Да дискутираме за дебата [Let’s discuss debate]

Период на реализација: февруари – август 2013

Донатор(и): Совет на Европа

Краток опис на проектот: Проектот “Let’s discuss debate”  е дизајниран за да се приближи до суштината на тоа што и на каков начин придонесува дебатата во развивање на вештините за активно граѓанство и вредностите на глобалната едукација и човековите права. Преку овој проект партнерските организации одлучија да ги вклучат младите лидери во критична проценка на активноста која тие ја подржуваат и култивираат.

Проектните активности вклучуваат: истражување кое цели да ги измери вредностите и вештините на активното граѓанство, спроведено на различни групи и да се обидат да одредат на кој начин дебатата влијае на младите луѓе во нивната социјализација во културата на човекови права и глобално граѓанство.

Проектниот тим го сочинуваат млади луѓе од четири партнерски држави кои редовно соработуваат во организирањето на интернационални дебатни активности и високо ги вреднуваат дебатата и критичкиот дијалог.  Во тимот се вклучени членови на:

Youth Educational Forum Macedonia
Croatian Debate Society HDD
Romanian Asssociation for Thinking and Oratory ARGO

Проектот е воден од страна на:
Pro et Contra, Institute for Culture of Dialogue

Проектот е поддржан од Европската Младинска Фондација на Советот на Европа

Сподели