Четврто издание на ENGAGE, конференција за друштвен активизам

Младински образовен форум и Радио МОФ го најавуваат четвртото издание на ENGAGE, конференција за друштвен активизам.

На 18 април (сабота, од 12 до 18 часот), во Mладинскиот Културен Центар (МКЦ) – Скопје, домашни и странски активисти, новинари, креатори на онлајн иницијативи и ИТ експерти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам на јавен простор, слобода на говор, образование, животна средина, проток на информации, како и за можностите за граѓанска мобилизација преку интернет.

Со 16 говорници,  2 панел дискусии на две сцени со 400 гости во публика, обезбеден аудио и видео стриминг и ENGAGE GENERATOR за најпосветените учесници, ENGAGE 2015 ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за индивидуи, групи и организации чија цел е да го подобруваат општеството во кое живееме.

Како говорници на четвртото издание на ENGAGE се Питер Сунде (@Flattr,@IpredatorVPN, @TPBdotORG,@HemlisMessenger, Финска/Норвешка), Владан Јолер (Share Foundation, Србија), Стеван Дојчиновиќ (новинар, Србија), Смари МекКарти (smarimccarthy.is, Ирска/Исланд), Томислав Кежаровски (новинар), Сашка Цветковска, Владо Апостолов и Мери Јордановска (МедиаПедиа), Клементина Илиевски (Лице в Лице), Игор Стевковски (илустратор), Горјан Јовановски (Мој воздух), Павле Богоевски (граѓански активист), Огенен Јанески (новинар, граѓански активист), Костадин Мишев (ФИНКИ).

На големата сцена е најавена панел дискусијата „Пленумизирано образование“, на која ќе учествуваат Ана Нешовска (Студентски пленум), Игор Мицевски (Професорски пленум), Исмет Шабановиќ (Средношколски пленум) и Жана Живадиновиќ (Наставнички пленум). На малата сцена пак на тема „Земја, Воздух, Вода, Активизам“ ќе дискутираат Ениса Бајрами (Еко герила – Тетово), Душко Груевски (За нас се работи – Битола) и Јованка Дојранлиева (Арсена –Гевгелија).

Четвртото издание на ENGAGE повторно нуди можност за креирање и спроведување сопствена акација преку ENGAGE GENERATOR кој ќе се одржи на 19 април и нуди работилници со дел од говорниците на конференцијата за осмислување и организирање акции на 3 теми: интернет активизам, дигитална мобилизација, граѓанско новинарство.

Регистрацијата ќе биде отворена на engage.radiomof.mk/registracija/, а можност за учество ќе имаат првите 250 пријавени учесници за конференцијата, односно 50 кои први ќе се пријават за генераторот.

ЕNGAGE е поддржана од National Endowment for Democracy, Фондација Отворено општество Македонија и Проект на УСАИД за граѓанско општество, а е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.

Сите информации за ENGAGE можете да ги најдете на engage.radiomof.mk

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: