Обуки за членовите на Правна клиника

Младински образовен форум во соработка со Правната клиника на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во рамки на проектот „Правна клиника за ранливи групи“, во периодот од 19-ти февруари до 18-ти март 2019, организираа и спроведоа 3 обуки со цел да се зајакнат капацитетите на членовите на Правната клиника во работата со млади луѓе и припадници на маргинализирани групи.

Првата обука се однесуваше на Комуникацски вештини и принципи на работа со млади, каде се опфати пристапот на работата со млади кои потекнуват од различни средини, опфаќајки аргументација и структурирано изразување и одговорности на младински обучувачи, која беше спроведена од Лазар Поп Иванов и Мартин Алексоски. Темата која имаше за цел да се претстават техниките и методите на работа и предавање во неформалното образование ја предаваа Ивана Петковска и Нена Николовскаоска. Ана Попризова и Јордан Јованов беа предавачи на обуката на тема под наслов „Сензибилизација на пристапот при работата со маргинализирани групи” која ги опфати техниките на градење на професионален однос со целната група, а истовремено развивање на чувството на емпатија при работа на вакви случаи и психичка подготовка за соочување со проблематиките, како и презентирање на искустава од страна на адвокат. На овие циклус обуки, активно учество земаа 20тина студенти.

Активноста е во соработка со Правната клиника на Правниот факултет „Јустинијан Први“ реализирана со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

 

 

Посета на Советот на Општина Куманово

На ден 13 март 2019 година членовите на Младински образовен форум од почетниот клуб на Учиме право од Куманово беа присутни на седницата на Советот на Општина Куманово. Советниците заедно со Претседателот на Советот им објаснија за тоа што претставува Совет ,кој го сочинува Советот, зошто се одржува седницата на Советот и колку е важно да се оддржуваат седници на Советот на Општина. Учесниците имаа можност и да присуствуваат на самата седница и да го согледаат начинот и функционирањето на седниците на советот и одблиску да се запознаат со нивната работа.

Активноста се спроведува во склоп на проектот: Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Посета на народен правобранител

На ден 07.03.2018 (четврток) околу 30-тина членови на Младински образовен форум од клубовите на Учиме право од Скопје остварија посета на Канцеларијата на Народниот правобранител. За време на оваа посета, учениците се запознаа лично со заменичката Васка Бајрамовска-Мустафа, која зборуваше за функционирањето на самата Канцеларија и надлежностите. Понатаму, заменичката обрна внимание на законските можности што ги нуди институцијата како и најчестите барања кои ги имаат граѓаните во поглед на правата и обврските кои им се повредени од државните институции и органи.

Кон крајот на средбата членовите на програмата поставуваа прашања во однос на процедурата на заштита на правата и што се е потребно за да се стане Народен правобранител.

Активноста се спроведува во склоп на проектот: Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондацијата отворено општество – Македонија.

Посета на Основен суд во Тетово

На 26ти февруари 2019 година членовите на Младински образовен форум на напредниот Учиме Право клуб беа во посетата на Основниот суд во Тетово. Секретарот на судот ги запозна членовите со работата во приемната и дневната архива и објасни околу видовите предмети и обвивки на списите и актите. Потоа во главната судница, го објасни редот на судницата. Членовите присуствуваа на кривичното рочиште кое се одложи, поради отсуството на обвинетиот. Судијата и обвинителката објаснија на присутните, околу постапката за повикување и канење на странки во постапката. На следното рочиште, кое повторно беше одложено поради отсуство на застапник на обвинението (обвинител) судијата го објасни понатамошниот тек на постапката и процесните дејства кои треба обвинителството, судот и полицијата да ги преземе.

Членовите на Учиме Право клубовите од Тетово ќе присуствуваат и на наредното рочиште.

Активноста се спроведува во склоп на проектот: Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

Посета на општина Куманово

Денес, на 26 февруари 2019, учесниците од Почетниот Учиме право клуб од Куманово беа во посета на општина Куманово. При посетата учесниците одблизу се запознаа со работата на најголемата општина во Македонија по број на население. Остварија и средба со градоначалникот на општина Куманово, г-дин Максим Димитриевски, кој топло ги пречека, зборуваше за своите надлежности, планови, како и за предизвиците со кои се соочува и отворено одговараше на прашањата на љубопитните средношколци.

Активноста се спроведува во склоп на проектот: Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондацијата отворено општество – Македонија.

Посета на Основен суд Скопје 1

На 25.12.2018 година членовите на почетните Учиме право клубови од Скопје го посетија Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
На оваа посета, учениците имаа можност најпрво да се запознаат со старата зграда на судот, каде групата се запозна со просториите, условите за работа и техничката опрема во старата зграда. Потоа, тие ја посетија и новата зграда на судот, која од неодамна е пуштена во употреба и каде се одржуваат поголемиот дел на судењата. Во текот на самата посета, судиката Сандра Крстиќ одржа кратко предавање во кое ги опфати надлежноста на судот, што е потребно да се стане судија, примери од повеќе тековни случаи, како и да одговара на прашњата поставени од страна на групата.

Завршни настани на училишните клубови

Младинските клубови за ученици кои функционираа во рамките на проектот „Средношколски клубови за ученички права, слободи и различности“, поддржан од Град Скопје, во последната недела од декември ги спроведоа своите завршни настани, наменети и отворени за сите ученици на овие средни училишта на територијата на Град Скопје.

Првиот се одржа на 24.12.2018 во СУГС „Зеф Љуш Марку“. Членовите на тој клуб организираа панел-дискусија за своите соученици насловена „Подигнување на свеста околу родовата еднаквост“ на која тие заедно со дел од своите професори дискутираа и дебатираа на теми поврзани со предрасудите, стеротипите и дискриминацијата, перцепцијата за девојките и жените во нашето општество и потребата од целосна еднаквост помеѓу половите. На почетокот се обрати претседателката на МОФ, Стефани Спировска, која беше и една од панелистите, покрај професорот по Социологија и дефектологот во училиштето. Настанот го водеа две ученички од клубот и беше посетен од страна на 30-тина ученици.

Во СУГС „Георги Димитров“ на 25.12.2018 се организираше проекција на филмот „Exit through the gift shop“ и дискусија по филмот за ангажираната улична уметност и како преку една субкултура може да се влијае на јавниот дискурс и да се покренат важни општествени прашања. На настанот присуствуваа 40-тина ученици.

Последниот, трет завршен настан се случи во СУГС „Орце Николов“ на 26.12.2018. Учениците организираа дискусија за 30-тина соученици од прва и втора година за предностите и недостатоците на образовниот систем во Република Македонија. За таа цел, разгледуваа и дискутираа за поединечни членови на актуелниот Закон за средното образование и предложуваа амандмани за истиот. Предлагаа и конкретни чекори и мерки за подобрување на нивниот статус во рамките на самото училиште, а изработија и плакати со цел да ја зголемат информираноста на останатите ученици за своите права и обврски.

На крајот на сите настани им беа доделени и сертификати на членовите на клубовите за нивното активно учество во текот на ноември и декември.

Посета на Совет на Општина Тетово

Учиме Право клубовите на Младински образовен форум од Тетово на 25.12.2018 година реализираа посета на Општина Тетово и присуствуваа на седница на Советот на општината. На посетата учествуваа 40-тина средношколци од Тетово. Посетата започна со посета на администрацијата на Општина Тетово каде што членовите се запознаа со функционирањето на Локалната самоуправа и како граѓаните може да се обратат до општината и да ги реализираат своите права. Во вториот дел од посетата членовите присуствуваа на 14-тата Седница на Советот на Општина Тетово, каде што од блиску се запознаа со функционирањето на Советот. Дел од точките на дневен ред беа Предлог буџет на Општина Тетово за 2019 година, Финансиска поддршка за 2019 година.

Одржани две обуки за наставници

Одржани две еднодневни обуки за зајакнување на капацитетите на 15 наставници од три средни скопски училишта

На 11ти и 12ти декември Младински образовен форум организираше 2 еднодневни обуки за 15 наставници од СУГС „Орце Николов“, СУГС „Георги Димитров“ и СУГС „Зеф Љуш Марку“ за зајакнување на нивните капацитети и подобрување и поголема разновидност на методологијата при изведување на наставата во училница. Обуките се дел од Проектот „Средношколски клубови за ученички права, слободи и различности“,  поддржан од Град Скопје – секторот за образование.

Првата обука „Дебата во наставата“ се одржа на 11.12.2018 (вторник) во просториите на хотел Карпош и беше насочена кон употреба на дебатата како алатка за време на часовите. Сесиите ги опфатија разликите помеѓу дискусија и дебата, основите и форматите на дебата кои професорите би можеле да ги употребат, како и примери за презентативни дебати кои би можеле да им бидат интересни на учениците.

На вториот ден (12.12.2018, среда), обуката „Креативни алатки за пренесување на знаења од правото“ ги претстави главните методи и техники на предавање кои се користат во рамките на нашите Учиме право клубови, како и совети и насоки за тоа како да се организира симулација на работата на државен орган или институција, организирање на предавање од страна на експерт или посета на државна институција со цел да им се доближи нејзината работа на средношколците.

На овие обуки, учество земаа професори од следниве области: Мајчин јазик, Логика, Филозофија, Социологија, Етика, Бизнис и Економија, односно предмети на кои најмногу може да се развие дебата за одредено прашање или да се имплементираат овие интерактивни методи и техники на предавање кои особено се користат во неформалното образование.

Младински образовен форум и понатаму останува отворен за соработка со наставниците и средните училишта на Град Скопје, но и со останатите средни училишта ширум државата, имајќи на ум една иста цел, а тоа е интересот на учениците и нивниот развој како личности и граѓани на ова општество.

Посета на Народниот правобранител

На 6-ти декември 2018 година 40тина членови на Учиме право клубовите во Тетово реализираа посета на локалната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово. На посетата членовите се запознаа лично со заменик Народниот правобранител Ирина Стојановска и функционирањето на локалната канцеларија, но и воопшто институцијата Народен правобранител. Членовите на Учиме право клубовите практично се запознаат со работотењето на омбудсманот, надлежности, законските права и можности. Покрај тоа Народниот правобранител објасни за законските можности што ги има институцијата, најчестите барања и жалби што ги имаат граѓаните за права и обврски кои им се повредени од страна на државните институции и органи. Покрај тоа членовите имаа можност да поставуваат прашања на заменик Народниот правобранител за личните права кои им биле повредени од страна на државните институции. На крајот од посетата членовите практично се запознаа како се поднесување барање за поведување на постапка во Народниот правобранител и како тече понатамошната процедура. Оваа посета беше организирана од програмата Учиме право во рамки на активностите на МОФ центарот во Тетово, преку Проект за младинска ангажираност поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.