Два тима од Дебатната програма на Младински образовен форум учествуваат на меѓународниот дебатен турнир во Љутомер. Material Girlzz составен од: Љубен Атов, Карла Станков, Митко Недановски и Ања Давитковска, и Winx составен од: Мила Тодоровска, Анастасија Јовановиќ, Теодора Кулевска и Иларија Димулкова. Заедно со нив како дебатен тренер и судија ги придружуваше Дора Смилевска.
Турнирот се реализира онлајн во период од 11-ти до 16-ти март. Учествуваат повеќе од 60 тима од различни страни на светот вклучувајќи ги: Канада, Јужно Африканската Република, Бугарија, Данска, Шведска, Тајланд, Соединетите Американски Држави, Романија и многу други.
Некои од тезите на овој турнир кои што се дебатираа се:
THBT the feminist movement should support female vigilante groups (e.g., the Red Brigade and Gulabi Gang in India, Grupo de Autodefensas in Mexico);
THBT the EU should restrict the free movement of highly skilled workers in-between its member states;
In highly multi-ethnic states, THP the use of devolved governments as opposed to centralized governments.
Им посакуваме среќа на дебатерите и честитки до двата тима, останува да видиме какви резултати ќе постигнат!
Младински образовен форум со поддршка од Американска амбасада го спроведува проектот Младински претприемачки вештини (Youth Entrepreneurial Skills – YES). Овој проект има за цел да ја пополни празнината што ја остави формалното образование за практични вештини и применливо знаење, додека се бори против една од клучните причини за иселување на младите – невработеноста.
Како завршна активност, МОФ отвара повик за пријавување на тимови, најмногу до тројца, или поединци кои имаат идеја и ќе изработат свој бизнис план до 04.06 а на 06.06 ќе го презентираат истиот пред жири комисијата.
Најдобрите бизнис планови на натпреварот “YES TEAM FOR THE WIN!” ќе бидат наградени со награди кои ќе ги поттикнат победниците да продолжат да работат на своите идеи за да ги реализираат во иднина. Преку оваа активност младите ќе добијат поттик да ги развиваат и користат своите вештини и преку надоградување и да станат поконкурентни на пазарот на трудот.
Во склоп на овој проект беа формирани три младински клубови во градовите Штип, Охрид и Гостивар, каде членуваа средношколци од стручни училишта. Програмата по која работеа членовите беше изработена од експерт кој своето искуство го има стекнато со долгогодишна работа во ова поле. Истата програма беше консултирана, проверена и одобрена од Американската и Македонската стопанска комора, локалната бизнис заедница, општините и училиштата. Со ова, МОФ направи чекор кон надминување на јазот помеѓу образовниот систем и приватниот сектор преку создавање трајни партнерства помеѓу училиштата и локалните компании и создавање одржливи наставни програми од кои понатаму корист ќе имаат и идните генерации.
Членовите на младинските клубови се сретнуваа секоја сабота и обработуваа разни аспекти важни за претприемништвото. Како предавачи се најдоа врвни македонски експерти од нашата држава, како Горјан Јовановски, Теодора Филовска, Александар Радомировиќ, а со Марија Матовиќ учеа како да го вметнат социјалниот аспект и колку во нашата држава е важно да се има социјално свесни бизниси. Предавањето со психологот Сања Стефановиќ ги научи младите како да бидат добри лидери и што значи да се работи во тим.
Покрај десетте редовни предавања, како дел од проектот беа и четирите отворени предавања од експертите Анита Кирковска, која е стипендистка на „Фулбрајт“ и сѐ уште работи за една од најуспешните американски компании. Софија Богева го сподели искуството за тоа како најдобро да се решаваат проблемите преку користење на креативноста. Како Американски експерти на листата се најдоа Белино Џафа, „Харвард“ алум, кој веќе две години работи во светската банка „Мерил Линч“, но и Ирена Воденска, која на последното отворено предавање од овој циклус несебично го сподели своето знаење исто како што го прави тоа со своите студенти на Универзитетот „Бостон“ каде таа е шеф на катедрата за финансии.
Сите кои се заинтересирани за учество во натпреварот, можат да се пријават на овој формулар https://cutt.ly/cneJtaH, а за да ги видите наградите и членовите на жири комисијата, следете не на социјалните мрежи!
Младински образовен форум во чии рамки активни се неколку младински програми и тоа дебата, учиме право, медиа/арт, клубови за демократско учество, новинарски клуб и клубови за претприемништво, направи преглед на своите априлски активности.
Во рамки на Дебатната програма се одржа второто Онлајн национално дебатно првенство, од 23 до 25 април. На првенството учествуваа 15 тима ширум Северна Македонија кои се бореа за победничките позиции на турнирот.
Првенството го освои тимот „Оревите“, составен од Леонардо Змајшек, Лука Кадриќ и Митко Неданоски. Исто така ги добивме и петте најдобри говорници кои ќе ја претставуваат Северна Македонија на Светското првенство во форматот „World Schools“, организирано од страна на Макау. Говорниците се Леонид Сајков, Георгина Петреска, Љубен Атов, Фросина Кекеновска, Карла Станков.
Наградите за Националното дебатно првенство 2021 се поддржани од АРС Ламина.
Онлајн национално дебатно првенство
Додатно, започна работата на младинските кампањи во склоп на проектот „Младински пакети и ангажираност преку младински кампањи“, поддржан од Фондација отворено општество – Македонија, кој МОФ го спроведува во соработка со „Еквалис“, „Хера“ и „Психотерапика“.
Во склоп на програмата Младински активизам се одржа второто онлајн издание на конференцијата за социјален активизам кај младите – „Еngage youth“. Конференцијата „Engage youth“ виртуелно спои млади активисти кои споделија знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, социјална промена, инклузија, слобода на говор, активизам на јавен простор, технологија и иднина на образование. Настанот се одржа на 27 април, на платформата за видео комуникација „Зум“, ја проследија над 100 млади луѓе како на „Зум“ така и преку стрим преносот на Фејсбук и беа поставени над 25 прашања од публиката. Конференцијата беше пренесена и на знаковен македонски јазик.
Второ онлајн издание на „Engage Youth“
Тимот на Програмата за истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики одржа неколку состаноци со претставници на државните институции, презентирајќи им го документот „Млади во криза 2.0 – Ефекти од пандемијата врз младите и препораки до институциите“. Беа одржани состаноци со советникот за млади и советникот за труд и социјална политика, Ѓорѓи Тасев и Милан Живковиќ, со Заменик-Премиерот Фатмир Битиќи, со министерката за образование и наука, Мила Царовска, со директорот на агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски како и со Клубот на млади пратеници во рамки на Собранието на РСМ. На состаноците беа презентирани податоците од истражувањето како и препораките кои имаат за цел да ги намалат односно превенираат штетите од пандемијата врз младите.
Средба со министерката за образование и наука, Мила Царовска
Во рамките на програмата за Младински претприемачки вештини, на 17 април се одржа отвореното предавање со Белино Џафа на тема „Финансирање и вреднување на вашиот стартап“. Предавачот го искористи своето искуство во банкарството за да ги поучи учесниците како да ги добијат најдобрите услови кога на претприемачите им е потребна финансиска поддршка од банка.
Вчера тимот на Младинскиот образовен форум ја спроведе Евроквизија. Пријавените учесници имаа можност да се натреваруваат во живо преку играње на квиз на платформата „Kahoot“, а најдобро пласираните ќе имаат уште една можност да си ги пресметаат силите и да освојат една од трите главни награди.
Онлајн квиз
Целта на оваа активност е поттикнување на младите да научат повеќе за Европската унија и нејзините институции.
За остварување на оваа цел, на пријавените им беа испратени линкови каде можеа да го зголемат своето знаење и да се информираат.
Онлајн квиз
За дел од прашањата беше доволно и општото познавање, а за дел од нив беше потребно и познавање за работата на институциите и Европската Унија низ годините. Секако беше опфатена и историјата за почетоците на Унијата и државите кои први се приклучиле.
Во финалето ќе се натпреваруваат првите 20 пласирани, каде прашањата ќе бидат потешки и ќе бараат поголемо знаење за Унијата. За овој дел од натпреварот исто така ќе им биде испратен материјал за читање на учесниците.
Активноста е организирана во соработка со „Europe House“, поддржана од Европската Унија.
Младински образовен форум подготви квиз со натпреварувачки карактер – „Евроквизија“ за сите
средношколци кои сакаат да ги истестираат своите познавања за Европската Унија!
Без разлика дали за ЕУ знаеш од лекциите по „Вовед во право“ или пак си full-on запознат со
целта, земјите-членки и институциите на Унијата ова е можноста за да ги провериш и
продлабочиш своите знаења, а притоа и да освоиш некоја награда.
Квизот ќе се одвива онлајн, првиот круг на натпреварување е на 03.03.2021 (среда) а најголемите
познавачи на Европската Унија ќе се наптреваруваат за 3те главни награди во финалето на
10.03.2021. Квизот ќе се одржи на платформата Kahoot, а повеќе информации за изведбата можеш
да најдеш на Формуларот за пријавување.
Сподели со твоите пријатели и почни со „тренирање“ за натпреварот во знаење!
За повеќе инфо сме достапни на info@mof.org.mk
*оваа активност е финансирана од Европската Унија
Еuroquizion – online quiz contest for high school students
Forumi Arsimor Rinor ka përgatitur kuiz me karakter konkurrues – "Eurovision" për të gjithë nxënësit e
shkollave të mesme që duan të testojnë njohuritë e tyre për Bashkimin Evropian!
Pavarësisht nëse për BE-në, di nga leksionet e "Hyrje në drejtësi" ose jeni plotësisht të njohur me
qëllimin, shtetet anëtare dhe institucionet e Bashkimit, kjo është mundësi për të provuar dhe thelluar
njohuritë, ndërsa njëkohësisht të fitoni ndonjë çmim.
Kuizi do të zhvillohet online, raundi i parë i garës është më 03.03.2021 (e mërkurë) ndërsa njohësit më
të mëdhenj të Bashkimit Evropian do të garojnë për 3 çmimet kryesore në finalen më 10.03.2021. Kuizi
do të mbahet në platformën Kahoot dhe më shumë informacion në lidhje me realizimin mund të
gjenden në Formularin e Aplikimit.
Ndani me miqtë tuaj dhe filloni "trajnimin" për garën për njohuri!
Për më shumë informacion, jemi në dispozicion në info@mof.org.mk
* Ky aktivitet financohet nga Bashkimi Evropian
На настанот „Можности и бариери за младинско претприемништво и вработување во приватниот сектор во Северна Македонија“ посветен на младинската вработеност, претприемништвото и образованието за претприемништво, оддржан на 12 јуни 2019 во Скопје, во организација на Младински образовен форум (МОФ) и Институт за европска политика (ЕПИ), беа доделени награди за младински тимови кои сакаат да основаат свој бизнис.
На наградувањето му претходеше 4-месечна школа за претприемништво „Од идеја до стартап“ која ја завршија 25 учесници. Тие формираа свои тимови и изготвија бизнис идеи.
Во конкуренција од осум тима, наградени беа АртТехне, Bloodmoon и Дом за сите.
Првонаградените АртТехне го сочинуваат Горјан Аревски и Санела Вучевска. Тие освоија награда во износ од 100 илјади денари. Второнаградени Bloodmoon се Дарко Илиевски, Даниел Бошкоски и Марио Станковиќ и освоија 50 илјади денари, а третонаградените Дом за сите кој го сочинуваат Борјан Овезовски, Ана Пасковска, Димитар Петровски и Маја Велковски освоија 30 илјади денари. Во периодот што претстои, тимовите ќе имаат можност да ги реализираат своите идеи и да ги отворат своите бизниси.
Наградите беа поддржани од проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ како и неколку компании: КОМА, Synapse, Bitsia, Time.mk и Brainster. Благодарност до нив за несебичната поддршка и вложувањето.
Школата беше организирана во рамки на проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ кој го спроведуваат МОФ и ЕПИ, а е поддржан од Центарот за меѓународно приватно претприемништво/Center for International Private Enterprise (CIPE). Проектот цели да придонесе кон зголемување капацитетите на младите од Северна Македонија за да се вклучат во претприемништво, да се зголеми улогата на приватниот сектор во образованието за претприемништво и да се зголеми поддршката на политики кои ги подобруваат економските услови за младите од државата.
Како дел од настанот беше и панел дискусијата каде говорници беа:
Крешник Бектеши – Министер за економија, Фатмир Бесими – Универзитетски професор на Универзитетот на ЈИЕ, Валентина Дисоска – Здружениe на бизнис жени – Македонија
Олимпија Христова Заевска – Советничка за меѓународна економија и развој – Кабинет на Премиерот на РСМ, Тања Илиевска – Фонд за иновации и технолошки развој, Ивона Крстевска – Национален младински совет на Македонија, Норик Селими – Извршен директор Kariera.mk
Викендов од 21-ви до 23-ти декември во СУГС „Орце Николов“ во Скопје, се одржа 10-тото Национално дебатно првенство за почетници.
Ова првенство традиционално е организирано од Младински образовен форум (МОФ) и е најголемиот дебатен турнир, кој организацијата го одржува секоја година со цел да им овозможи на своите членови – дебатерите почетници да ги одмерат во пракса своите дебатни вештини стекнати за време на предавањата по дебата и аргументирано изразување.
На турнирот учествуваа повеќе од 150 дебатери – натпреварувачи, судии и волонтери од дебатните клубови на МОФ во Скопје, Велес, Тетово, Куманово, Битола и Прилеп. Турнирот кој траеше три дена вклучуваше 5 прелиминарни рунди, полуфинале и финале.
Победник на јубилејното издание на турнирот беше тимот составен од Тодор Усовиќ, Исак Мисини, Дорис Христовска додека второто место на турнирот го зема тимот составен од Мартина Поповска, Александар Ступар и Мишел Јовановска. На турнирот беа прогласени и најдобрите говорници дебатери: Ирена Димеска, Михаела Трајковска, Јована Ангеловска.
Во изминатите неколку дена, младите средношколци, учесници на турнирот ги предизвикаа сопствените ставови и дискутираат за демократските вредности и политичките режими на владеење дебатирајќи на тезите „Овој Дом Претпочита технократска автократија пред популистичка демократија“ и „Oвој Дом Верува Дека силна диктатура е подобро од слаба демократија“.
Ова дебатно првенство имаше за цел да промовира компетитивност помеѓу младите базирана на организирана и аргументирана дискусија.
Националното дебатно првенство за почетници е поддржано од Меѓународната дебатна образовна организација – ИДЕА и Програмата Европа за граѓаните на Европската Унија.
Голема благодарност до Виталиа ДООЕЛ и СУГС „Орце Николов“ за поддршката при реализација на ова дебатно првенство.
Националното дебатно првенство за почетници е дебатен турнир во организација на Младински образовен форум (МОФ). Турнирот има за цел да им овозможи на новите дебатери, членови на дебатните клубови на МОФ да учествуваат на дебати од компетитивен карактер. Турнирот ќе се одржи од 21 до 23 декември во СУГС Гимназија Орце Николов.
Формат на дебатирање: World Schools Debate Format
Број на рунди: 5 прелиминарни рунди, полуфинале и финале.
Јазик на турнирот: македонски.
Теза: “Овој Дом претпочита технократска автократија пред популистичка демократија”.