Посета на Совет на Општина Тетово

Учиме Право клубовите на Младински образовен форум од Тетово на 25.12.2018 година реализираа посета на Општина Тетово и присуствуваа на седница на Советот на општината. На посетата учествуваа 40-тина средношколци од Тетово. Посетата започна со посета на администрацијата на Општина Тетово каде што членовите се запознаа со функционирањето на Локалната самоуправа и како граѓаните може да се обратат до општината и да ги реализираат своите права. Во вториот дел од посетата членовите присуствуваа на 14-тата Седница на Советот на Општина Тетово, каде што од блиску се запознаа со функционирањето на Советот. Дел од точките на дневен ред беа Предлог буџет на Општина Тетово за 2019 година, Финансиска поддршка за 2019 година.

Одржани две обуки за наставници

Одржани две еднодневни обуки за зајакнување на капацитетите на 15 наставници од три средни скопски училишта

На 11ти и 12ти декември Младински образовен форум организираше 2 еднодневни обуки за 15 наставници од СУГС „Орце Николов“, СУГС „Георги Димитров“ и СУГС „Зеф Љуш Марку“ за зајакнување на нивните капацитети и подобрување и поголема разновидност на методологијата при изведување на наставата во училница. Обуките се дел од Проектот „Средношколски клубови за ученички права, слободи и различности“,  поддржан од Град Скопје – секторот за образование.

Првата обука „Дебата во наставата“ се одржа на 11.12.2018 (вторник) во просториите на хотел Карпош и беше насочена кон употреба на дебатата како алатка за време на часовите. Сесиите ги опфатија разликите помеѓу дискусија и дебата, основите и форматите на дебата кои професорите би можеле да ги употребат, како и примери за презентативни дебати кои би можеле да им бидат интересни на учениците.

На вториот ден (12.12.2018, среда), обуката „Креативни алатки за пренесување на знаења од правото“ ги претстави главните методи и техники на предавање кои се користат во рамките на нашите Учиме право клубови, како и совети и насоки за тоа како да се организира симулација на работата на државен орган или институција, организирање на предавање од страна на експерт или посета на државна институција со цел да им се доближи нејзината работа на средношколците.

На овие обуки, учество земаа професори од следниве области: Мајчин јазик, Логика, Филозофија, Социологија, Етика, Бизнис и Економија, односно предмети на кои најмногу може да се развие дебата за одредено прашање или да се имплементираат овие интерактивни методи и техники на предавање кои особено се користат во неформалното образование.

Младински образовен форум и понатаму останува отворен за соработка со наставниците и средните училишта на Град Скопје, но и со останатите средни училишта ширум државата, имајќи на ум една иста цел, а тоа е интересот на учениците и нивниот развој како личности и граѓани на ова општество.

Посета на Народниот правобранител

На 6-ти декември 2018 година 40тина членови на Учиме право клубовите во Тетово реализираа посета на локалната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово. На посетата членовите се запознаа лично со заменик Народниот правобранител Ирина Стојановска и функционирањето на локалната канцеларија, но и воопшто институцијата Народен правобранител. Членовите на Учиме право клубовите практично се запознаат со работотењето на омбудсманот, надлежности, законските права и можности. Покрај тоа Народниот правобранител објасни за законските можности што ги има институцијата, најчестите барања и жалби што ги имаат граѓаните за права и обврски кои им се повредени од страна на државните институции и органи. Покрај тоа членовите имаа можност да поставуваат прашања на заменик Народниот правобранител за личните права кои им биле повредени од страна на државните институции. На крајот од посетата членовите практично се запознаа како се поднесување барање за поведување на постапка во Народниот правобранител и како тече понатамошната процедура. Оваа посета беше организирана од програмата Учиме право во рамки на активностите на МОФ центарот во Тетово, преку Проект за младинска ангажираност поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

Тренинг за средношколско организирање

На 06.12.2018 (четврток) во просториите на Канцеларија за млади при општина Центар се одржа обука за средношколско организирање и учество.

На овој тренинг учество земаа 14 средношколци од средните училишта на територија на Град Скопје кои имаа прилика да се запознаат важноста на средношколското организирање, но и младинското организирање и учество, како и засегнатите страни во целиот процес. Понатаму, тие ги споделија и своите искуства во поглед на средношколското организирање во нивните училишта.

Оваа обука е организирана од страна на Младински образовен форум во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА и Првата детска амбасада во светот Меѓаши, а со поддршка од страна на Фондација Песталоци.

Повик за нови членови на клубови на МОФ

Повик за нови членови на  клубови на МОФ 

Отворен е повикот за нови членови на средношколските клубови за: Дебата, Учиме право и Медиа/Арт!

Што е Дебатен клуб
Преку интерактивни неделни предавања во Дебатниот клуб ќе да научиш како да се справиш со тремата од јавни говори, убедливо и структурирано да ги искажуваш твоите ставови, а ќе имаш прилика да посетиш национални и меѓународни дебатни турнири. Ова е одлична можност да научиш како аргументирано да се изразуваш, и да изградиш вештина која ќе ти се најде во твоето секојдневие без разлика дали е тоа подготвување на есеј, говор или презентација.

Што е Учиме Право клуб?
Учиме  право клубот ќе те запознае со твоите права како средношколец и граѓанин и начините на кои еден млад човек може да ги заштити своите права. Ќе се запознаеш со основата на нашиот правен систем и начинот на кој функционираат институциите во едно општество. Програмата нуди посета на институции и судови, сиумулации на вистински судења и низа интерактивни активности низ кои ќе се запознаваш со правото во текот на целата година.

Што е Медиа/Арт клуб?
Медиа/Арт клубовите нудат прилика за младите креативци да се запознаат со основни алатки за креативно изразување. Новинарство, креативно пишување, изработка на фотографии, фанзини и дигитална обработка на фотографии и видеа се само дел од содржините кои ги опфаќа оваа програма.

Зошто да се зачленам во средношколски клуб?
Учеството во секој од клубовите е целосно бесплатно за секого. Знаењата и вештините кои ќе ги стекнеш преку младинските клубови на МОФ ќе ти овозможат да се изградиш како активна млада личност свесна за своите права и подготвена да се сноси со предизвиците од секојдневието. Средношколските клубови функционираат во пријателска атмосфера која ќе ти овозможи стекнување на нови пријателства и искуства поразлични од оние со кои се среќаваш во формалното образование.

Ми се допаѓа! Како можам да се пријавам?
Клубовите ќе бидат отворени во: Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Битола, Крушево и Струга. На следниот линк може да се пријавиш за клубот кој најмногу те привлекува и да дознаеш кои клубови ги има во твојот град: https://goo.gl/forms/t3YHBdkiQsfhTtaD2
Доколку сакаш можеш неколку пати да ја пополниш пријавата за да се зачлениш во неколку различни средношколски клубови.

Имаш прашања? Пиши ни на: obuki@mof.org.mk

Оваа активност е дел од Проектот за младинско изразување. Проектот е финансиран од Европската унија.

Thirrje për anëtarë të ri në klubet e MOF

Është hapur thirrje për anëtarë të ri në klubet e nxënësve të shkollave të mesme për: Debat, Mësojmë drejtësi dhe Media/ Art!

Çfarë është Klubi debatues

Nëpërmjet ligjëratave javore interaktive në Klubin e debatit do të mësosh si të përballesh me tremën nga fjalimet publike, në mënyrë bindëse dhe të strukturuar të shprehësh qëndrimet tënde, ndërsa do të kesh rastin të vizitosh edhe turne nacionale dhe ndërkombëtare të debatit.

Kjo është mundësi e shkëlqyer se si të shpreheni në mënyrë të argumentuar, dhe të ndërtosh shkathtësi e cila do të të gjendet gjatë përditshmërisë tënde pa dallim nëse do të përgatiteni për ese, fjalim ose prezantim.

Çfarë është Klubi Mësojmë drejtësi?
Klubi mësojmë drejtësi, do të të njoftojë me të drejtat tënde si nxënës i shkollës së mesme dhe qytetar në lidhje me mënyrën si një i ri mund t’i mbrojë të drejtat e veta. Do të njoftohesh me bazën e sistemit tonë juridik dhe mënyrën se si funksionojnë institucionet në një shoqëri.  Programi ofron vizitë në institucione dhe gjykata, simulime të gjykimeve të vërteta dhe një sërë aktivitete interaktive nëpërmjet të cilave do të njoftohesh me të drejtën gjatë gjithë vitit.

Çfarë është Media / Art klubi?
Media / Art klubet ofrojnë rastin për krijuesit e rinj të njoftohen me veglat themelore për shprehje kreative.  Gazetaria, shkrimi kreativ, përpunimi i fotografive, revista dhe përpunimi digjital i fotografive dhe videove janë vetëm një pjesë e përmbajtjeve të cilat i përfshin ky program.

Pse të anëtarësohemi në klubin e nxënësve të shkollave të mesme?
Pjesëmarrja në secilin klub është tërësish pa pagesë, për secilin.  Dijen dhe shkathtësitë të cilat do ti fitosh nëpërmjet klubeve rinore të MOF do të të mundësojnë të formohesh  si person i ri aktiv, i vetëdijshëm për të drejtat e veta i gatshëm t’ju bësh ballë sfidave të përditshmërisë. Klubet e shkollave të mesme funksionojnë në atmosferë miqësore e cila do të mundësojë të fitoni miq, përvoja të reja më ndryshe nga ato, të cilat i hasni gjatë arsimit formal.

Më pëlqen!  Si mund të paraqitem?
Klubet do të hapen në: Shkup, Tetovë, Kumanovë, Veles, Manastir, Krushevë dhe Strugë.  Në linkun më poshtë mund të paraqitesh për klubin i cili të tërheq më tepër dhe të kuptosh cilat klube, gjenden në qytetin tënd: https://goo.gl/forms/t3YHBdkiQsfhTtaD2

Nëse dëshiron ke mundësi disa herë të plotësosh fletëparaqitjen në mënyrë që të anëtarësohesh në disa klube të ndryshme të nxënësve të shkollave të mesme.

Ke pyetje? Na shkruaj në: obuki@mof.org.mk


Ky aktivitet është pjesë e Projektit për shprehje rinore. Projekti financohet nga Bashkimi Evropian.

 

Симулација на судење во СУГС „Шаип Јусуф“

На 06.07.2018 (петок) во просториите на СУГС „Шаип Јусуф“, се одржа симулација на судење во кривична постапка како завршен настан за членовите на програмата Учиме право. Оваа симулација беше подготвена и реализирана од страна на членовите на Учиме право клубот од Шуто Оризари, под менторство на нивните предавачи Доан Сулејманоски и Емилија Наумовска. Случајот опфати кривични дела поврзани со загрозување на јавниот ред и мир, предизвикување на тепачка или друго насилство. Учениците се ставија во улога на судии, обвинети, адвокати, оштетени и на практичен начин ги демонстрираа стекнатите знаења и вештини од областа на казненото право и преку оваа симулација, учениците имаа прилика да се запознаат со сите фази на постапката.

Младински образовен форум стои на располагање за секаков вид на соработка со СУГС „Шаип Јусуф“, но и со останатите средни училишта на териториите на општините во Република Македонија.

Завршен настан на почетниот Учиме право клуб во Тетово – Симулација на судење

На 16.06.2018 година со почеток во 12:00 часот во големата сала за состаноци на Советот на општина Тетово се одржа завршниот настан за почетниот Учиме право клуб од Тетово за оваа учебна година – симулација на судење во кривична постапка. Оваа симулација беше подготвена и реализирана од страна на членовите на почетниот Учиме право клуб во Тетово, под менторство на нивните предавачи Биљана Павлоска и Стевица Младеновски. Тие се ставија во улога на судии, адвокати, обвинети, оштетени и вештаци и на практичен начин ги демонстрираа стекнатите знаења и вештини од областа на казненото право и кривичната постапка кои беа изучувани во текот на второто полугодие од учебната година, предвидени во годишниот курикулум на програмата Учиме право. Случајот опфати кривични дела поврзани со нанесување телесни повреди и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Младите Тетовчани со голема прецизност и умерена доза на театралност одлично ги доловија сите фази на постапката и особено главната расправа. Голема благодарност и честитки до сите учесници во симулацијата, како и до предавачите и локалниот координатор за одлично спроведената симулација на судење.

Посета на Народен правобранител во Тетово

На 18.01.2018 година беше организирана посета на подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово во која учество земаа 30-тина членови на Учиме право клубовите. Тие се запознаа со сите вработени и со нивните надлежности и работни задачи. Потоа, Народната правобранителка ги запозна поблиску со структурата на оваа институција и со надлежностите кои ги има Народниот правобранител. Исто така, таа им го објасни и начинот на постапување по претставките, структурата на претставките и како тие како граѓани можат да поднесат претставка и за каков вид на проблем. Присутните поразговараа и за измените на Законот за народен правобранител, а на крајот разгледаа и некои случи во кои постапувал Народниот правобранител.

Предновогодишен настан 28.12.2017

На 28.12.2017 година (четврток) во просториите на Канцеларијата за млади на општина Центар се одржа традиционалниот квиз за проверка на знаењата на членовите на скопските почетни и напредни Учиме право клубови. 30-тина средношколци – членови на клубовите се поделија во мешани тимови и ги одговараа поставените прашања во пет категории: „Учиме право“, „Општа култура“, „Како беше текстот?“, „Гатанки“ и „Учиме право 2“. Read More

Посета на Собранието на Република Македонија

Со посета на Собранието на Република Македонија на 27-ми декември 2017, програмата Учиме право на МОФ ја реализираше последната планирана активност за ова полугодие. Група од 60-тина средношколци, членови на скопските Учиме право клубови се запозна со историјатот на Собранието, надлежностите и начинот на кој функционира институцијата. Read More