Погледнето го видеото креирано во рамки на проектот Free2Choose, спроведен од Младински образовен форум во соработка со Anne Frank House од Холандија, a поддржан од UNDP. Видеото е изработено од средношколци кои учествуваа на тренинг за човекови права и видео активизам и има за цел да отвори дискусија меѓу младите за општествените појави кои резултираат со дискриминација и кршење на основните човекови права.
Што мислите, дали на медиумите треба да им биде дозволено да користат навредлив говор против хомосексуалците?