Барај
Close this search box.

Чоколадна битка-ЕУ симулација во Делчево

Во вторникот, на 15.06.2010 година, во Центарот за локални младински иницијативи (ЦЛМИ) во Делчево, како дел од проектот Акција за Европа, беше одржана симулација на Совет на министри на Европска Унија.

На работилницата, која се одвиваше во два дела: воведно предавање за институциите на ЕУ и Симулација на Советот на министри, учествуваа 15 средношколци – активисти во ЦЛМИ – Делчево.

Во текот на воведното предавање беа објаснети главните карактеристики и улогата на институциите во структурата на ЕУ. Посебно беше разработено прашањето за начинот на функционирање за Советот на министри,како подготовка за симулацијата што следуваше и која беше насловена како „”Чоколадна битка”.

“Чоколадна битка”, всушност претставуваше симулација на вистинска седница на Советот на министри на која се одлучува за поставување стандарди за производство на чоколадо во ЕУ. Симулацијата траеше час и половина и имаше за цел да им овозможи на учениците да се запознаат со начинот на одлучување во ЕУ преку симулирање на конкретен,реален пример.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: