат и унапредат преку заложбите на локалните власти и младинските организации.

Повеќе информации за изложбите ќе најдете на: https://www.facebook.com/events/edit/772472197006718.

Изложбата е дел од проектот Квалитетни образовни политики и можности за младите кој се спроведува со поддршка од Фондација Отворено општество Македонија.

Ekspozita udhëtuese e posterëve dixhital

Forumi Rinor Arsimor (FRA), Ju fton në ekspozitën udhëtuese të posterëve dixhital të punuara nga të rinj kreativ!

Veprat që do të eksponohen në ekspozitën udhëtuese janë rezultat i drejtëpërdrejtë i një punëtorie më shumë ditore, e cila kishte për qëllim përpunimin e veprave përmes mjeteve të mësuara siç janë: Fotoshop, Ilustrator dhe Kanva dhe konkretisht përmes këtyre të afirmohet dhe të theksohet rezultati I dalur nga hulumtimi: “Mundësitë dhe nevojat të (pa)barabarta të të rinjve – Sfidat dhe nevojat e të rinjve sipas madhësisë së vendit ku jetojnë”.

Përmes kësaj ekspozite, të rinj, artistë dhe entuziast nga I gjithë shteti dëshirojnë që të arrijnë barazimin mes dallimeve të vendeve rurale dhe ato urbane. Në vazhdim, autorët dhe e gjithë ekspozita do të mundohen që të kontribuojnë në rritjen e vetëdijes tek qytetarët përmes veprave të tyre dixhitale.

Ekspozita udhëtuese do të vendoset në tre qytete dhe atë: Shkup, Kavadar dhe Vinicë dhe e njejta do të jetë e hapur për të gjithë qytetarët që janë të interesuar për ta vizituar dhe për tu njoftuar me mundësite dhe nevojat e të rinjve, si dhe rastet dhe situatat e vështira me të cilat ballafaqohen të rinjtë nga vendet e ndryshme.

Ekspozita udhëtuese do të vendoset sipas rradhitjes në vazhdim:

  1. Kavadar – 24.12.2021 (e premte), në Qendrën Rinore në Kavadar, nga ora 16:00 deri në ora 20:00;
  2. Vinicë – 27.12.2021 (e hënë), në hapësirën ekspozuese të Shtëpisë së Kulturës “Toshe Arsov”, në bashkëpunim me muzeun “Terakota”, nga 11:00 deri në ora 16:00;
  3. Shkup – 28.12.2021 (e martë), Youth Community Center Chair, nga ora 18:00 deri në ora 20:00.

Ju presim me qëllim që të bashkëbisedojmë rreth veprave dhe mundësive me të cilat të rinjtë funksionojnë dhe jetojnë, të cilat mundet të përmirësohen dhe të avancohen përmes angazhimit të pushtetit lokal dhe organizatave rinore.

Më shumë informacione për ekspozitën mund të gjeni në: https://www.facebook.com/events/edit/772472197006718

Ekspozita është pjesë e Projektit Politika kualitative arsimore dhe mundësitë e të rinjve që implementohet me mbështetje të Fondacionin Shoqëria e Hapur – Maqedoni.

Изложба на Ива Станковска – „Cult+Alt+Repeat“

Овој четврток сите сте поканети да дојдете во дворчето на МОФ! Овој настан претставува одлична прилика за култруна младинска дружба, проследена со изложба на прекрасната Ива Станковска.

Покрај сите непредвидливи ситуации со вирусот, пандемијата, препреките и ограничувањата на  секојдневното егзистирање и функционирање – од исклучителна важност е константноста при негувањето на културата и насочувањето на младите луѓе кон конзумација на што е можно поголем број на културни содржини. Поради овие причини, сите сте поканети на дружба и воздигнување на културата во дворчето на МОФ.

 

Ива Станковска е дипломиран сликар на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Таа е една од најактивните млади сликари во Скопје. Има изработено стотици и стотици дела за само неколку години (вклучувајќи ги и 300-те дела што ги изработи за време на нејзината 4-та година на факултет). Исто така, има учествувано во голем број групни и самостојни изложби и колаборативни проекти.

Ива за себе вели: Што и да правам, јас гледам материјали или околности и барам начин да направам некаква уметност… не дека јас земам некој материјал и си викам дека ова мора да стане уметност. Мојот процес не е да земам бело платно оптегнато на блинд-рамка и да земам четки, па да седам и да мислам како тоа ќе го направам во уметност. Нештата што мислам дека треба да бидат изложени се околу мене. Не секогаш се направени со намера. Наоѓам нешто што ми се допаѓа и продолжувам да работам во таа насока. Професорите во средно ни кажуваа дека Пикасо велел дека уметноста ќе те најде на работа. Ќе те најде додека си упорен и продуктивен.

 

Cult + Alt + Repeat – културно лето во МОФ

Се враќаат пеколните горештини, па Младинскиот образовен форум Ве поканува да ни дојдете дворче да се разладиме со малку култура и мнооогу лед. Сите сте поканети на нашето МОФовско културно лето!

Од 28 јули до 30 август, нашиот двор е отворен за социјализација, запознавање нови луѓе, слушање квалитетно музиче, креирање, творење, забавување, јога и многу други интересни активности кои ќе ги објавиме наскоро. Влезот е бесплатен.

Мајски активности на Младински образовен форум

Младински образовен форум во чии рамки активни се неколку младински програми и тоа дебата, учиме право, медиа/арт, клубови за демократско учество, новинарски клуб и клубови за претприемништво, направи преглед на своите маjски активности.

Во мај, дебатната програма заврши со своите дебатни предавања. Додатно, во рамки на програмата започнаа со подготвувањето на петте дебатери кои ќе ја претставуваат Северна Македонија на Светското дебатно првенство во форматот „World Schools“. Се одржа изборно предавање на тема „Климатска политика и дебатирање на тези за климатски промени“ преку кое дебатерите добија знаења за аргументација и насоки за истражување на тези за моменталните климатски политики.

Додатно во текот на мај дебатната програма беше вклучена и во креирање на младинските кампањи во склоп на програмата за Младински политики и ангажираност преку младински кампањи која МОФ ја спроведува во соработка со Еквалис, Хера и Психотерапика.

Во рамки на програмата за артивизам и активизам се одржа десеттото јубилејно издание на ENGAGE – конференцијата за социјален активизам.

Голем број домашни и странски активисти, поединци и иницијативи кои се залагаат за општествени промени на 29-ти мај беа дел од десеттото, јубилејно издание на Конференцијата за социјален активизам ENGAGE, кое годинава го имаше своето прво хибридно издание каде што домашните говорници говореа во живо од МСУ, додека пак странските говорници се вклучуваа преку платформата за видео комуникација ZOOM.

На платото на Музејот на современа уметност се зборуваше за активизмот, промените кои ги донесе пандемијата, но и за пркосот на оние кои решиле да ѝ се спротивстават на апатијата, со цел да го направат светот подобро место за живеење и да се изборат за општествени промени.

На ENGAGE 2021 виртуелно учествуваа интернационалните говорници Гитанџали Рао, иноватор и научник од САД, DJ Switch, активистка и диџејка од Нигерија, Вандита Морарка, квир активистка и адвокат за човекови права од Индија, Јигит Гоктуг Торун, активист од Турција и  Влад Илич, македонски актер и комичар кој живее во Велика Британија.

Публиката пак, во живо имаше можност да ги слушне  приказните на домашните учесници Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“, Александра Манолчева и Дина Дамјановиќ од „Ways2Help“, Стефан Алексиќ од „Challenger“, Петар Антевски од „Пресврт“ и медицинарот Денис Јанкуловски – Космонаутко. Во улогата на модератори на настанот влегоа Наталија Теодосиева и Дамјан Цветановски од импров групата “НАСТАП”.

Конференцијата е поддржана од National Endowment for Democracy.

Клуб за демократско учество во СОУ „Нико Нестор“ и СОУ „Д-р Ибрахим Темо“

Членовите на Клубот за демократско учество од Струга, ученици од средните училишта СОУ „Нико Нестор“ и СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ ја спроведоа иницијативата „Кулирај-рециклирај!“ за да ги промовираат еколошките навики кај учениците и поттикнат еколошката одржливост на училиштата. Средношколците од Струга обезбедија подобри услови за селекција на отпад и грижа за заштита на животната средина во своите училишта.

Младинската иницијатива доби поддршка од Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК, кое обезбеди по еден контејнер за селеција на отпад во СОУ „Нико Нестор“ и СОУ „Д-р Ибрахим Темо“. Поставени беа и инфо-табли со едукативна содржина, со цел да се придонесе за подигнување на свеста кај учениците и младите околу потребата за правилно справување со отпад. Како завршна активност, со цел да се придонесе кон долгорочно зајакнување на еколошките капацитети, учениците во клубот изготвија предлог-план за еколошка одржливост на училиштата, кој беше усвоен од двете училишта.

Иницијативата е дел од проектот „Зајакнување на демократските компетенции кај младите“ спроведуван со поддршка од Фондацијата за демократија на Вестминстер и Британската влада.

„Со уметност против говорот на омраза“ – артивистичка акција во Струга

Младите активисти од клубот Артивизам имаа успешна акција со која се покри говорот на омраза што беше испишан на две локации: на кејот на реката Дрим и зградата на поштата во Струга.

Зборовите и симболите на омраза не смеат да бидат дел од јавниот простор! Толеранцијата е клучна за одржување на мирот. Но, и за економскиот и социјалниот напредок на сите луѓе, а тоа особено се однесува на општествата како нашето кои се мултиетнички и мултикултурни.

Младите активисти од клубот Артивизам при Младински образовен форум имаат иницијатива за цртање графити и покривање на испишаните натписи кои содржат говор на омраза. Овие акции на Младински образовен форум и со поддршка од Хелсиншкиот комитет за човекови права беа спроведени во текот на овој месец, на неколку локации низ градовите каде што се мапирани натписите и графитите што содржат говор на омраза.

„Со уметност против говорот на омраза“ – артивистичка акција во Скопје

Младите активисти од клубот Артивизам при Младински образовен форум имаат иницијатива за цртање графити и покривање на испишаните натписи кои содржат говор на омраза.

Овие акции на Младински образовен форум и со поддршка од Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе бидат спроведени во текот на овој месец, на неколку локации низ градовите каде што се мапирани натписите и графитите што содржат говор на омраза.

Тие имаа успешна акција со која се покри говорот на омраза испишан на пешачката патека на кеј во стариот дел на градскиот парк. Зборовите и симболите на омраза не смеат да бидат дел од јавниот простор! Толеранцијата е клучна за одржување на мирот. Но, и за економскиот и социјалниот напредок на сите луѓе, а тоа особено се однесува на општествата како нашето кои се мултиетнички и мултикултурни.

Во текот на претходнот месец, клубовите при програмата Учиме право ги завршија и своите последни предавања за оваа учебна година. Во моментов членовите се припремаат за нивните симулации преку кои тие и практично ќе ги применат стекнатите вештини и одблизу ќе се запознаат со работата на институциите.

Советодавниот сервис е повторно во функција и прашања веќе пристигнуваат. Лесно и брзо можете да го најдете својот одговор на сервисот преку копчето „Постави прашање“ или пак во галеријата каде се објавени претходно поставуваните прашања. Покрај прашањата, можете да ги отворите и колумните кои се напишани од млади експерти од нашата држава на разни теми. Така, овој месец на темата „(Не)можност за младинско учество“ напиша неколку зборови новата претседателка на Националниот младински совет, Марија Крстевска.

Клубовите за Младински претприемачки вештини, овој месец го имаа своето последно отворено предавање на кое како предавач се најде американската професорка Ирена Воденскa, која покрај тоа што е професорка и ги држи предавањата по економија на Бостонскиот Универзитет, таа исто така е и шеф на катедрата за финансии.

„Со уметност против говорот на омраза“ – артивистичка акција во Струга

Вo средата млади активисти од клубот Артивизам имаа успешна акција со која се покри говорот на омраза испишан на кејот на реката Дрим и зградата на поштата во Струга.

Зборовите и симболите на омраза не смеат да бидат дел од јавниот простор! Толеранцијата е клучна за одржување на мирот. Но, и за економскиот и социјалниот напредок на сите луѓе, а тоа особено се однесува на општествата како нашето кои се мултиетнички и мултикултурни.

Младите активисти од клубот Артивизам при Младински образовен форум имаат иницијатива за цртање графити и покривање на испишаните натписи кои содржат говор на омраза. Овие акции на Младински образовен форум и со поддршка од Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе бидат спроведени во текот на овој месец, на неколку локации низ градовите каде што се мапирани натписите и графитите што содржат говор на омраза.

Еко дневник

Сите сме свесни дека екологијата претставува маргинализиран општествен феномен. Еко-
дневникот е идеја на младите активисти од Артивизам клубовите на МОФ, а целта позади
изработката на истиот е зголемување на свесноста за екологијата и активирање на младите за
промени во глобалната еколошка свест.

Иницијално, ЕКО-ДНЕВНИКОТ вклучува повеќе страници
кои се насочени кон критичко решавање на проблемите во заедницата. Во овој дневник може да
најдете еко-симболи и објаснувања, страници резервирани за предизвици (каде што со лепење на
стикери – младите кои ќе го пополнуваат овој дневник ќе си бележат што еко (не)направиле
денес), страници за компост, страници резервирани за негување на вашите растенија,
дванесетмесечен дневник и еко квиз.


Дизајните ги изработија членовите на програмата Младински активизам, под менторство на
Панде Ефтимов.

Дневникот е направен во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински
политики. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество- Македонија.
Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може
да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество-
Македонија.

Линк од ISSU: https://issuu.com/youtheducationalforum/docs/________-_____________-_________ 

Онлајн кампања „Рециклирај го твојот е-отпад“

Членовите на клубовите Артивизам на МОФ изработија кампања за електронски и електричен отпад и креираа мапа на места со локации каде може да се однесе е-отпадот и надлежните да го дислоцираат соодветно. Во рамките на оваа акција беше вклучено мапирање, креирање прашалник за електронски отпад и селекција. Целта на кампањата е да се намали загадувањето на
животната средина преку запознавање на граѓаните со соодветните пунктови за дислоцирање на е-отпадот од домаќинствата.


Електричните и електронските апарати во својот состав содржат олово и други токсични елементи, кои имаат штетно влијание врз здравјето на човекот, но предизвикуваат и загадување на почвата, и водата. Со рециклирањето се намалува негативното влијание врз животната средина и еколошките ризици, здравјето на луѓето, природните живеалишта, флората и фауната.

Прашалникот, кој го одговорија 144 луѓе, беше дел од кампањата на Младински образовен форум и служеше за добивање информации, податоци и статистики поврзани со начинот на отстранување на електронскиот и електричен отпад во државата.

Со цел да се намали ризикот од загадување на животната средина и да се елиминираат негативните ефекти врз нашето здравје, електронските и електричните уреди треба соодветно да се рециклираат односно да не се фрлаат со комуналниот отпад, туку да се предадат на фирма овластена за рециклирање на е-отпад.

Оваа кампања е во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

ВИДЕО: НеВозможна младинска мисија

Дали местоположбата на живеење влијае врз извршувањето на секојдневните обврски кај младите луѓе?
Кои се разликите во начинот на живеење на младите луѓе од руралните и од урбаните средини?
Колку време трошат младите од руралните средини за да ги завршат наједноставните работи?
Виртуелно и налик игра, во видеото на младите активисти од клубовите Артивизам на Младински образовен форум, претставени се два играчи кои тековно извршуваат „мисии“ преку кои се потенцираат разликите во начинот на живеење на младите луѓе кои живеат во рурална средина наспроти животот на младите во главниот град (Скопје).
Преку реални примери, видеото пробува да ја покаже огромната разлика во пристапноста и брзината на извршување на активности кои се од суштинска важност за младите, независно дали станува збор за позајмување на книги од библиотека, посета на парк со урбана опрема во солидна состојба, функционален градски превоз или посета на кино/театарска претстава.
Видеото е направено во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество- Македонија.
Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество- Македонија.