Оваа недела, Мофовското културно лето продолжува со гледање на тарот карти. „Cult + Alt + Repeat“ преку дружба и забава ќе ѕирне во иднината испишана од шпилот карти на Нате.
Во четворток, 12 август, во дворчето на МОФ и РадиоМОФ ќе се дружиме со Нате која од 18 и 30 часот ќе го прогласи шпилот тарот карти за отворен.
Сонце или месечина, „Љубовниците“ или Ѓаволот – која карта ќе ви се погоди зависи од вашето присуство, а богами и судбината.
Тарот карти се посебни карти кои се користат за предвидување. Овие карти во Европа се појавиле во доцниот 14ти век. Првиот запис за постоењето на овие карти е пишана изјава за рекорди во Ферара, во 1442 година, иако нивното потекло не е точно прецизирано.
А во четврток, мистеријата ќе продожи во дворчето на МОФ.