Барај
Close this search box.

Членовите на клубот „Учиме право“ во посета на Одделот за криминалистичка техника

На 08 мај 2014 година членовите на клубот „Учиме право“ од Струга го посетија одделот за криминалистичка техника во Охрид.

На оваа посета тие имаа можност да се запознаат  со овластувањата и начинот на работа на овојоддел. Оваа активност е дел од предавањата кои се одржуваат во клубот „Учиме право“ во Струга.

Целта на оваа посета беше членовите да се запознаат со овластувањата и начинот на работа на одделот за криминалистичка техника, како дел од предавањата кои се одржуваат во клубот Учиме право. На посетата на која присуствуваа 25 ученици од средните училишта СОУ “Нико Нестор” и СОУ “Д-р. Ибрахим Темо” беше презентиран начинот на обезбедување и вештачење на доказите најдени на местото на кривичниот настан, кои подоцна се користат во склоп на кривичната постапка.

МОФ и ЗРА АКВА континуирано одржуваат предавања за запознавање на учениците со правото во младинскиот клуб во Струга. Почнувајќи од 2008 година па се до денес клубот се развива во насока на потребите на младите и преку различни клубови и годишни програми за работа на младите им нуди обуки поврзани со правото, дебата, медиа/арт, младински активизам и уличен активизам.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: