
За таа цел, Ве покануваме утре (26.11.) во 13 часот на настанот што ќе се одржи во продажбениот простор на клубот „Матица“ (бул. Климент Охридски, бр. 23).
Настанот во траење од два часа вклучува дебата со дебатери од Младински образовен форум на тема „Книга или филм“, мини концерт, коктел, книги за симболични цени од 100 денари и пријатни изненадувања за првите сто посетители.
Во рамките на кампањата, наредниот месец, на фејсбук страницата „Читај секаде“ посетителите може да поставуваат предлози за книги и фотографии од најинтересните места за читање, да гласаат за нив и да предлагаат дизјан за корица на книга. Најдобрите идеи ќе бидат наградени.
Главниот настан ќе се одржи на 17 декември (сабота) на улицата Македонија во центарот на Скопје.
Ви го испраќаме дневниот ред и Ве покануваме да го проследите настанот.
Дневен ред
13:00-14:00 Дебата „Книга или филм“
Младински образовен форум
Продажба на книги по симболични цени и изненадување за првите 100 посетители
14:00-15:00 Музички блок и коктел