Младински образовен форум (МОФ) ве поканува на јавна дебата која ќе се одржи утре (26 јуни) во ЕУ Инфо центарот како дел од програмата за одбележување на Меѓународниот ден против употребата на тортура.
Теза: Употребата на тортурата во исклучителни ситуации е оправдана.
Дебатата ќе започне во 11.00 часот, а ќе учествуваат дебатери од Младински образовен форум. Гостите на дебатата ќе може да се вклучат во блокот за прашања и коментари.
Меѓународната легислатива и националните законски мерки за уредување на оваа проблематика произлегуваат од консензулното разбирање на тортурата како неморална и непрактична алатка, но сепак Amnesty International проценува дека повеќе од осумдесет влади ширум светот се користат со оваа мерка, а неколку влади отворено ја признаваат оваа информација.
Дали употребата на торурата може да обезбеди мир и стабилност во државата? Дали употребата на тортура треба да биде одговор на растечкиот тренд на закани кон западниот свет? Дали треба државата да прејде преку правата на индивидуалецот за да ги заштити правата на мнозинството?
Дебатата ќе ги адресира овие прашања и ќе се обиде ги потенцира принципите и вредностите кои треба да се заштитат или пак се кршат преку употребата на тортурата. Преку оваа дебата настојуваме да го подобриме разбирањето на оваа тематика, како и да придонесеме за зголемување на свеста за постоечките законски алатки за заштита на жртвите од тортурата.
По завршувањето на дебатата гостите ќе може да ја погледнат меѓународната изложба на тема „Човекови права“ која ја организира делегацијата на Европската унија во соработка со Унгарската амбасада.