Членството на МОФ избра нов Управен одбор

На 24ти февруари се одржа вонредно Собрание на Младински образовен форум, а на него присуствуваа 62 членови на МОФ од 7 градови во кои МОФ ги спроведува програмите и тоа од Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Битола, Прилеп и Струга. Собранието на членови на Младински образовен форум е највисокиот орган кој носи одлуки во организацијата, а право на глас на секое Собрание имаат сите членови на организацијата со наполнети 16 години и една година активно учество во активностите на програмите.

Покрај презентирањето на годишните програмски извештаи за работа на организацијата и очекувани резултати во секоја од програмите, на ова Собрание cialisfrance24.com имаше избор на нови членови на Управниот одбор на организацијата. Како членови на Управниот одбор со двегодишен мандат беа избрани Ана Попризова, Атанас Димитров, Петар Антевски, Вилдан Дрпљанин, Деа Здравковска, Дамир Незири и Кристина Митрова. Им посакуваме успешна работа!

Настанот беше поддржан од програмата Civica Mobilitas

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: